ИДФ: Центрите за помош во Газа денеска се затворени, пристапот до областа е борбена зона


По извештаите дека израелските сили убиле луѓе во близина на место за дистрибуција на храна во Газа, сите центри за помош во енклавата денеска остануваат затворени, соопшти израелската војска. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ)Авичај Адраи на X соопшти дека објектите ќе останат затворени поради „работи на реновирање, организација и подобрување на ефикасноста“, цитирајќи ја […]

Зеленски ја предупреди Европа за планови на Русија во Белорусија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на заканата што ја претставува Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко важи за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. – Прашајте ги вашите разузнавачки служби што планира Русија ова лето во Белорусија, изјави Зеленски вчера во Вилнус, Литванија. Неговиот коментар дојде откако владата во Минск соопшти дека стратешките воени вежби […]

Отворање Спомен соба и промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј


Во Музејот на РС Македонија денеска ќе биде отворена Спомен соба и ќе се одржи промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија. Како што наведуваат од Музејот, во спомен собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот […]

Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија


 Воените вежби на НАТО во Балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко. – Воената активност на НАТО ја оценуваме како дел од подготовките за воени конфликти со Русија, рекол Грушко, пренесе Тас. – Ако го погледнеме фокусот на овие вежби, […]

Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ на Центарот за култура на турската заедница


Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, ќе биде отворена вечер со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку […]

Новиот јужнокорејски претседател: Изборите беа „судниот ден“ за воведувањето воена состојба


Новиот претседател на Јужна Кореја Ли Џе-Мјунг изјави дека изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето на воена состојба од страна на поранешниот претседател Јун Сук-Јеол и неговата Партија на народната моќ, која не го спречи во тоа. Победата на вчерашните вонредни избори на Ли, кој вети дека ќе ја изведе земјата од политичката криза и […]

Промоција на поштенска марка за 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик


По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик денеска ќе се одржи промоција на јубилејна поштенска марка. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на промоцијата што ќе се одржи во Порта Македонијаќе се обрати ресорниот министер Зоран Љутков.

Книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ од Петар Андоновски


Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе се одржи книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ со писателот Петар Андоновски. Како што стои во соопштението на српскиот културно-информативен центар „Спона“, на настанот свои видувања ќе дадат лекторката по скрпски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Јелена Макевиќ, преведувачката Милена Илиќ, како […]

Јавна презентација во Јуроп хаус Скопје на Еразмус+ проектот „Патеки до креативни кариери“


Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ од Скопје, денеска во „Europe House“ Скопје, ќе одржи јавна презентација на европскиот проект „Pathways to Creative Careers / Патеки до креативни кариери (P2CC)“. Како што информираат од Здружението, презентацијата ќе понуди увид во целите, методологијата и досегашните резултати на проектот на Еразмус+, […]

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, […]

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе гласа за Извештајот на Вајц за земјава


Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешната седница треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.   Во документот се потсетува на потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се забележува дека […]

Сончево и топло, температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје […]

Стапува во сила уредбата на Трамп за двојно зголемување на царините за железо и челик


Американските царини за поголемиот дел од увезеното железо и алуминиум ќе се удвојат денес, на ден кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат царини за други стоки на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша извршна наредба со која денес стапува во сила изненадувачката најава од […]

Маск бесен поради законот на Трамп: „Одвратен и чуден“


Илон Маск изгледа дека се сврте против претседателот Доналд Трамп и остро го критикуваше неговиот „одличен, прекрасен закон“ како скандалозен, полн со корупција и чуден, гнасен, пишува The Independent. Осудата доаѓа само неколку дена откако технолошкиот могул ја напушти Белата куќа. „Жал ми е, но едноставно повеќе не можам да го поднесам овој скандалозен, чуден, […]

Наредната недела ќе се формира Координативно тело, официјално почнува реализација на Договорот со Велика Британија


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија за партнерство за остварување на инфраструктурни проекти. -Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија. Министерството за финансии ќе започне процес […]

Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико


Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и две малолетни лица, а 22 се повредени во автобуска несреќа во близина на градот Валахуисес, во мексиканската држава Нуево Леон, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 3:40 часот кога автобусот се превртел на националниот автопат, кој е затворен за сообраќај во двата правци, се наведува во краткото […]

Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг подоцна овој месец, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит. Зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, таа изјави дека Белата куќа не била запознаена со намерата на Украина да почне голем напад со дронови врз воени аеродроми во Русија за време на […]

Момче (12) на електричен тротинет загина во полициска потера во Брисел


Дванаесетгодишно момче почина во Брисел откако беше удрено од полициско возило за време на полициска потера. Белгиското јавно обвинителство објави дека момчето се обидело да избега кога полицајците се обиделе да го сопрат на електричен тротинет. Полицијата се фатила за потера, а сè завршило трагично во блискиот парк. Според белгиската агенција Belga, детето било удрено […]

Филхармонија на концерт со учениците и студентите од музичките училишта и факултети


„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од  А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. […]

Сертифицирани инструктори од Велика Британија започнаа тридневна обука со ДПД ,,Пехчево”


Сертифицирани инструктори од Велика Британија, три дена ќе ги обучуваат членовите на Доброволното противпожарно друштво ,,Пехчево”. Обуката ја спроведува тим од организацијата “Операција Флоријан” од Велика Британија, која е добро позната во Источниот регион по неколку десетина донации во возила и опрема за противпожарните служби. -Денеска е прв ден на тридневната обука на членовите на […]