Први анкети за излезност: Социјалистичката партија убедливо води на изборите во Албанија


Според првите анкети од гласањето објавени од Албанската пошта и Клан Косова, победник на парламентарните избори во Албанија е Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која освоила 79 мандати. На второ место е коалицијата собрана околу Демократската партија на чело со Сали Бериша, со освоени 54 пратенички места. Политичките партии се уште не ги објавија […]

Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство


Избраниците на Кире Лазаров вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје“ ја совладаа репрезентацијата на Литванија 26:17 (13:11) и изборија пласман на 17. Европско првенство што ќе се игра во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Литванците одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 0:4. Македонија ја стабилизира играта и почна да ја […]

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава


Едностраното признавање на палестинска држава ќе го натера Израел да преземе „еднострани мерки“, предупреди израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар по средбата со неговиот германски колега Јохан Вадефул во Ерусалим. – Секој обид за еднострано признавање (…) само ќе ги наруши идните можности за билатерален процес и ќе нѐ принуди на еднострани мерки како […]

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир


Индиските напади на пакистанска територија и на делот од Кашмир под контрола на Пакистан резултираа со ликвидација на над 100 екстремисти, вклучувајќи команданти, изјави денеска командантот на индиските воени операции, генерал-потполковник Раџив Гај. Висок индиски воен претставник соопшти дека вооружените сили погодиле девет објекти, вклучувајќи локации на групата „Лашкар-е-Таиба“, која Индија ја обвинува за терористички […]

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата


Илјадници луѓе денеска протестираа во Париз против зголемената исламофобија во Франција, оддавајќи почит на Абу Бакар Сисе, млад човек од Мали, убиен во џамија во јужна Франција кон крајот на април. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Расизмот почнува со зборови, а завршува како Абу Бакар“ и извикуваа „Не на исламофобијата“. На протестот учествуваа претставници […]

Барселона се приближува кон титулата во Шпанија по големиот пресврт против Реал Мадрид во „Ел Класико“


Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“. Екипата на Ханси Флик направи голем пресврт против својот голем ривал откако заостануваше со 0:2 во 14-тата минута. Во петтата минута од судиското продолжение, Фермин Лопез го постигна петтиот гол за Барселона, но по прегледот се […]

Еј-Би-Си Њуз: Трамп добива златен „Ер Форс Уан“ од Катар, планира да го задржи


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе добие еден од највредните подароци некогаш дадени на американската држава – луксузен авион „Боинг 747-8“, познат како „летечка палата“, кој ќе стане негов нов „Ер Форс Уан“. Според „Еј-Би-Си Њуз“, авионот е подарок од кралското семејство на Катар, а неговата испорака се очекува за време на претстојната посета на […]

Нетанјаху ги пофали „одличните односи“ со Берлин за време на посетата на Вадефул


 Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат откако ја презеде функцијата. За време на средбата со претставници на двете земји во Ерусалим, Нетанјаху изјави дека Израел и Германија имаат „одлични односи“ и дека сакаат да продолжат да ги развиваат. – Имаме многу заеднички интереси, многу заеднички […]

Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 


Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, на денешната трибина „За Европа сега и одма“, која што се одржа во Куманово, во организација на Социјалдемократската младина на […]

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата


Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава на Фејсбук, тој нагласи дека пратениците треба да ги исполнат обврските не само кон еврозоната, туку и кон демократијата и бугарскиот народ. Радев […]

Инџиково добива градинка за 48 деца


Општина Гази Баба ќе добие нова градинка во населба Инџиково, која се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот Бобан […]

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници


Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од […]

Наскоро скопјани ќе имаат можност да се возат со градски воз, тврди Мицкоски


Mногу скоро скопјани и жителите на приградските населби околу Скопје ќе можат да го користат „Градскиот воз“ во Скопје, се надева премиерот Христијан Мицкоски. Според него, се работи за квалитетен проект на Министерството за транспорт којшто претставува чекор напред кон реформа во системот. „Тоа е уште еден чекор напред кон реформа во системот, реформа во […]

Ја саботираат струјата во штипската модуларна болница – може да избие пожар


Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев, објави дека во модуларниот објект, намерно се оштетува струјата во неколку наврати. Тој посочува дека случајот е загрижувачки и станува збор за сериозна закана. „Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип! Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат […]

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент


Во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) уште еднаш ја потврди својата заложба да биде универзитет кој не само што ќе пренесува знаење, туку и ќе го обликува начинот на кој што општеството размислува, делува и се развива. На свечениот настан, протекторката за настава и претседателката на Одборот на директори, […]

Париз го поддржува барањето за ревизија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел


 Барањето на Холандија за ревизија на договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел е праведно, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Тој повика Европската комисија да го разгледа прашањето, бидејќи хуманитарната помош не стигнува до Газа повеќе од два месеца. Холандската влада, која се смета за еден од најлојалните сојузници на […]

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија


Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што и укажува популарното „емоџи“ во […]

Уредување на детски и спортски игралишта во Општина Аеродром


Општина Аеродром и денеска, недела, интензивно работи на уредување на нови детски и спортски игралишта на неколку локации во општината. Населбите Мичурин, Острово, Горно Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Ново Лисиче, паркот „Бановина”, се само дел од локациите, а наскоро започнуваме со изградба на неколку нови детски игралишта и паркови. Нашата цел е секое маало […]

Вонредна состојба во Каталонија поради токсичен облак, повеќе од 150.000 луѓе се ставени во карантин


Опасен токсичен облак се формирал по пожарот во фабриката за хемикалии за базени во Виланова и ла Гелтру, што доведе до тоа шест градови во Каталонија да бидат ставени во карантин во саботата, соопштија шпанските власти. Пожарот избувнал околу 2:20 часот наутро во саботата во компанијата „Клим Вотерпул“, специјализирана за производи за чистење базени. Зградата […]

Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари


Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Тараври, на која ќе биде сумирано се што е направено. -Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу […]