Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански […]

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник


 Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште четири лица. Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени три лица. Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на […]

Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“


Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“. Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен рече дека таканаречениот план за „доброволна миграција“ предложен од Трамп се следи и понатаму. Од февруари, Трамп повеќепати повикува на „преземање“ на Газа […]

Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ќе гласа по извештаите за Црна Гора и Молдавија за 2023 и 2024 година на известувачите Марјан Шарец, односно Свен Миксер.  На ова заседание, членовите на АФЕТ требаше да се изјаснат и по извештајот за земјава на известувачот Томас Вајц, но гласањето е одложено поради, како […]

Си: Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари


Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка, првпат минатата година се искачи на повеќе од 500 милијарди долари, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на Форумот Кина – ЦЕЛАЦ (The Community of Latin American and Caribbean States). Си во говорот на Форумот во Пекинг со претставниците на Заедницата на земјите од Јужна Америка и Карибите наведе […]

Без струја делови од Кисела Вода и Сарај


 Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај.  Како што информира утринава Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, во периодот од 08:15  до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селото Кондово пред […]

Со интерактивната танцова претстава „Myselves“ завршува „Танц фест“


Со интерактивната танцова претстава „Myselves“ на француската група „K-Danse“ вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде затворено 21. издание на Танц Фест реализирано во соработка со Францускиот институт во Скопје. Како што стои во соопштението на Францускиот институт во Скопје, танцовата претстава е дијалог меѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, која ги вкрстува современиот танц […]

Изложба „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ во македонскиот КИЦ


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб денеска ќе биде отворена изложба на македонската графичарка Менче Спировска, насловена „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“.  Како што информираат од македонскиот КИЦ во Загреб, изложбата се реализира во рамки на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметност и занаети – Загреб, каде ќе бидат […]

Кос: Инструментот за реформи и раст може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан


 Со своите шест милијарди евра Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан е главен механизам за забрзување на економската конвергенција на земјите од регионот во ЕУ, уште пред нивното зачленување во блокот, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на размена на мислења за Инструментот со членови на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) […]

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на Економскиот и финансиски дијалог на ЕУ и партнерите во Брисел


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Брисел учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и регионалните партнери, на кој присуствуваат претставници на членките на Унијата и на земјите од Западниот Балкан, на Грузија, Молдавија, Турција и на Украина.  Економскиот и финансиски дијалог е годишен состанок на ЕУ и партнерите посветен на […]

Измените на законите за основно, средно и високо образование пред матичната собраниска комисија


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање.  Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе […]

Облачно со повремен локален дожд, наместа пороен со грмежи и силен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со […]

Хамас ослободи израелско-американски заложник во гест на добра волја кон Трамп


  Хамас во понеделникот ослободи израелско-американски војник кој беше држен како заложник во Газа повеќе од 19 месеци, нудејќи гест на добра волја кон администрацијата на Трамп што би можел да ги постави темелите за нов прекин на огнот со Израел. Израелската војска потврди дека 21-годишниот Еден Александар е предаден на Црвениот крст, а потоа […]

Македонија треба да се угледа на Швајцарија и Ел Салвадор за да просперира, смета Крис Павловски


Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате многу просперитет во државата. Можете да станете следна Шавајрација за идните генерации. Можам да помогнам со вработувања, да донесам бизниси или инвестиции. Мислам дека Македонија не треба толку […]

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година


Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди денеска Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) по жалбата поднесена од Холандија и Австралија. Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на […]

Шесте Бугари кои биле руски шпиони во Британија осудени на долги казни


  Шест Бугари денеска беа осудени на долги казни за шпионажа за Русија во Велика Британија Орлин Русев (47), кој беше водач на групата и се изјасни за виновен, беше осуден на 10 години и осум месеци за неговата улога во извршувањето на шест „софистицирани“ операции што ја загрозија националната безбедност и безбедноста на јавноста. […]

Заврши пиењето кафиња – партијата на Таравари конечно оди во опозиција


  Крилото на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари конечно реши да ја прекине политичката сапуница околу неговото останување во владата на Христијан Мицкоски и врвот на партијата вечерва одлучи да излезе од кабинетот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Таравари претходно најави дека ќе излезе и од четиричлената албанска коалиција „Вреди“, а неговите тројца партнери му […]

Новиот мандат на Трамп е причина зошто Македонија не оди кон ЕУ, тврди Билал Касами


  Владината коалиција го најде новото оправдување за закочените европски интеграции – новиот мандат на американски претседател Доналд Трамп. Поради политиките на Трамп и редифинирањето на американските геополитички позиции, ЕУ не можела да се фокусира на проширување, бидејќи сега самата го барала своето место во светот. Тоа во емисијата „360 степени“ на МРТ го тврдеше […]

Пет знаци на пролетен недостаток на магнезиум во организмот


Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, а со тоа расте и нашата желба за свеж почеток, повеќе енергија и подобро здравје. Меѓутоа, токму во овој период, телото често се соочува со скриени нутритивни предизвици, од кои недостатокот на магнезиум е еден од најчестите, но и најмалку препознаени. Пролетта, иако симбол на обновување, носи и […]

Анчелоти е нов селектор на бразилската репрезентација, заминува од Реал Мадрид на крајот од сезоната


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната за да ја преземе репрезентацијата на Бразил, објави денес Бразилската фудбалска конфедерација. Анчелоти ќе го преземе Бразил на 26 мај, денот по завршувањето на шпанското првенство. Тој ќе ја предводи репрезентацијата барем до крајот на Светското првенство во 2026 година во […]