До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст


Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи.  Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.  УХМР  за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до […]

Почина Благоја Сотировски-Џагуре, основоположник на бонсаи-културата и трикратен шампион на Македонија во шах


Почина Благоја Сотировски-Џагуре, основоположник на бонсаи-културата и трикратен шампион на Македонија во шах, најмладиот со оваа титула во земјава што првпат ја освои како 19-годишник. Имаше 93 години. Сотировски првата шаховска шампионска титула ја освои во 1951. Негови први противници биле легендите на македонскиот шах од периодот пред Втората светска војна, меѓу кои и Павле […]

Том Круз во Скопје – премиера на „Невозможна мисија…“ шест дена пред целиот свет


Осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија: Финална одмазда“ пристигнува во Cineplexx шест дена пред целиот свет. Вечерва во 18 часот е македонската премиера, полна со забава и активности. Од утре филмот кој во средата имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, е на редовниот репертоар на Синеплекс. 62-годишниот актер присуствуваше во Кан и на црвениот килим, […]

Пратеникот на Трамп ја откажа посетата на Русија откако Путин одби да разговара за прекин на огнот


  Специјалниот претставник на САД за Украина, Стивен Виткоф, планирал да ја посети Русија оваа недела за петтата рунда разговори со Владимир Путин, но ја откажал својата посета, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на три извори запознаени со ситуацијата. Според нив, одлуката е донесена откако руските претставници го информирале Вашингтон дека Путин нема намера да […]

Турската компанија „Шахтерм“ почна да гради фабрика во зоната во Скопје


  Со поставување камен темелник денеска беше означен стартот на инвестицијата на турската компанија за произведство на грејачи и отпорници за бела техника и електрични апарати „Шахтерм“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Скопје.  „Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е оваа инвестиција да […]

И агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД


  Службата за рангирање на Мудис во петокот соопшти дека го намалува кредитниот рејтинг на САД како одговор на зголемувањето на државниот долг во текот на изминатата деценија и зголемените каматни плаќања, што е удар за администрацијата на Трамп што би можело да ги зголеми трошоците за позајмување. Намалувањето на рејтингот, кое ги става САД […]

17 мај во историјата – Џеронимо, водачот на Апачите, избега од резерватот во Аризона предизвикувајќи паника


  По втор пат во две години, водачот на Апачите, Џеронимо, на 17 мај 1885 бега од резерват во Аризона, предизвикувајќи паника меѓу доселениците. Познатиот лекувач (врач), Џеронимо постигна национална слава со тоа што беше последниот американски Индијанец кој формално се предаде на Соединетите Држави. Речиси 30 години, Џеронимо и неговите следбеници се спротивставуваа на […]

Салвадор во Македонија


Има една чудесна реплика во култниот филм „Третиот човек“ на Керол Рид, едeн мрачен трилер од 1949 година, чие дејство е сместено во Виена окупирана од сојузниците. Орсон Велс, „третиот човек“, криумчар на пеницилин, му го кажува ова на Џозеф Котен во темните улици: „Впрочем, не е толку страшно. Знаеш што рече човекот – во […]

Брзата пруга до Гевгелија една од клучните инвестиции во договорот со Британија


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда  оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина. На заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон беа презентирани придобивките од […]

Врховниот суд го блокираше обидот на Трамп за депортации според закон од 1798 година


  Врховниот суд на САД го отфрли барањето на администрацијата на Трамп за отстранување на привремената блокада за депортација на Венецуелци според ретко користен закон за време на војна од 18. век. Со два гласа против, судиите дејствуваа по итна жалба од адвокатите на венецуелските мажи кои се обвинети дека се членови на банди, ознака […]

ВМРО-ДПМНЕ ги напаѓа судиите за пресудата за модуларната болница


  Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно обвини дека македонските судии се ставиле во служба и во корист на избрани лица во политиката. „Судската пресуда за Модуларната болница во Тетово, не е во служба за задоволување на правдата, таа единствено е во служба и во согласност со волјата на Венко Филипче и Али Ахмети. Ниска и […]

Се појави аудио запис за „слабата меморија“ на Бајден за време на интервју


  Според аудио записот, поранешниот американски претседател Џо Бајден се мачел да се сети на клучните пресвртници од сопствениот живот за време на интервјуто пред две години со истражител на Министерството за правда. Снимката добиена од политичкиот медиум „Аксиос“ покажува дека демократот изгледа имал проблеми со сеќавањето на годината кога ја напуштил функцијата потпретседател или […]

Од овации до ѕвездено небо: „К-15“ не насмеа до солзи на јубилејното шоу во Скопје


Празни беа улиците во Македонија кога  се емитуваше на ТВ култното хумористично шоу „К-15“ во текот на 90-тите, се до 2013 година, а синоќа, на првиот од трите јубилејни концерти, арената „Борис Трајковски“, беше преполна со фанови и љубители на добрата сатира и хумор, која уште се имитира и се прераскажува од генерација на генерација, […]

Сиљановска побарала од австриската министерка да заврши македонскиот маратон кон Брисел


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајсингер, укажала на потребата да заврши македонскиот маратон кон Брисел, условен од билатерализацијата на процесот на евроинтеграција и двојните стандарди за членство. Сиљановска напоменала дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, со над 50 компании во државава. Таа го […]

Во руски напад на цивилен автобус убиени девет лица


  Девет лица беа убиени во напад со руски дронови врз минибус што превезувал цивили во северниот украински Сумски регион во саботата, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година. Автобусот, кој беше нападнат во близина на градот Билопиља додека се движеше кон […]

Најмногу дожд во Крушево


Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 41 литар на метар квадратен. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се регистрирани 26 литри дожд во Охрид, 24 во Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, […]

А сега, големото финале на Евросонг 2025 (во живо)


Немо го скрши „Кодот“ и ја врати Евровизија во Швајцарија. Вечерва, од 21 часот, на големото финале на Евровизија, ќе биде време да се најде нов шампион. И едвај чекаме да откриеме кој ќе го подигне трофејот! На Хејзел и Сандра во големото финале ќе им се придружи и третата водителка, Мишел Хунцикер, која е […]

Во Белград свечено отворен македонскиот Културно-информативен центар


Во Белград вечерва свечено беше отворен Македонскиот културно-информативен центар, во присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ. На отворањето свое обраќање имаа директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран […]

ВМРО-ДПМНЕ негира дека во документот со Британија има договор за камп за мигранти


  Партијата ВМРО-ДПМНЕ, а не Владата, вечерва реагираше отфрлајќи ги наводите во медиумите дека во догoворот за стратешко партнерство со Велика Британија можно е и да претпоставува отворање камп за мигранти во Македонија. Партијата овие дилеми ги нарече „апсурни и злонамерни дезинформации“. Во соопштението, меѓу другото, се вели: „Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство […]

Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК


Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот. Првиот од двата натпревари за трофејот во третото по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе се игра во Атина в недела, додека реваншот во Скопје е на програмата на 25 мај. […]