Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов прв ја носи на нога


Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да има затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор. Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава има 2.300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите […]

И Арбен Фетаи сака да биде горд


  Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција. Во писмо испратено до медиумите Фетаи им се обраќа на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, во кое вели дека тие не се само поддржувачи на партија, […]

Муртезани гледа голем револт во партијата на Таравари, очекува нејзино ситнење


Министерот за европски прашања од редовите на коалицијата ВЛЕН, Орхан Муртезани, вели дека според информациите на коалицијата, незадоволството и револтот кај функционерите и поддржувачите на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ќе продолжат и понатаму. Тој ова го кажа откако пратеникот од редовите на Алијанса, Салим Сулејмани, објави дека поднесува оставка од сите партиски […]

Убиена уште една млада инфлуенсерка: Што се случува?


Убиството на 22-годишна манекенка и инфлуенсерка во Колумбија предизвика шок низ земјата и повлече паралели со убиството на мексиканска инфлуенсерка минатата недела, истакнувајќи ги високите стапки на фемицид во Латинска Америка. Марија Хозе Еступинан, универзитетска студентка од североисточниот колумбиски град Кукута, во близина на границата со Венецуела, беше убиена на 15 мај, според Магда Викторија […]

Мицкоски за СДСМ: Не може да не чини се што правиме


Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може […]

Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за руско-украинската војна


Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина Кит Келог изјави дека Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за решавање на руско-украинската војна и откри што подразбира првата точка. Тој во објава на мрежата „Х“ посочи дека се работи за „сеопфатно примирје“. Според неговите зборови, во Истанбул американскиот државен секретар Марко Рубио „јасно ставил до […]

Овие родителски навики можат да ја нарушат самодовербата на децата


Самодовербата кај децата не се развива преку ноќ, туку се гради преку секојдневни интеракции, поддршка и чувство на сигурност што детето го добива од своите родители. Иако повеќето родители го сакаат најдоброто за своите деца, одредени навики можат да ја нарушат самодовербата на детето. Наместо да се чувствува ценето онакво какво што е, детето почнува […]

Умеренета десница победи на изборите во Португалија, но крајната десница е таа што слави


  Владејачкиот централнодесничарски Демократски сојуз (АД) победи на третите предвремени општи избори во Португалија за три години – но повторно не успеа да освои мнозинство – додека социјалистите со слаби резултати останаа да се борат за второто место со крајно десничарската партија Шега, која освои рекордни 22% од гласовите. Со преброени 99 отсто од гласовите, […]

Тетовец возел 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час


Вчера, во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово тој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на […]

Анализа: Зошто Израел ги освои гласовите на публиката на Евросонг 2025 ? 


Базел -Австрискиот пејач Џеј Џеј победи на Изборот за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија,  и во последен момент ја победи фаворитката Јувал Рафаел од Израел која заврши втора. Што ќе беше ако Израел победеше, во вакви гео-политички услови? Дали ЕБУ ќе дозволеше натпревар, и дали земјите-учеснички ќе го бојкотираа настанот кој годинава беше со […]

Повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик


Општина Центар ги поканува сите креативци, уметници и културни здруженија од територија на Центар да учествуваат во новиот јавен повик за изработка на мини мурали и графити на јавни простори. Овој повик е дел од Програмата за култура за 2025 година и има за цел да го разубави визуелниот изглед на општината и да го […]

Нов препев на поезијата на Мајаковски на македонски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски


 Во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“, како трета книга во едицијата „Колоси“ деновиве од печат излезе книгата „Песни“ од Мајаковски во избор и препев на Славе Ѓорѓо Димоски.  За разлика од досегашните преводи и препеви на тој значаен руски и советски поет, во овој избор се застапени песни од неговиот рана творечка фаза и […]

Путин очекува до крајот на годината да има целосна контола на окупираните региони во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин е уверен дека руската армија може да ја пробие одбраната на Украина и целосно да ги освои четирите делумно окупирани региони до крајот на годината – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, изјавија за Блумберг извори блиски до Кремљ. Според нив, Путин е подготвен за долготрајна војна доколку тоа е потребно […]

САД планираат нов удар врз Русија, Стуб: „Трамп станува сè понетрпелив со Путин“


Американскиот претседател Доналд Трамп станува сè понетрпелив со Русија додека се обидува да преговара за прекин на огнот во војната во Украина, изјави финскиот претседател Александар Стуб. Коментарите на Стуб доаѓаат по разговорот со Трамп на 17 мај и одделен разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ако се собере, може да се каже дека Зеленски […]

ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ: Влада на поделби и порази


Во време кога граѓаните очекуваа резултати, стабилност и достојна европска перспектива, Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот национализам што го јавнаа за време на изборите, и веќе цела година нуди само пропаганда, поделби, понижување и неуспех, велат од ДУИ во соопштение. „Со ова, безмалку веќе цела година, државата наместо да се движи напред, […]

Милан нема да игра во европските натпреварувања за прв пат од 2019 година


Во 37. коло во италијанското фудбалско првенство, Милан загуби на гостувањето кај Рома со 3:1. По овој пораз „Росонерите“ ги загубија сите шанси за учество во европските натпреварувања за прв пат по 2019 година.  Претходно, италијанскиот фудбалски гигант прв пат ја пропушти Лигата на шампионите во сезоната 2020/21. Пред одигрувањето на последното коло во Серија […]

„Охрид SOS“: Проектот за пренасочување на Сатеска е толку лош што ќе доведе до спротивен ефект


Проектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито  е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот, односно „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“. Така тврдат активистите на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид SOS“, според кои негрижата […]

МВР со апел за безбедни матурски прослави


 „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР, сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните […]