Снимка од Мицкоски за „Скај њуз“: Не е подготвен да каже „не“ за мигрантите пред средбата со Стамер (видео)


Ексклузивна досега не објавена изјава од Христијан Мицкоски за британски Скај Њуз до која дојде Инфомакс покажува дека премиерот не е подготвен отворено да каже НЕ на мигрантските кампови и барањата на Велика Британија, односно премиерот Кир Стармер. Во видеото снимено пред средбата на Мицкоски со Стармер, премиерот вели дека се уште не разговарал во […]

Алкалоид пред полни трибини ќе го пречека АЕК во реваншот на Европскиот куп


Нема повеќе билети за историското финале на РК Алкалоид кој в недела ќе го пречека АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп. – Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот. Вашата поддршката многу […]

Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа


Рим- Папата Лав Четиринаесетти денеска повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа. „Го обновувам мојот апел да се дозволи влез на хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, истакна папата за време на аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим. […]

Осумминутни овации во Кан за францускиот трилер со Џоди Фостер


Кан – Џоди Фостер, со широка насмевка, ја прегрна режисерката Ребека Злотовски на Канскиот филмски фестивал во вторник вечерта додека „Vie Privée“ доби импресивни осумминутни овации. Публиката бурно аплаудираше за Фостер дури и додека актерката постојано покажуваше кон Злотовски, како да ја потсетува публиката дека ова е моментот на режисерот да ужива во аплаузот. „Vie […]

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип


Во 11:25 часот нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Штип, од крстосница кај с.Крупиште до крстосницата кај с.Спанчево, соопшти АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 09:15 часот поради потреби на МВР. Сообраќајот беше пренасочуван по стариот пат.

Еден од кандидатите кои се спомнуваа во јавноста ќе биде гувернер на НБРМ


Престедателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но оти јавоста ќе го дознае неговото име откако предлогот ќе биде испратен до Собранието. – Никогаш не се кажува прво во јавноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам […]

Режисерката Скарлет Јохансон со петминутни овации во Кан за „Елеонора Велика“


Кан- Скарлет Јохансон направи голем впечаток во Кан со нејзиното режисерско деби „ Eleanor the Great“. Во конкуренција за Un Certain Regard , филмот – во кој глумат Џун Сквиб, Чиветел Еџиофор и Ерин Келиман – им донесе петминутни овации на Јохансон и нејзината екипа во вторникот. Јохансон беше придружувана од нејзиниот семоќен агент и […]

Сиљановска: ЕУ без принципи е здружение за моќ


На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема. Вредностите и принципите се вградени во вашите конститутивни акти, дека ќе го почитувате културниот […]

Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h


 Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР. Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд […]

Таравари отиде по рејтинг во Тирана


Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска оствари официјална средба во Тирана со премиерот на Албанија, Еди Рама, по последната победа на Социјалистичката партија на парламентарните избори, пренесува Zoom.mk. Преку објава на социјалните мрежи, Таравари сподели фотографија од средбата, придружена со описот: „Со најевропскиот премиер во моментов, или како што се вели насекаде во […]

Муцунски ќе отвора амбасада во Ријад


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска телефонски разговарал со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд. – Во разговорот ја нагласивме заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор го истакнав отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што […]

Почина актерот Џорџ Венд од комичната сеија „Кафулето на здравје“


Почина американскиот актер Џорџ Венд, еден од главните ликови во комичната серија „Кафулето на здравје“  (Cheers) од 1980-тите, а кој подоцна направи театарска кариера на Бродвеј во мјузиклите „Уметност“, „Лак за коса“ и „Елф“. Имаше 76 години. И покрај долгата кариера, тој остана познат по ликот на Норм Петерсон во „Кафулето на здравје“, улога со […]

Тенкови „Леопарди“ и „Апачи“ хеликоптери ќе вежбаат на Криволак


Тенкови Леопард 2А6, хеликоптери Апачи AH-64, Хамви возила, JLTV оклопни возила и разна друга опрема и средства ќе бидат користени на воениот полигон Криволак, во рамките на вежбата во која ќе учествуваат над 2000 воен персонал од 7 земји членки на НАТО и две партнерски земји. Македонија ќе биде домаќин на воената вежба “Immediate Response […]

Калас: ЕУ финансиски ќе го помогне опстанокот на Радио Слободна Европа


 Високата претставничка за надворешна политика Каја Калас најави дека Европска Унија подготвува договор во висина од 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија со цел да се поддржи работата на Радио слободна Европа. – Тоа е краткорочно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство, посочи Калас по синоќешниот состанок на Советот за […]

Љутков: Ние не го чуваме само делото на светите браќа – ние го живееме нивното наследство


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј. Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици. „Реализацијата на Генералната […]

Се предлагаат видео снимки на кои Жежовски наводно бил жив – иако бил убиен претходно


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со изнесување дополнителни докази, меѓу кои снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање. На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е […]

Иранскиот парламент одобри договор за стратешко партнерство со Русија


Иранскиот парламент одобри договор за 20-годишно стратешко партнерство со Русија, објавија државните медиуми. Договорот, кој на 17 јануари го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, предвидува продлабочување на билатералните односи, вклучително и поблиска соработка во одбраната. Иако не содржи клаузула за меѓусебна одбрана, во документот се наведува дека двете земји ќе […]

Кина ги повика САД да се откажат од развојот на глобалниот противракетен систем


Кина изрази загриженост поради американскиот проект за изградба на противракетениот штит „Златна купола“ и го повика Вашингтон да се откаже од неговиот развој и распоредување, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера објави дека е избран архитектонскиот проект за системот за противракетна одбрана „Златна […]

Рубио: Сирија може да се соочи со граѓанска војна од епски размери


Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде само неколку недели од „целосен колапс и разорна граѓанска војна од епски размери“. На сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги укине санкциите […]