Лавров отфрла „безусловно примирје“ со Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина и покрај притисокот од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, пренесува агенцијата Анадолија. Зборувајќи пред студентите на Руско-ерменскиот универзитет во Ереван, главниот град на Ерменија, Лавров рече дека на Украина не треба […]

Околу 90 камиони со помош влегле во Газа


Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот, јави Тајмс од Израел повикувајќи се на палестински медиуми. Во изминатите два дена, камиони влегуваа на палестинската страна на преминот Керем Шалом, но имаше доцнење во дистрибуцијата на помошта во рамките на Појасот. ОН вчера […]

Реакции на Херцог и Трамп за убиството во Вашингтон


Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека е „скршен“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон. – Ова е гнасен чин на омраза, на антисемитизам, напиша тој на X. „Нашите срца се со најблиските на убиените, а нашите молитви се со повредените.“ Тој додаде дека ја испраќа својата „целосна поддршка“ на персоналот во […]

Партија на пензионери: Да се прошири можноста за работно ангажирање на студентите и пензионерите во сите приватни дејности


Партијата на пензионери го поздравИ донесувањето на Законот за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија на државата. „Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на лицата кои се пензионери и студенти“, […]

Индијана го доби првиот натпревар од финалната серија на Источната конференција


Екипата на Индијана пејсерс води со 1:0 во полуфиналето на НБА-плејофот, откако ноќеска на гостувањето кај Њујорк забележа победа со 138:135 по продолжение. Најефикасни на теренот беа Џејлен Брунсон со 43 и Карл-Ентони Таунс со 15 поени, но тие не успеаја да го спречат поразот на домаќините. Во победничкиот состав најефикасен кошаркар беше Тајрис Халибартон […]

Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора


 Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со тим од македонски бизнисмени денеска ќе биде домаќин на водечката германска Бизнис асоцијација фокусирана на економските односи помеѓу Германија и земјите од Источна Европа, Кавказ и Средна Азија, со 20 бизнисмени од секторите банкарство, енергетика, телекомуникации, транспорт. Германската делегација ја предводи Кристоф Бек, член на […]

Компанија на Трамп гради луксузен комплекс вреден 1,32 милијарди евра во Виетнам


Виетнамскиот премиер и Ерик Трамп, син на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера одржаа церемонија по повод поставувањето камен-темелник на луксузен станбен комплекс вреден 1,5 милијарди долари (1,32 милијарди евра), со три терени за голф со 18 дупки, во близина на Ханој, главниот град на Виетнам, објави NBC. Семејната компанија на американскиот претседател, „Организацијата Трамп“ и […]

Остар пад на Волстрит


На Волстрит, цените на акциите нагло паднаа во среда, додека приносите од државните обврзници се зголемија бидејќи јавниот долг би можел нагло да се зголеми доколку Конгресот го поддржи предлогот на американската влада за намалување на даноците. Индексот Дау Џонс падна за 1,91 процент на 41.860 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,61 процент […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит


Земјотрес со јачина од 6,1 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС). Земјотресот се случил на длабочина од 68,9 километри, со епицентар лоциран на околу 58 километри североисточно од малиот град Елунда. Локалните жителите за грчките медиуми изјевиле дека земјотресот траел невообичаено долго. Сепак, перцепираното времетраење на земјотресите не е […]

„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје


На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и […]

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето


На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 […]

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова


Новата книга на Тина Иванова – „Danse Macabre“ вечер ќе биде промовирана во „Котур Кафе“. Станува збор за збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот. Книгата „Danse Macabre“ неодамна излезе од печат во издание на „Темплум“, […]

Книжевна средба „Ти си поезија“ со Патрис Павис


Книжевната средба „Ти си поезија“ со францускиот професор и театролог Патрис Павис вечер ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје. На средбата, како што е најавено, ќе има и литературни читања на извадоци од делата на Павис од страна на студентите од Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Конески“. Оваа […]

Сликарски перформанс на Сергеј Андреевски во Романија


 Во Националниот музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија попладнево ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј Секели годинава одбележува 150 години од […]

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“


 Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ ќе биде промовиран денеска во Инситутот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. – Првпат, една млада генерација средношколци со својата нова визија ги следи клучните моменти, личности и предизвици кои го обликуваа јазикот што денес го зборуваме […]

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска го одбележува  јубилејот – 25 години од основањето, круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства. Во 2000 година група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, […]

Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане


Изложбата „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане вечер ќе биде отворена во Културно- информативниот центар во Скопје. Како што информира КИЦ – Скопје, најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите […]

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76 години од основањето


Најстарата и најголема високообразовна институција во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање. По тој повод, Универзитетот организира тридневна програма на настани кои ќе се одржат денеска, на 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник – Денот на светите Кирил и […]

Конференција за одговорноста за човековите права и за нивното унапредување


 Конференција на тема „Одговорност за човековите права: Националните одговори на препораките на Народниот правобранител и Универзалниот периодичен преглед за унапредување на човековите права“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на народниот правобранител, со финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и […]

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. И во Скопје ќе […]