Трамп издаде извршни наредби за забрзан развој на нуклеарни енергетски капацитети


Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување на капацитетот за производство на нуклеарна енергија во земјата до 2050 година, објави „Фајненшл тајмс“. Претседателот потпиша четири извршни наредби со кои […]

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во Премиер лигата, соопшти прес-службата на лигата. Триесет и двегодишниот Египќанец одигра 37 натпревари, постигна 28 гола и имаше 18 асистенции.  На едно коло до крајот на првенството, Салах е лидер во трката за најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата. Салах […]

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија. – Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша […]

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до Св.Пантелејмон


На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини Единицата за безбедност […]

Со свечена академија одбележани 120 години од Националниот Ден на Власите


Во Македонскиот народен театар во Скопје, синоќа се одржа централната свеченост по повод големиот јубилеј – 120 години од Националниот Ден на Власите, под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“. Настанот беше организиран од Министерството за односи меѓу заедниците и беше отворен за јавноста, со цел да се сподели значењето […]

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. […]

Зеленски повика на дополнителни санкции против Москва по ноќешниот руски напад врз Киев


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни меѓународни санкции би можеле да ја принудат Русија да прифати прекин на огнот, по руските напади со беспилотни летала и ракети врз Киев изминатата ноќ, во кои се повредени 15 лица. – Само дополнителни санкции насочени кон клучните руски економски сектори ќе ја принудат Москва да […]

Младите бараат ефективни решенија, а не само јавни кампањи за проблемот со менталното здравје


Во организација на Либерално Демократската Младина (ЛиДеМ) и со поддршка од Фондацијата Фридрих Науман, вчеравечер во Кичево се одржа панел-дискусија на тема: „Менталното здравје и ЕУ: Вредност што почнува од тебе“, каде младите, експертите и активистите отворено дебатираа за предизвиците, но и конкретните чекори што мора да се преземат за подобрување на менталната благосостојба кај […]

Гаши: Сесловенските браќа преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста оставија длабока трага во историјата


 Собранискиот претседател Африм Гаши го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, нагласувајќи дека празникот „нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, оставиле длабока трага во историјата на словенските народи. – Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и […]

Обвинителството поднесе жалба, бара ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија


Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”. Од Обвинителството бараат ефективен притвор. – Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка […]

На Инфективна уште го чекаат второто лице со мајмунски сипаници, нема нови случаи


Второто лице со мајмунски сипаници во државава се уште не се пријавило на преглед на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, потврди денеска за МИА, директорот Фадил Цана. Тој рече дека нема регистрирано нов случај на мајмунски сипаници во државава. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со […]

Нова авиолинија: Од 31 октомври ќе се лета од Скопје до Ларнака


Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. – На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова […]

Турција до април ја посетиле 10,59 милиони странски туристи


Турција во првите четири месеци од годинава ја посетиле 10,59 милиони странски туристи, што е за 0,6 проценти помалку во споредба со истиот период лани, соопшти турското Министерство за култура и туризам. Сепак, раст од осум проценти се бележи во април, кога во земјата дошле 3,9 милиони странски туристи.  Истанбул, најголемиот град во Турција и […]

Левица обвинува дека МВР склучила договор со фирма со блокирани сметки


Политичката партија „Левица“ денеска преку соопштение изрази загриженост за начинот на кој, како што велат, Министерството за внатрешни работи спроведува јавни набавки, претворајќи ги институциите на државата во алатка за фаворизирање на приватни интереси и злоупотреба на буџетски средства. Од партијата посочуваат дека МВР склучила договор со битолска компанија со три блокирани сметки од 2023 […]

„Мит и стварност“ нова книга на Паскал Гилевски


„Мит и стварност“ е новата книга на македонскиот автор Паскал Гилевски што излезе од печат во издание на книгоиздавателството „Панили“. Книгата е сублимат и синтеза на неговото шестдецениско творечко – преведувачко и критичарско искуство и претставува значаен влог и за есеистиката и критиката во земјава. Новата книга на Гилевски е достапна за читателите во книжарниците […]

Утре посебен режим на сообраќај околу СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје поради натпреварот „Алкалоид“ – АЕК


Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција. – Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност […]

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот


Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд […]

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон


Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени пред јавен обвинител, тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон и […]

Филипче: Св. Кирил и Методиј не се само симбол на писменоста, туку и темел на нашиот идентитет, јазик и култура


Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која истакнува дека тие не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку и темел на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. – Нивното дело е вкоренето во националната и културната […]

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј, да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се чува нивниот спомен и преку нивните дела да ја зацврстиме заложбата за градење на општество засновано на знаење, меѓусебно почитување и достоинство. – Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – […]