Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари


Денеска, еден воздухоплов „ер трактор“ (Air Tractor AT-802A Fire Boss – Z3-BGV) за гаснење пожари, на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше вратен на меѓународниот аеродром „Скопје“, по завршувањето на годишната инспекција – сервисирање, соопшти ДЗС. Тоа се остварува според Техничката спецификација во договорот и дополнителните и/или нерутински (непредвидени) задачи и услуги од страна […]

Арсовска денеска со докази за дивоградби во Чаир, ќе оди во ОЈО


Откако ОЈО ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да дојде, а кај нив денеска има на располагање дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, таа најави дека ќе оди во 15 часот. – Денес (сабота 31.05.2025) во 15 […]

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните


Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, на неговиот фејсбук профил испрати апел до граѓаните да не го користат патот преку Теферич, бидејќи истиот не е безбеден за сообраќај.    „Ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич, кој тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, истиот е затворен за […]

Околу 600 возрасни невработени ќе бидат обучени за да можат да најдат работа


Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година кој неодамна го промовираше Владата, предвидува и обуки за побарувани занимања што ќе ги спроведуваат обучувачи верифицирани од Центарот за образование на возрасните. Ќе бидат опфатени 600 невработени лица, а за мерката е обезбеден буџет од 70 […]

СДСМ почнува серија прес-конференции за Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски е Дејан Салтировски


Опозициската СДСМ, од денеска почна со серија прес-конференции на кои ќе побараат вистината за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, да излезе на виделина. „Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 […]

Објавен конкурсот за учество на Венецијанското биенале


Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во […]

В година, поинаков систем за матура – годинава без ливчиња, мобилни и препишувања


Денеска матурантите го полагаа првиот екстерен испит, односно мајчините зајици, а вториот е на 11 јуни. Годинава, учениците од училиштата „Марија Кири Склодовска“ и „Димитар Влахов“ државната матура ја полагаат во просториите на Земјоделскиот факултет при УКИМ. Истото важи и за другите училишта, кои немаат свои просторни услови.   Токму тука, дојде и министерката за […]

Од денеска нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица


Од АМСМ информираат дека од денеска се нормализира сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица откако беше завршено санирањето на тунелите Демир Капија 1 и 2 на автопат А1. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка со велосипеди, ролерки, тротинети и бебешки колички


СВР Скопје соопшти дека утре од 17 до 18 часот ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува […]

ОЈО ја вика Арсовска веднаш на сослушување за наводите за криминал во Чаир и заканите по живот


Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска.  – Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично […]

Најмалку 11 повредени на двете страни по уште една рунда воздушни напади меѓу Русија и Украина


 И покрај интензивните договарања и планови за организирање втора рунда преговори за ставање крај на војната во Украина, борбите меѓу двете земји продолжија и во текот на ноќта. Русите изведоа уште еден напад врз украинскиот пограничен регион Суми, додека Укранците го нападнаа Курскиот регион, објави ДПА. Русија изврши воздушен напад врз станбена зона и уништи […]

Бугарите протестираат против еврото: Сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни


Се очекува Бугарија да добие зелено светло од Брисел за усвојување на еврото во јуни, но оваа перспектива ги вознемирува многу граѓани. „Ако Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качува на Титаник“, изјави за АФП Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест со кој се бараше земјата да ја […]

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани


 Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани. […]

Расел Бренд ги негираше обвинувањата за сексуална злоупотреба, неговиот татко го поддржа на суд


Актерот и комичар Расел Бренд вчера се изјасни за невин пред Крунскиот суд во Саутерк за силување, сексуален напад и непристоен напад за наводни злосторства во 1999 година. Одреклама Имено, 49-годишниот актер и комичар ќе го продолжи своето судење, кое ќе трае помеѓу четири и пет недели. Тој е обвинет за наводни напади врз четири […]

Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва: Интер се бори за четвртата, а ПСЖ за првата титула европски шампион


Вечерва во 21 часот во Минхен ќе се игра финалето на Лигата на шампионите, во кое ќе се сретнат францускиот ПСЖ и италијанскиот Интер. Интер ќе се обиде да стигне до четвртата титула европски шампион и прва по 15 години, додека од друга страна парискиот клуб сонува за својот прв голем европски трофеј. На патот […]

„Вдоми Љубов“ – фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво


Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Вдоми Љубов” Фест, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво. Како што најавија организаторите од ЈП „Лајка“, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност. Во […]

Вучиќ најави предвремени избори


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави предвремени избори за време на посетата на Заечар. „Направивме многу во источна Србија, но секогаш ни се чини недоволно. Се потсетив себеси кога донесовме одлука да ги изградиме сите 42 километри од патот Заечар-Неготин колку беше тешко, особено кога имавме помалку пари. Затоа сепак донесовме одлука да го оствариме […]

На Светскиот ден без тутун СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи


Со оглед на големиот број млади корисници на тутун, Светската здравствена организација (СЗО) денеска итно ги повика владите да ги забранат ароматизираните тутунски и никотински производи, јави ДПА. Организацијата конкретно ги спомена вкусовите како ментол, гума за џвакање и шеќерна волна, кои ги претвораат токсичните производи во мамка погодна за младите, напиша СЗО во соопштението […]

Бајден оптимист дека може да го победи ракот


 Две недели откако откри дека има дијагноза за рак на простата, поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека е оптимист за своето закрепнување, пренесува ДПА. -Сите луѓе околу мене се многу оптимисти, изјави Бајден пред новинарите на настан на кој се појави во неговата држава Делавер, потврдувајќи дека започнал со лекување. „Моето очекување е […]

Украинците се воодушевени од хрватскиот систем: Веднаш покрива широка област со разорен оган


Според информациите што ги пренесе украинскиот специјализиран воен портал Defense Express, украинските вооружени сили во секторот Купјанск успешно го користат хрватскиот повеќекратен ракетен систем RAK-SA-12 во одбрана од интензивни руски напади Системот, управуван од единицата за огнена поддршка на 3-от граничен одред, се покажа како исклучително ефикасна алатка за брзо неутрализирање на непријателските формации и […]