Рускиот патријарх Кирил му го честита роденденот на архиепископот Охридски и Македонски Стефан


Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефан здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба. Во […]

САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина


САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“. Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното […]

Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва


Руските медиуми, блиски до Кремљ. објавија дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе присуствува на воената парада во Москва на 9 мај, со што би станал првиот висок американски претставник што ќе се појави на овој настан во последните години. Американскиот Стејт департмент ниту го потврди, ниту го демантираше ова тврдење, кое го објави […]

Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД


Создавањето на американско-украински инвестиционен фонд за обнова е потег кој го отвора патот за економско закрепнување на Украина и долгорочни бенефити за двете земји, соопшти Белата куќа. „Фондот ќе прима 50 отсто од авторски надоместоци, лиценци и други плаќања од проекти за експлоатација на природни ресурси во Украина. Овие средства ќе се вложуваат во нови […]

За неколку дена се гаси „Скајп“


„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“ (Skype), објави дека за три дена официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење. Како што наведоа, целта е да ја поедностават својата понуда за корисниците и да се фокусираат на нивната моќна бизнис платформа „Тимс“ (Teams), каде што милиони преостанати корисници на „Скајп“ ќе бидат […]

Зеленски: Договорот за минералите е првиот резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го нарече договорот за суровини меѓу САД и Украина „историски“. „Ова е првиот опиплив исход од состанокот во Ватикан, што го прави навистина историски“, рече Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на погребот на папата Франциск во саботата. Договорот наскоро треба да биде ратификуван […]

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп


САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна. Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено […]

Првиот човек  на „Рајанер“ се закани дека ќе престане да купува „Боинг“ поради царините на Трамп


Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја предупреди американската компанија „Боинг“ дека ќе размисли за купување авиони од други производители доколку заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини доведат до зголемување на цените. О’Лири го кажа ова како одговор на американскиот конгресмен кој ја критикуваше неговата отвореност за купување авиони од други производители – […]

САД назначија нов в.д. амбасадор во Киев


САД назначија нов вршител на должноста амбасадор во Киев, а тоа е Џули Дејвис, која сега е амбасадорка на земјата на Кипар, објавија светските агенции. Дејвис зборува руски и е дипломат со богата кариера, работејќи главно во поранешните советски републики. Дејвис ќе биде највисоко рангиран американски дипломат во Украина во отсуство на амбасадор. Таа ќе […]

Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат дел од ул.„Ленинова“, реон кај Министерството за земјоделство. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, струја од 08.30 до 13.30 часот, ќе немаат и корисниците на дел од ул.„Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во општина Центар. Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, преин во електроснабдувањето ќе […]

Федерален судија во Тексас пресуди дека прибегнувањето кон закон од 1798 година за протерување мигранти од САД е нелегално


Федерален судија од државата Тексас пресуди дека прибегнувањето кон закон од 1798 година за протерување мигранти од Соединетите Американски Држави е нелегално и затоа ѝ забранува на администрацијата на Доналд Трамп да спроведува депортации според ова законодавство, објавија светските агенции. Одлуката на судијата Фернандо Родригез е прва што се однесува на прашањето дали е легално […]

Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе ја посетат Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти. Според агендата, Мицкоски и Перински на пладне ќе извршат увид во градежните активности на кружен тек вон опфат на […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 11, а максималната ќе достигне од 21 до […]

Цените на кафето ќе растат дополнително поради царините на Трамп


  Цените на суровото кафе во светот се дуплираа за само неколку месеци, бидејќи производството е намалено поради неповолните временски услови, а понатамошното зголемување на цените може да биде поттикнато од најавеното воведување на американски царини за увоз на стоки од сите земји. Иако загубите од топлина и суша ги намалија прогнозите за производство во […]

Откриена причината за прекинот на електричната енергија во Шпанија и Португалија


Неспособноста на шпанската електрична мрежа да управува со невообичаено големото снабдување со сончева енергија беше клучен фактор за катастрофалниот прекин на електричната енергија во понеделникот, изјавија поранешни регулатори и експерти. Околу 55 проценти од снабдувањето на Шпанија доаѓаше од соларни извори кога 15 гигавати производство на електрична енергија беше исклучено во рок од само пет […]

Ако не добиеме поголеми плати ќе се гледаме почесто: ССМ до Владата и работодавачите


  Барање за минимална плата од 30 илјади денари, повисоки плати и достоинствени услови за работа, беа основните барања на првомајскиот протест што се одржа денеска во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, со укажување доека доколку не се исполнат, протестите ќе зачестат, а не се исклучени и штрајкови. За разлика од минатите години, […]

Мајк Волц беше на танок мраз кај Трамп и… падна


  Издржа некое време по скандалот „Сигналгејт“. Но не можеше понатаму. Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, и неговиот заменик, Алекс Вонг, ќе ги напуштат своите работни места откако ја изгубија довербата на другите функционери на администрацијата и се најдоа без сојузници во Белата куќа, две лица запознаени со ова прашање им […]

Последните кинески бродови што носат стока ослободена од царините на Трамп пристигнаа во САД


Последните товарни бродови што превезуваат кинеска стока, спакувани пред 9 април и ослободени од царини што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, моментално пристигнуваат во американските пристаништа. Сепак, следната недела се очекува работите да се променат за увозот од Кина. Товарот на бродови од Кина натоварен по 9 април ќе ги носи со себе […]

СДСМ: Колку чинат ескурзиите на Љутков во странство?


Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, коментира СДСМ околу престојоит на Љутков на меѓународниот настан ЕКСПО во Јапонија во многубројна делегација. -Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот […]

ДУИ и Вреди реагираат на одлуката на Уставниот суд за училиштето во Кондово


  Албанските партии реагираат по одлуката на Уставниот суд да ја укине одлуката за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово. Според уставните судии, ниту уставот, ниту кој било закон во државата не дозволува и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на […]