Аеродром почнува со големата пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад


Општина Аеродром од денеска почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на јуни, што всушност претставува континуитет од минатата година, кога се спроведе есенска акција. Во соработка со ЈП за комунални дејности на општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови во кои […]

Војната на ЕПП против невладините организации ја тресе ЕУ


БРИСЕЛ — Центристичките политички сили во Европа имаат непријатно чувство дека Европската народна партија ги напушта во корист на крајната десница. Централно-десничарската група – најголемото политичко семејство во Европа и дел од центристичката коалиција што доминира во политиката на ЕУ од основањето на блокот – води политичка кампања против невладините организации кои користат пари од […]

Новосаѓани згрозени: Непознат маж уринираше на свеќите и цвеќињата за жртвите од несреќата на Железничката станица


Граѓаните на Нови Сад беа шокирани и згрозени по инцидентот кога непознат маж осквернави свеќи и цвеќиња пред Железничката станица, кои беа поставени во чест на 16-те жртви од трагичниот настан кога уривањето на настрешницата резултираше со нивната смрт. Инцидентот се случил вчера попладне, кога, според сведоците, маж се приближил до местото пред станицата и […]

Американски бискуп бара Трамп да се извини што се прикажа како папа


Американскиот бискуп Томас Папроки побара американскиот претседател Доналд Трамп јавно да се извини за објавувањето на слика од себе како следниот папа, генерирана од вештачка интелигенција. Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели слика од себе генерирана од вештачка интелигенција облечен во белата папска одора. „Ова е длабоко […]

Штрајк на вработените во судството во Србија


Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк. Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат […]

Промоција на нов Тинк Тенк за Вештачка интелигенција


Новоформираниот Tинк -Tенк „Интелигентна Хумана Иднина“ (И-ХИ) ќе биде промовиран денеска заедно со својот прв позициски документ со наслов „Вештачката интелигенција – Меч со две сечила“. На настанот, како што информираат од тимот на И-ХИ Тинк Тенк, ќе се дискутира за можностите и за етичките аспекти на вештачката интелигенција (ВИ), разгледувајќи како оваа технологија може […]

Зеленски: Ја блокираат Украина во ЕУ за да добијат место на Црвениот плоштад


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на европска интеграција на Украина за да добијат подобро место на Црвениот плоштад во Москва. „Ја цениме поддршката на Чешка за нашиот чекор кон Европската Унија. Оваа година сме подготвени да го отвориме првиот кластер во процесот на преговори. Жалиме што […]

Воениот кабинет на Нетанјаху го одобри проширувањето на офанзивата во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот воен кабинет го одобрија проширувањето на офанзивата во Газа, наведува израелската телевизија Кан, доведувајќи го во прашање укинувањето на двомесечната блокада на опколената палестинска територија. Претходно, во видео на Телеграм, Нетанјаху вети дека Израел ќе извојува „целосна победа“ во Газа, додавајќи дека Израел „решително“ ќе ја заврши својата воена […]

Трамп размислува да го назначи Стивен Милер за советник за национална безбедност


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека заменикот на шефот на неговиот кабинет, Стивен Милер, е еден од водечките кандидати за советник за национална безбедност, по заминувањето на Мајк Волц. Трамп во четвртокот го смени Волц од функцијата советник за национална безбедност и го именуваше државниот секретар Марк Рубио привремено на таа позиција. – Ќе именувам […]

Кој ќе го замени Вучиќ додека се лекува?


Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу три месеци, како што е пропишано со Уставот на државата, јави допписникот на МИА од Белград. Српските медиуми нагласуваат дека на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во петокот од здравствени причини ја прекина посетата […]

Ако сте ученик во основно или средно – учествувајте во Меѓународниот стрип конкурс


Сите ученици од Србија, Албанија и Северна Македонија имаат можност да се пријават на меѓународен тематски стрип конкурс насловен: „Се што велиме е ДАДЕТЕ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕ!“    Организатор на овој повик е Клубот на ликовни уметници “Рашка школа цртања“ од Рашка , Србија , во партнерство со Creative City Center – The Multifunctional Social […]

Самостојна изложба „Затаени мигови“ на студенти на ФЛУ


 – Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, информира дека студентите Дефне Еминовска, Јоана Арсовска и Бојан Вртев,  под менторство на професорот Антони Мазневски, ќе се претстават со самостојна изложба „Затаени мигови“, во Галеријата ФЛУ. Како што информираат од ФЛУ, тие се добитници на наградата „Четири мајстори […]

Трамп нареди Бирото за затвори повторно да го отвори Алкатраз


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му наредил на Бирото за затвори да го обнови и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“. „Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да […]

Папамобилот на папата Франциск ќе стане здравствена клиника за деца во Газа


Ватикан – Еден од папамобилите на папата Франциск ќе се претвори во мобилна здравствена клиника за деца во Газа, исполнувајќи една од последните желби на покојниот папа, објави „Ватикан њуз“.  Возилото што го користеше Папата за време на неговата посета на Светата Земја во 2014 година се опремува со дијагностичка и итна медицинска опрема за […]

„Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ во македонскиот КИЦ во Белград


Во рамки на Програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на современиот македонски јазик, денеска во македонскиот КИЦ во Белград, ќе се реализира проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“.  Никола Маџиров и Петар Андоновски, македонски писатели кои се и лауреати на врвни европски книжевни награди, ќе разговараат со свои колеги писатели и преведувачи од […]

Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска во 10 часот организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. По тој повод ќе се обратат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот […]

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата


Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ. – Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го […]

Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од […]

Франција и ЕУ интензивираат напори за привлекување научници од САД во Европа


Брисел– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска заедно со францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествуваат на „Одберете Европа на науката“, што ќе се одржи на Универзитетот Сорбона во Париз.   Како што соопшти Европската комисија, Фон дер Лајен ќе има обраќање конференцијата при што ќе ја нагласи посветеноста на ЕУ кон изградба […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 мај 2025 година, 125-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 13 часа и 12 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]