Ганиу истури ѓубре пред Град Скопје – Арсовска му порача да ги врати парите за дивоградбите на луѓето


Доцна синоќа, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија. Акцијата претставуваше протест против, како што велат, негрижата на градските власти и блокадата со која се соочува општината во делот на одржување на јавната чистота. […]

Германија и Украина потпишаа декларација за финансирање на производство на оружје со долг дострел во Украина


Берлин – Германија ќе ѝ помогне на Украина во производството на оружје со долг дострел, изјави вчера канцеларот Фридрих Мерц на средбата во Берлин со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, на прашањето дали би одобрил испраќање на крстосувачки ракети Таурус од германско производство, кои Зеленски многу ги бара, Мерц рече дека нема да го исклучи […]

Книжевна вечер „Македонија и Турција – Книжевни мостови“ во македонскиот КИЦ во Истанбул


Во рамки на 17. издание на реномираниот Istanbul International Literature Festival (ITEF), денеска во просториите на македонскиот Културно-информативен Центар во Истанбул ќе се одржи книжевна вечер насловена „Македонија и Турција – Книжевни мостови“, на која пред турската публика и издавачи ќе бидат претставени наградените книги и автори на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 […]

Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“


Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска започнува судењето за случајот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, […]

САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти


Вашингтон – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти, вклучително и оние кои се поврзани со Кинеската комунистичка партија (ККП) или кои студираат во клучни области. Рубио во изјава нагласи дека Стејт департментот, исто така, ќе ги разгледа критериумите за заострување на контролата врз […]

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Калина Малеска (фото)


Романот „Светот што го избрав“ на писателката, професорката и книжевната преведувачка Калина Малеска (1975), во издание на „Или-или“, е годинашниот добитник на наградата Роман на годината, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Покрај плакета и статуетка, Малеска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје, веќе […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, […]

Уште една недела до ОФФест 2025


Седум дена нè делат од почетокот на 24-то издание на ОФФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди 9 концерти на врвни музички артисти и групи од 8 различни земји и […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 29 мај 2025 година, 148-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 217 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 58 минути.  Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка


Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против.  Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност […]

Ова се најчестите причини зошто браковите се распаѓаат


Љубовта и бракот бараат свест дека секојдневните работи влијаат на квалитетот на врската меѓу двајца луѓе и дека суптилните работи можат да ја уништат. Една од причините што доведува до распад на бракот е намерната некомпетентност и неодговорност, што се однесува на намерното или стратешко прикажување на неспособноста или несоодветноста на поединецот со цел да […]

ВМРО-ДПМНЕ соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници – за Скопје нема одлука


ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што треба да содржат на есен, но уште нема издефинирано име за градоначалник на Скопје, иако потврдија дека во игра се оние кои цело време се споменуваа: Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода и актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински. Имињата кои […]

Она што го направи Челзи вечерва не се памети уште од натпреварот на Црвена Звезда пред 46 години


Финалето на Конференциската лига ќе се игра помеѓу Челзи и Реал Бетис во Вроцлав, Полска, од 21 часот па натаму. Челзи, кој заврши четврти во Премиер лигата минатиот викенд и со тоа се квалификуваше за Лигата на шампионите, е фаворит вечерва, но фудбалскиот свет зуи за неверојатна статистика што ја објавија аналитичарите. Имено, почетните 11 […]

(Видео)Кои се предлог-кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница, на која ќе се дискутира за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По седницата во 21.00 часот ќе има изјава за медиуми пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. 

Почнува заедничка гранична контрола Јажинце-Глобочица со Косово


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот колега Џелал Свечла се сретнаа денеска на граничниот премин Јажинце-Глобочица со цел да се означи почетокот на системот за заедничка интегрирана гранична контрола (познат по називот One Stop). Тошковски нагласи дека сега ќе има побрз трансфер на патници со Република Косово затоа што заедничката контрола е […]

Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно


Манчестер Јунајтед беше исвиркан откако загуби со 1-0 во пријателски натпревар против АСЕАН Ол Старс во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ патуваа повеќе од 10.000 км за да одиграат два натпревари во Азија само неколку дена по завршувањето на сезоната во Англија. На нивната прва посета на Малезија од 2009 година, тие играа пред повеќе од […]

Трагедија во Будва: 19-годишна Србинка загина при пад со парасејлинг


Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будва, Црна Гора, при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорскиот портал Vijesti.me, младата жена паднала од висина од околу 50 метри во морето, откако се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот. Очевидци изјавиле дека веднаш по падот, девојката била извлечена од водата и […]

Роберт Де Ниро одбива да се ожени без предбрачен договор, Тифани Чен инсистира на свадба


Девојката на Роберт Де Ниро, Тифани Чен, врши притисок врз ѕвездата од „Разбеснетиот бик“ да стави прстен, но 81-годишникот нема повторно да се ожени без заштита од предбрачен договор, велат извори за GLOBE. Изворите велат дека добитникот на Оскар се лути на секој долар што морал да го потроши во текот на годините на своите […]

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство


Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. За законот гласаа 82 пратеника од кои 76 пратеници гласаа „за“, шест пратеници гласаа против, […]

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул


Moсква – Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и ќе му го презентира на Киев на директните разговори во Истанбул следниот понеделник. „Нашата делегација, предводена од Владимир Медински, е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните […]