Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе свири за жртвите во Кочани


На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со исклучително значење – музичка вечер исполнета со класика, солидарност и поддршка. Концертот е во организација на институтот „ФЕЈМС“, со учество на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот […]

Пекинг го нападна Џеј Ди Венс за забелешката „кинески селани“


  Пекинг возврати откако американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, се осврна на „кинеските селани“ во интервју за одбрана на царините на Доналд Трамп. Говорејќи за Фокс њуз минатата недела, Венс праша: „Што им донесе глобалистичката економија на Соединетите Американски Држави? А одговорот, фундаментално, се заснова на два принципа – преземање огромна сума на долг за […]

Битолчани што се против депонијата влегоа во Советот на општината додека се одржуваше седница     


Петмина битолчани кои протестираат против депонија во Пелагонија влегоа на седница на Советот на општина Битола додека се расправаше за завршните сметки на јавните претпријатија и извештаите за работа. Протестантите во салата влегоа придружувани од полицијата и мирно седнаa во публиката со мали транспаренти „Стоп за депонија“.     Останатите граѓани останаа да протестираат пред […]

Две лами починале во скопската Зоолошка градина


Две лами починале викендот во скопската Зоолошка градина. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажуваат дека таа била болна од туберколоза. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека во петокот на барање на скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една […]

Ѕвездите со изгледот доминираа на Ноќта на Оскарите за научници (галерија)


Повторно, се случи годишната церемонија на Breakthrough Prize , во Санта Моника, и толку многу ѕвезди дојдоа облечени да импресионираат за една од најголемите вечери во науката. Неофицијално познати како „Оскари за научници“, толку многу ѕвезди пристигнаа во Barker Hanger во чест на „научниците што го менуваат светот“. Вечерта им оддава почести на тројца научници […]

Се урна покрив на дискотека во Санто Доминго – најмалку 15 загинати, повеќе од 70 повредени


Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако рано утринава се урна покрив на ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопшти Центарот за вонредни операции (ЦОЕ). Директорот за вонредни ситуации рече дека спасувачките екипи ќе бидат на терен сѐ додека постои можност некој да е жив под урнатините. […]

Службено возило на Општина Аеродром одземено од гаража, пронајдено на улица „Перо Наков“


Патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Општина Аеродром, било одземено од гаража на булевар „Јане Сандански“. Случајот синоќа во полиција го пријавил в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, според пријавата, возилото било одземено во период од 15:30 часот на 4 април 2025 […]

Албанија потпиша договор со ЕИБ за финансирање на пругата Драч-Рогожина, ЕУ обезбедува 90 милиони евра


 Во Тирана денеска вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, и директорот на Европската инвестициска банка, Лионел Рапај потпишаа договор за финансирање на стратешкиот железнички проект Драч – Рогожина, дел од коридорот VIII. -Оваа железница е клучна артерија што ќе ја поврзе Албанија со европската транспортна мрежа и дополнително ќе ја зајакне […]

Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рок до 19 април


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија. Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за […]

Јавните претпријатија во Битола во големи загуби, за директорите причината е во зголемените плати


  БИТОЛА – Дел од јавните претпријатија во Битола се во загуба во вкупен износ од 150 милиони денари. Тоа е загубата за „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“, „Пазари“ и „Паркинзи“ од Битола. На седницата на Советот на Битола СДСМ побара разрешување на управните органи во јавните претпријатија, мнозинство ја прифати точката, допрва ќе следи исходот.  „Како […]

Филков сака да си остане министер, критиките биле „фолклор“


Не планирам да се повлечам од министерската функција, ниту да се кандидирам за градоначалник но Општина Карпош, рече денеска министерот за правда Игор Филков во одговор на новинарски прашања. „Апсолутно не. Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде уште поинтересен. Не планирам да се повлечам од оваа функција, планирам да продолжувам […]

Филков за пресудата за Теодора: Тие два отсто доверба во судството не се џабе


Во одговор на новинарско прашање поврзано со вчерашната пресуда, министерот за правда Игор Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста. – Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас […]

„Преспанските Турци – историско – демографска студија“, нова книга на публицистот Салим Кадри Керими


Во издание на самиот автор, неодамна беше објавена новата книга на историчарот – дипломат во пензија, истражувач и публицист Салим Кадри Керими, под наслов: „Преспанските Турци – историско – демографска студија“, чиј рецензенти се историчарот проф. д-р Борче Илиевски и географот м-р Фејзула Абдулаи.  Централната тема на овој научно–истражувачки труд претставува турското население во Преспанскиот […]

Одите во Грција? На сила се строги правила, високи казни или пет месеци затвор


Омилената летна дестинација на многу Македонци, Грција, ги потсетува сите туристи на правилата кои мора да се почитуваат кога сте во оваа земја. Имено, покрај бројните новитети кои ги воведе Грција, властите на оваа земја потсетуваат и на старите правила. Ова се таканаречените мирни часови, чија примена стапи на сила од 1 април и трае […]

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата


Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, на конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, истакна дека корупцијата е голем предизвик за државата и дека е потребна забрзана промена за постигнување на реформите. Заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес, нагласи дека борбата против корупцијата е суштинска за економскиот развој и социјалната доверба, додека […]

Мицкоски ги нарече „полноглавци“ тие што ќе го критикувале


  Употребувајќи го градскиот скопски жаргон за недоветни луѓе, премиерот Христијан Мицкоски, денеска ги нарече „полноглавци“ оние што ќе му забележат на неговата реакција по пресудата од две години за човекот што ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Според транскриптот што го испрати прес-службата на Владата Мицкоски денес, меѓу другото, го кажа и ова: „Ова не […]

ЕУ утре ќе решава за одговорот на американските царини за челик и алуминиум


Земјите членки на Европската Унија утре треба да се изјаснат за предлогот на Европската комисија за реципрочни мерки на ЕУ на царините за челик и алуминиум воведени од страна на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, информира денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.    – Ако ни […]

Битолчани не запираат со протестите против депонијата


  БИТОЛА – Битолчаните кои се против депонија во Пелагонија најавија протест за денес додека трае седницата на Советот на Општина Битола. Протестот е најавен за во 15 часот.  Во меѓувреме, на расправата во Советот на Општина Битола, од Левица побараа повторно гласање за точките кои советниците едногласно ги донесоа на 50 седница, околу проектот […]

Вицепремиерот Меџити го повика Таравари да избере страна


  Вицепремиерот Изет Меџити во изјава за медиуми порача дека се отворени за комуникација со сите политички партии, вклучувајќи ги Левица и СДСМ, бидејќи со нив не водат војна туку политичка битка за коцепти. „Треба јасно да дефинираме комуникација и политички преговори. Ние комуникација можеме да имаме со сите во Собранието, со Муса Џафери, Фатмир […]