Претседателката на словенечкиот Државен збор во прва официјална посета на земјава


Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчиќ денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.  Словенечката претседателката на Парламентот попладнево со високи државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Потоа, двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на […]

Ведро и студено утро, сончево со мала до умерена облачност во текот на денот


 Времето утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, ведро и студено […]

Продолжуваат судењата против Мерко за набавката на аудито и за поставената плоча на влезот на општинската зграда


Во Основниот суд во Струга денеска во две одвоени рочишта треба да продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.  Расправата за набавката на луксузниот автомобил, поради промената на судечкиот судија почна од […]

Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор


 Од денеска до петок во официјална посета на Северна Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседател на Државниот збор на Словенија, поради што во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информираат од МВР. Оттаму додаваат […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 9 април 2025 година, 99-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 266 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 5 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

ИЈЗ: Учениците не одат во школски тоалети зашто смрдат, па „закачуваат“ уринарни инфекции


Лошите услови во училишните тоалети е причина повеќето од учениците да избегнуваат да ги користат, што подоцна води до чести уринарни инфекции и констипација заради долготрајната задршка на урината и столицата, пишува во последниот Извештај за пристап до вода, хигиена и санитација во училишна средина, кој го објави Институтот за јавно здравје. Оттаму лани, биле извршиле […]

Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република


 Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република. Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти. Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè […]

ЛШ: Арсенал го декласираше Реал, Интер победи во Минхен


 Арсенал убедливо го совлада вечерва Реал Мадрид на домашен терен со 3-0 (0-0), додека Интер извојува гостинска победа над минхенски Баерн со 2-1 (1-0), во првите четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Арсенал пред своите гледачи во Лондон стекна убедлива предност пред реваншот преку двојниот стрелец Деклан Рајс, и двата од слободни удари […]

„Посетив 64 земји пред да наполнам 30 години: Во овие 5 не планирам да се вратам, тоа е невиден стрес“


  Американката Ели Хуберс, светска патничка, откри во кои земји никогаш нема да се врати. Ели Хуберс патува уште од дете. Годините на семејни крстарења на крајот се претвориле во страсно патување низ светот за време на нејзините студии и низ 20-тите години. Студирањето во странство со програмата „Semester at Sea“ само ја поттикнало таа […]

Желки стари речиси 100 години за прв пат станале родители


Двојка загрозени, речиси 100-годишни желки од Галапагос во зоолошката градина во Филаделфија за прв пат станале родители. Зоолошката градина во соопштение истакнала дека е „пресреќна“ поради доаѓањето на четири младенчиња, што е првпат во нејзината историја подолга од 150-години. Младенчињата се потомци на женката Мами и мажјакот Абразо, двајцата најстари жители на зоолошката градина.   […]

Кој е советникот на Трамп кого Маск го нарече идиот?


Илон Маск и Петер Наваро, најблиските советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, влегоа во отворен конфликт околу американската трговска политика кон Европската унија. Маск, кој го предводи таканаречениот Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), задолжен за намалување на федералните трошоци, во саботата на италијанската десничарска партија Лига ѝ порача дека сака целосно слободна трговија меѓу […]

Повик на Европската комисија за бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години


Министерството за образование и наука информира за иницијативата на Европската комисија која нуди речиси 36 000 бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години. -Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 […]

Почна AI Fest 2025, Македонија дел од глобалната AI иницијатива на Microsoft


Во Семос Едукација денеска почна AI Fest 2025, најголемиот фестивал за вештачката интелигенција во регионот. Фестивалот ќе трае 50 дена, до 5 јуни, и ќе вклучи бројни активности и обуки за усвојување вештини поврзани со вештачката интелигенција.  Во рамки на почетокот на AI Fest 2025 се одржаа 60 бесплатни вебинари на 18 различни теми насочени […]

САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина


САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми. Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како […]

Студентите: Кој им дозволи на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија?


  Заштитникот на граѓаните на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега на Клиничкиот центар на Србија (КЦС), каде што беа сместени повредените од […]

Најтоплиот март во Европа досега: Шокантно високи температури


Европа го доживеа најтоплиот март досега, со просечни температури нешто над 6 степени Целзиусови, 2,41 степени над просекот од 1991 до 2020 година, според податоците на агенцијата за клима на ЕУ, „Copernicus“. На глобално ниво, тоа беше втор најтопол март регистриран досега. Наодите ја нагласуваат растечката загриженост дека меѓународната цел за ограничување на глобалното затоплување […]

Ен-Би-Си нуз: Пентагон може да повлече половина од својот воен контингент од Источна Европа


Министерството за одбрана на САД разгледува можност да повлече десет илјади американски војници од Источна Европа, соопшти денеска Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на американски и европски претставници. Станува збор за дел од контингент од 20 илјади војници распореден во Полска и Романија во 2022 година од администрацијата на Џо Бајден, чија цел е да се […]

Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27


Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 100 други се повредени по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република, изјави шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез. Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и […]

Судијата Ферати ги преполагал испитите, утврдило Обвинителството


Обвинителството во март ја прекинало истрагата за дипломата на судијата Ељведин Ферати бидејќи со одговорите од Просветниот инспекторат се негирани тврдењата на ДКСК од постапка во 2023-та дека сам ги преправал оценките за да ги исполни условите за прием на Академијата за судии и обвинители, јавува Телма. За потсетување, тој вчера пресуди две години затворска […]

Реципрочните царини на САД стапуваат во сила утре


 Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре. Грир изјави дека САД моментално преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори. – Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните […]