Ќе се заштитуваат 400 километри реки на Балканот, меѓу нив и долниот тек на Вардар


Заштита на недопрениете реки на Балканот, размена на искуства и презентација на успешните примери на заштитени водотеци, се главните теми на третата меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа што денеска и утре се одржува во Скопје. Македонија, заедно со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора се дел од регионалната […]

Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила


По навика купиле луксузно општинско возило, затоа што и претходните биле скапи. Ова е оправдувањето на сведоците на одбраната на струшкиот градоначалник Meрко, на денешното рочиште за набавката на четирите општински возила, меѓу кои и  луксузното „Ауди А6“ од 66 илјади евра. Бил избран најповолниот понудувач, а биле купени 3 возила „шкода“ и луксузното „ауди“. […]

Петар Богојески стана директор, ќе раководи со пари на ЕУ


Лидерот на „Македонски концепт“, познат во јавноста по многубројните телевизиски гостувања и активност на социјалните мрежи, е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и […]

РЕДИ Рециклажа не работи повеќе во општините Карпош и Центар


РЕДИ Рециклажа, првото и единствено социјално претпријатие со лиценца за управување со неопасен отпад во Северна Македонија, информира дека, поради административни околности, е принудено да ги прекине своите оперативни активности во општините Карпош и Центар. Од страна на Општина Карпош, беше побарано ослободување на просторот што РЕДИ Рециклажа привремено го користеше согласно Меморандумот за соработка. […]

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво, на квартално за 7,2 проценти


Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за  7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.  Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално […]

Склучено партнерство помеѓу МОН и МЕН ЕНД МАУНТЕН за спроведување на еколошки акции


Министерството за образование и наука потпиша меморандум за соработка со МЕН ЕНД МАУНТ, креатор и организатор на проектот „Зелена Сончева“ во чии рамки се реализираат повеќе еколошки акции на годишно ниво. Воспоставеното партнерство подразбира меѓусебна поддршка на активностите за поттикнување на еколошката свест и акции за заштита на животната средина. Еден од поуспешните настани во […]

УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, кодовите до даночните обврзници се испраќаат како што се обработуваат


Управата за јавни приходи денеска соопшти дека вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март, од кои 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец […]

Синдикатите побрзо ќе се разберат со Владата за минималната плата отколку меѓу себе


Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов изјави дека Владата не била против зголемувањето на минималната плата, туку останатите два синдикати кои присуствувале на состанокот, нагласувајќи дека барале да се укинат одредбите на […]

Директори на училишта од Беровско договориле превоз со пехчевска фирма поскап од месечниот


СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки. Пријавената, како директор на […]

На огласот за Програмскиот совет на МРТ пријавени 37 кандидати


Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но дали сите ќе се претстават пред Комисијата за прашања на избори и именувања зависи од тоа дали ги исполнуваат условите по завршување на административната селекција, информираат од Собранието за МИА.  Во Собранието за утре е […]

Зелената транзиција мора да биде праведна: Божиновска на ЕСГ Адриа самитот во Тиват


 Од првиот ден на нашата влада, фокусот е на развој на енергетската инфраструктура што ќе обезбеди долгорочна стабилност, одржливост и економски напредок. Нашата стратегија се заснова на паралелен развој на државната енергетска инфраструктура и поттикнување на приватните инвестиции во обновливи извори на енергија, порачала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ЕСГ […]

ЕУ одобри воведување царини за Америка


Европската унија одобри воведување контрамерки во форма на царини за околу 22 милијарди евра американски производи како што се соја, мотоцикли и сок од портокал. За ова гласаа 27 земји-членки, сите освен Унгарија, соопшти Европската комисија. „ЕУ ги смета американските тарифи за неоправдани и штетни, предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната […]

Ќе ги тужи ли “Volkswagen”: Погледнете го новиот кинески моноволумен


Кинескиот “Skyworth” го претстави својот нов модел, кој многумина ги потсети на еден култен “Volkswagen”. Сличноста меѓу “Skyworth Summer” и “Volkswagen Type 2” е дури и поголема отколку онаа меѓу стариот „хипи комби“ на “Volkswagen” и новиот “ID. Buzz”. За многумина, примената на ваков дизајнерски пристап беше очекувана, па објавата на фотографиите на веб-страницата на […]

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија


Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата. „Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на […]

Зошто АфД сега е најпопуларна партија во Германија?


  БЕРЛИН – Во зимата 2018 година, Фридрих Мерц беше неуспешен политички талент кој патуваше низ Германија во мисија да направи неверојатно враќање. Девет години по повлекувањето од активната политика, Мерц ја фрли својата капа во рингот за да ја замени тогашната канцеларка Ангела Меркел како лидер на централно-десничарските демохристијани. Мерц се претстави како човек […]

Владата на Орбан ги ограничи цените на храната


Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан воведе контрола на цените на основните производи во супермаркетите. Со мерката на супермаркетите ограничена му е маржата на 30 основни прехранбени артикли, кога сега може да изнесува 10 отсто над трошоците за големопродажба. Мерката, која вклучува храна како јајца, млеко и месо, ги ослободува трговците на мало со пониски годишни […]

Член на обезбедувањето на Рубио уапсен во Брисел по тепачка со локалната полиција


Член на обезбедувањето на државниот секретар на САД бил уапсен во Брисел откако станал физички агресивен со член на персоналот на хотелот и се пресметал со локалната полиција, се вели во новиот извештај. Марко Рубио и неговото обезбедување минатата недела беа во Брисел на самитот на НАТО кога се случи инцидентот, според The ​​Washington Examiner. […]

Турција ќе ја истражува Месечината следнава деценија


Анкара – Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија, како дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на Месечината. Турската вселенска програма планира да ја спроведе првата мисија на Месечината во 2028 година, а за таа цел планира да користи вселенско летало развиено и произведено […]

Мелони се сретна со британскиот крал Чарлс Трети


Рим – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го прими британскиот крал Чарлс Трети во палатата Дорија Памфили во главниот град Рим, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Средбата е дел од четиридневната државна посета на британскиот монарх на Италија. На средбата присуствуваа и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани и неговиот британски […]

Левица прашува зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ


Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција праша зошто паралелно со разгледувањето на кандидатите за Програмскиот совет на МРТ не се распишува јавен конкурс и за избор на нов генерален директор на националниот телевизија.  МРТ, кажа тој, е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и зачувувањето на […]