Вандализирана новата неотворена градинка во Бутел


Новата детска градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември годинава е вандализирана, искршени се прозорци, врати, оштетени се хидрантите, а по ѕидовите е чкртано. МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка, соопштија од градинката. […]

Брнабиќ: В понеделник седница на Собранието за новата влада


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за понеделник најави седница на која ќе се избира новата влада,јави дописникот на МИА од Белград.  „Се надевам дека седницата ќе може да започне веќе в понеделник, бидејќи треба да ја завршиме до 18 април на полноќ. Не е во ред да се работи на Велики петок. Имињата […]

Последна фотографија од извршниот директор Сименс и неговото семејство пред хеликоптерската несреќа: Сите загинаа во страшна несреќа


Се појави последната фотографија од семејството кое било во хеликоптерот кој се урна во реката Хадсон. Воздушната обиколка на едно семејство низ градот над замаглениот брег на Менхетен заврши со трагедија во четвртокот кога хеликоптерот со кој летаа се урна кај брегот на Њу Џерси, при што загинаа сите членови на семејството и пилотот, јавува […]

Владеењето на Бикот доаѓа наскоро и еве што му носи на секој знак: Еве кој треба да внимава со парите, а кому му се враќа личност од минатото


Владеењето на Бикот започнува на 20 април и трае до 21 мај, а неговото влијание ќе го почувствуваат сите хороскопски знаци. Ви пренесуваме преглед на астролошките проекции за претстојната сезона на Бик. Периодот од 20 април до 21 мај е посветен на Бикот, а нивната сезона е посветена на внатрешните трансформации. Плутон – планетата на […]

Дали се бојадисуваат парен или непарен број јајца за Велигден?


Велигден е еден од нашите најрадосни и највесели празници, симболизирајќи го враќањето на Исус Христос во живот. На Велики петок се бојадисуваат јајца, најчесто во црвена боја, што ја симболизира крвта на Исус, но и радост. На сите им е добро познато дека првото јајце го нарекувале чувар на куќата и дека стои во текот […]

Славе Ѓорѓо Димоски и Радмила Лазиќ добитници на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2025


Македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ се годинешните добитници на наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Оваа традиционална награда за животен опус, најголемата што ја доделува Друштвото, се состои од статуетка и од плакета, а на поетот и на поетесата ќе им биде врачена на манифестацијата „Празник […]

Менаџментот на „Алкалоид“ купи 1.169 акции


Петмината членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ купија 1.169 обични акции. Со петте ценовно чувствителни информации споделени преку Македонска берза, менаџментот упати и сигнали до инвеститорите за стабилноста и перспективноста на фармацевтската компанија што ја раководат. Генералниот директор, Живко Мукаетов, во сопственост има дополнителни 469 акции. Со тоа го зголемил сопственичкиот удел на 9,12 проценти. Во извештајот за […]

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк


Њујорк – Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко […]

Мбапе му објави војна на ПСЖ: Ќе бара да му се одземе лиценцата за Лигата на шампионите на клубот


Париз – Во хотелот „Пулман“ во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, адвокатскиот тим на Килијан Мбапе одржа прес-конференција на која му објави војна на Пари Сен Жермен. Адвокатите на Мбапе најавија покренување граѓанска и кривична постапка, како и работен спор и анализа од Европската фудбалска асоцијација за спорот што Мбапе го имаше со Пари […]

ОФФест повторно со извонредна програма од 5 до 8 јуни


На дваесет и четвртиот ОФФест ќе се претстават врвни артисти од 8 земји од светот во веројатно најсилната програма во последниве години. Ѕвездата на фестивалот несомнено е грандиозната пејачка MARIA JOÃO. По Лисабон, ОФФест е првата европска концертна премиера на нејзиниот волшебен нов проект – Аbundância. Покрај João во програмата се присутни уште неколку големи звезди […]

Принцот Хари се сретна со жртви од војната во Украина за време на ненајавена посета


Лондон – Британскиот принц Хари се сретна со жртвите на војната во Украина во ненајавена посета како дел од неговата тековна работа за поддршка на повредените ветерани, изјави неговиот портпарол. Војводата од Сасекс вчера го посети Центарот „Суперлуѓе“ во Лавов, ортопедска клиника и центар за рехабилитација за возрасни и деца погодени од војната во Украина. […]

Директор во Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен


Њу Џерси – Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси. Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство. Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот.  […]

ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), соопштија од Федерацијата. Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза […]

Промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе


Во кафе-книжарница Буква вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе. Акцентот во романот е ставен на приказната за помирувањето и простувањето во балканскиот историски контекст. Интенцијата на авторката е преку приказните на носечките ликови, научници од две балкански земји, да покаже дека помирувањето и простувањето е можно и […]

Сончево со мала до умерена облачност, со температура до 19 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени. Во Скопје, сончево со мала до […]

„Прада“ ја купува ривалската модна куќа „Версаче“ за 1,4 милијарди долари


Групацијата „Прада“ во четвртокот објави договор за купување на модниот ривал во Милано, „Версаче“, од американската луксузна групација Капри Холдингс под услови кои го вреднуваат едно од најпрепознатливите имиња во италијанската мода на 1,25 милијарди евра (1,4 милијарди долари). Договорот ќе го стави „Версаче“, познат по секси силуети и смелите мотиви на Греко и Медуза, […]

„Најлошото самоповредување“: Поранешната министерка за финансии на САД ја критикува трговската војна на Трамп


Поранешната американска министерка за финансии Џенет Јелен изрази загриженост за економската политика на претседателот Доналд Трамп во нејзиното прво ТВ интервју откако тој ја презеде функцијата. Таа изјави во четвртокот дека зголемениот стрес на американскиот пазар за финансии веројатно влијаел на одлуката на претседателот Доналд Трамп делумно да ги паузира неговите огромни реципрочни царини. Во […]

ЕУ би можела да лансира алтернатива на Виза, Мастеркард и Пејпал


Европа мора да се ослободи од зависноста од американските и кинеските платформи како Виза, Мастеркард, Пејпал и Алипеј (Visa, Mastercard, PayPal и Alipay) и да започне револуција во плаќањата, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, пренесува Бизнис тудеј. Лагард рече дека Европа треба да развие своја алтернатива за да обезбеди финансиски суверенитет. Според […]

Волстрит претрпе уште еден ден на големи загуби


  Акциите на Волстрит паднаа во четвртокот поради зголемените грижи околу економското влијание на тарифните политики на Доналд Трамп. Сите три главни американски берзански индекси претрпеа големи загуби, еден ден по зголеменото олеснување поради паузата на Трамп за повеќето нови царини објавени минатата недела. Според прелиминарните податоци, С&П 500 изгуби 189,79 поени, или 3,45%, за […]

Не е надлежен, но Вучиќ лично ќе ги гонел обвинителите за случајот со тракторите


  Полицијата уапси четири лица под сомнение дека во периодот од 14 до 15 март ги оштетиле трактори паркирани во близина на Пионерскиот парк во Белград непосредно ред големиот протест. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, а ова апсење следеше откако претседателот на Србија на поинаков основ го коментираше „случајот со тракторите“ […]