Редовна пролетна дератизација во Општина Аеродром


Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија. Со дератизацијата се опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, како и сите основни училишта и детски градинки. Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

Врховниот суд на Британија: Концептот за пол е бинарен, личноста е или маж или жена


Врховниот суд на Обединетото Кралство едногласно одлучи дека термините „жена“ и „род“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат исклучиво на биолошки пол, а не на законски признат пол врз основа на родовиот идентитет, јавува Би-би-си. Пресудата беше донесена во контекст на случајот изнесен пред судот од страна на шкотското здружение For Women […]

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад ги собира светските експерти на конференција во Скопје


Потенцијалите на кружната економија, зелената енергија, отпадот како ресурс, климатски акции и цели за декарбонизација, паметни и дигитални технологии во управувањето со отпад, се дел од темите на меѓународната конференција „Патување кон одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) што ќе се одржи на 29 и 30 […]

(Во живо) Прес на министерот Таравари


Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во 12 часот во Министерство за здравство (горна сала) ќе одржи прес конференција.    Проследете ја во живо:

Културните рути не се само туристички патеки: Ова се рутите на Советот на Европа во кои членува Македонија


Во време на глобални промени и предизвици, културата станува она што нè поврзува, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати на отворањето на настанот „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“, што се одржува во Скопје. -Денеска не сме тука само да […]

Костадиновски: Берзата наградува трпение и професионалност


Помала или поголема, неизвесноста секогаш е присутна на берзите, а минатата недела токму таа неизвесност предизвика големи турбуленции за сите големи светски берзи. Шокот што го предизвикаа царините на претседателот Доналд Трамп се смири откако дел од нив беа повлечени или ставени во мирување. Ова доведе до стабилизација на пазарите до крајот на седмицата, но […]

Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Во тек е […]

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил дека работи во АНБ


Денеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска […]

Цариниците спречија обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица


На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа. Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез […]

Мицотакис – новиот пријател на Трамп на Балканот


  АТИНА – Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека најде уште еден европски пријател во грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија политичка иднина виси во воздух поради опипливата фрустрација во земјата. „Го познавам, тој е добар човек“, коментираше Трамп откако Мицотакис ја повика Европа да преговара со Вашингтон во следните 90 дена за да се […]

Новиот градоначалник на Кочани: Место 32 имаме 16 пожарникари!


Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. -Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква […]

Најмногу дискриминирале државни институции


Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но […]

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на […]

ОЈО Прилеп: Се истражува финансиското работење на Прилепската болница од 2020 година од денеска


 По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција. -По претресот кај осомничени лица на осум локации е […]

Бугарија неочекувано ја одби продажбата на руските нуклеарни реактори на Украина


  Бугарија неочекувано одлучи да не ги продаде своите два неискористени руски нуклеарни реактори на Украина, пресврт во последен момент предизвикан од притисокот на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП). „Од самиот почеток бевме категорични дека овие реактори не се на продажба. Тие се клучна предност за Бугарија – дел од нашата енергетска безбедност и економска […]

Роберт Фицо нема да ја слуша Каја Калас: Ќе одам во Москва за 9 Мај


  Словачкиот премиер Роберт Фицо остро се противи на апелот на Калас во врска со посетата на Москва. Фицо го нарече „непочитување“ и „закана“ апелот на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас до лидерите да не присуствуваат на прославите на Денот на победата во мај во Москва. Оваа порака ја напиша на […]

Нова акција на студентите во блокада: Трчаат од Нови Сад до Брисел


Штотуку нивните колеги стигнаа со велосипеди во Стразбур, студентите во блокада најавија нов потфат – дел од нив ќе трчаат во штафетна трка од Нови Сад до Брисел, каде во мај ќе се одржи седница на Европскиот парламент, а на дневен ред ќе се расправа за ситуацијата во Србија. Во петок, на 25 април, 16 […]

Сериозно повреден работник на јавно претпријатие во Битола


  Јавното претрпијатие „Нискоградба“ од Битола соопшти дека негов работник бил повреден на работа. Поради сериозноста на повредите работникот е префрлен на скопските клиники. Настанот се случил денеска. „Во 8 часот се случи несреќен случај при работа. Се повреди работник на КЈП ‘Нискогардба’. Со возило на итната медицинска помош е однесен е во Клиничката болница […]

Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија


Неименуван бездомник од Калифорнија освоил милион долари на лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол која често ја посетува, пишува Гардијан. -Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално?“ „Човеку, јас повеќе не сум бездомник!“, изјавил менаџерот на продавницата, потсетувајќи се на ноќта кога била освоена […]

Доктор во Берлин убил петнаесет пациенти – потпалувал станови за да ги прикрие трагите


Берлинскиот лекар за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, објави во средата берлинското државно правобранителство. „Во моментов претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти меѓу 2021 и 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар […]