Романија во март со највисока стапка на инфлација во ЕУ


Романија е земја во ЕУ со највисока стапка на инфлација во март, при што цените се зголемија за 5,1 отсто на годишно ниво, објави ТВ Диџи 24, повикувајќи се на податоците презентирани денеска од Евростат. Во исто време, годишната стапка на инфлација во ЕУ продолжи да се намалува во март на 2,5 отсто од 2,7 […]

Јавна расправа за Предлог – законот за работно ангажирање на лица, дел од сугестиите се да се подобри законското решение


На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се одржа јавна расправа по Предлог на законот за работно ангажирање на лица – второ читање, поднесен од група пратеници. Дел од панелистите од надлежни иснституции ги истакнаа своите сугестии и предлози во насока на подобрување на законското решение. Тони Јаревски, пратеникот […]

ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати


Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе побара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра и зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти согласно Општиот колективен договор.  –  Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат […]

Стипендии за студиско усовршување и истражувања во Словенија за академската 2025/2026


Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2025/2026 година.  Како што објави МОН, доделувањето стипендии е врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија […]

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина


Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци. Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија […]

16 април во историјата – Откриени се халуциногените ефекти на ЛСД


  Во Базел, Швајцарија, Алберт Хофман, швајцарски хемичар кој работи во фармацевтската истражувачка лабораторија „Сандоз“, случајно консумира ЛСД-25, синтетичка дрога што ја создал во 1938 година како дел од неговото истражување за медицинската вредност на соединенијата на лизергинската киселина. По земањето на лекот, формално познат како диетиламид на лизергинска киселина, д-р Хофман бил вознемирен од […]

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза


Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец. -Како континуирани промотори на принципите на […]

Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин


 Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.  […]

Холандија од новиот буџет ќе одвои дополнителни 1,1 милијарда евра за одбраната


Холандската влада ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната за уште 1,1 милијарда евра, напиша лидерот на Народната партија за слобода и демократија (НПСД) Дилан Јешилгоз на „Икс“. НПСД е дел од владејачката коалиција во земјата. Одлуката за дополнителното трошење е донесена по преговорите меѓу лидерите на четирите партии од владејачката коалиција, на кои се разговарало […]

Кузмановска: Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган


Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. – Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти […]

Граѓаните најмногу се жалат на дискриминација на етничка основа


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во текот на 2024 година работеше на вкупно 485 предмети од кои 407 нови и 78 предмети пренесени од претходната, 2023 година. Од новите 407 предмети, 405 се претставки поднесени од граѓани и организации, а останатите два се постапки кои КСЗД ги поведе по службена должност.  Според […]

Харвард е „смешка“: Трамп ги засилува нападите врз универзитетот


  Претседателот Доналд Трамп ги засили своите напади врз Универзитетот Харвард и неговите факултети, откако ја одзеде институцијата од федерално финансирање поради нејзиното отфрлање на промените во политиката од неговата администрација. Додека претставниците на Трамп рекоа дека промените во политиката биле насочени кон борба против антисемитизмот, денешните напади на претседателот во голема мера се насочени […]

ЕК го стави под лупа именувањето на Петар Богојески


  Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус+“. Од Европската комисија ова го навеле во одговор на прашање од порталот „Портлаб“, откако во јавноста се појавија […]

Што се случува со ботоксот, филерите и имплантите во вселената? Еве што велат експертите


Дали ботоксот и филерите ќе експлодираат во вселената? Лорен Санчез, свршеницата на основачот на Амазон и сопственик на Блу Ориџин, Џеф Безос, им се придружи на поп-ѕвездата Кети Пери, ко-домаќинот на „CBS Mornings“ Гејл Кинг и другите на ракетата Њу Шепард на вселенската технолошка компанија за историски целосно женски вселенски лет – во полн „глам“ […]

Што ќе биде со цените откако ќе заврши ограничувањето на маржите: Дурмиши најавува нови мерки ако има потреба


Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат […]

Јанчев најави автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција


 Автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција, како и своевидни ознаки за сите безбедни објекти за секој што ќе влезе во нив да се чувствува безбедно. Ова биле двата предлога што Општина Кавадарци ги дала до Кризниот штаб. За нив денеска информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  […]

Обвинителството бара притвор за директорот на Болницата за геријатрија и за уште едно лице


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично […]

Анти-ЕУ реториката на Трамп стана дел од изборите во Албанија


  Зголемениот јаз меѓу Брисел и Вашингтон се заканува да ги засени напорите на Албанија да се приклучи на Европската унија во времето кога се соочува со критични избори. Јавните и приватните пораки од сојузниците на американскиот претседател Доналд Трамп за идната траекторија на земјата и нејзините планови да ги спроведе клучните економски реформи како […]

МВР демантира дека Коцевски ја нарушил акцијата


Министерството за внатрешни работи (МВР) ги негира и ги оценува како дезинформации објавите на дел од порталите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја нарушил вчерашната акција за приведување на уште седум полициски службеници во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.  Неколку портали утрово објавија вест со наслови во прашална форма – […]

Кафанџиите и понатаму ќе плаќаат повластена цена за терасите како во корона пандемијата


Кафулињата низ Скопје, кои се распослани со своите тераси на јавна површина сè уште плаќаат комунална такса од 5 денари за метар квадратен, откако во 2020 година беше намалена од 15 на 5 денати, во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, како една од мерките за помош на угостителството поради корона вирусот и забраните за работа. […]