Нетанјаху: Хамас викендов го отфрли предлогот за враќање на преостанатите заложници


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Појасот Газа, бидејќи бара прекин на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава. „Ако сега попуштиме пред барањата на Хамас, сите големи достигнувања од војната, кои ги постигнавме благодарение на […]

Честитка од Сиљановска за Велигден: Несреќата нека не направи помудри, подобри и похумани


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, којшто годинава во исти ден го слават сите граѓани од христијанска вероисповед во светот, упати честитка до поглаварите на Црквите во земјава: Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, до скопскиот бискуп и епарх […]

Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената


Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос. По повеќе од друм месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија. Тројцата работеле во вселената од 11 септември минатата година, пренесуваат агенциите. […]

Келог: Украина нема да влезе во НАТО


Украина нема да влезе во НАТО, а постојат други можности кои би можеле да се применат, изјави синоќа специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог. „Влегувањето на Украина во НАТО не е на маса“, изјави Келог за „Фокс њуз“ и додаде дека од 2008 година се зборува дека Украина нема да биде членка […]

Џеј Ди Венс се сретна со папата Франциск


Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на посетата на Рим имаше „кратка средба“ со папата Франциск во папската резиденција каза Санта Марта во Ватикан, пренесоа американските медиуми. Во извештаите се наведува дека средбата се случила „во момент на затегнати односи меѓу Ватикан и Вашингтон“ поради антиимиграциските мерки кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп […]

Орбан ја користи Украина за да не ги изгуби изборите во Унгарија идната година


Постерите се креваат низ цела Унгарија. „Да не им дозволиме да одлучуваат наместо нас“, гласи слоганот заедно со тројца  негативци на пропагандата на унгарската влада. Тие се: воениот лидер на Украина, Володимир Зеленски; претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер, германскиот политичар кој ја предводи централнодесничарската Европска народна партија во Европскиот […]

Денес сончево и топло до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 5 до 11 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе […]

Традиции за Велигден во Белгија: Исчезнати камбани, лов на јајца, велигденска трпеза со јагнешко…


Чествувањето на Воскресението на Исус Христос во Белгија, покрај со заедничките карактеристики со сите христијански заедници, како вапцањето јајца, постот и одењето на црковна служба, има своја особеност поврзана со легендата за исчезнувањето и враќањето на камбаните.  Според оваа легенда, која датира од седмиот век, на Велики четврток „исчезнуваат“ црковните ѕвона и „заминуваат“ во Рим […]

Масовни протести во САД против Трамп


Во САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп.  Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на […]

Христијанските верници го слават најголемиот христијански празник


Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, но и во другите христијански цркви во земјава.  Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото […]

Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го почитувавелигденскиот прекин на огнот што претходно денеска го објави неговиот руски колега Владимир Путин, но само доколку Русија го стори истото. Тој во објава на платформата Х изрази желба прекинот на огнот да продолжи и по Велигден и во таа насока предложи 30-дневно примирје. – Ако навистина […]

Папата ја критикуваше политиката на Трамп: Сега Џеј-Ди Венс се појави во Ватикан


Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во Ватикан во саботата каде што се сретна со високи претставници на католичката црква кои остро ја критикуваа репресијата што ја спроведува администрацијата на актуелниот американски претседател. Венс, католик кој се судри со папата Франциско поради репресијата на Доналд Трамп врз имигрантите, во саботата се сретна со кардиналот Пјетро Паролин, […]

Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул


 Антивладин протест организиран од најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше одржан денеска во Јозгат, град во централна Турција кој се смета за традиционално упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган. – Јозгат, кој вообичаено ја поддржува АКП на […]

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените


Опозициската СДСМ вечерва ја оцени како „бесмислена и нефункционална“ мерката на Владата за објавување на цените. Откако мерката на Владата, со која маркетите задолжително треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, наиде на голем потсмев кога беше најавена, сега истата се докажува и како целосно нефункционална, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата […]

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД. Како што соопштија од Министерството за финансии, за време на престојот Димитриеска-Кочоска на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора која живее и работи во овој дел од САД, а од […]

Почина Тоше Поп-Симонов, композитор и продуцент кој остави силен белег во македонската музика


Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина денеска на 63 годишна возраст. Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“. Тој остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, […]

Непријатна сцена во Белата куќа: Мелони ја прекина преведувачката и самата му преведе на Трамп


На важна средба меѓу италијанската премиерка Џорџија Мелони и американскиот претседател Доналд Трамп, преведувачката на италијанската премиерка била збунета па Мелони ја прекинала. Преведувачката која работи за италијанската премиерка Џорџија Мелони јавно се извини откако очигледно имала проблеми со преведувањето за време на состанокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, објави во саботата […]

Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле


Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград. „Доколку никој не ни се обрати во најбрз можен рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не е во […]

Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет, возилото е одземено


Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 – годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники. […]

ПМФЛ: Воска го напушти мечот со Вардар незадоволни од судењето


Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето. Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата. Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути […]