Дел од скопските општини Гази Баба и Карпош без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Благоја Стефковски“ бр.152. Исто така, од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од булеварот […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 24 април 2025 година, 114-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 251 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Русија ќе биде претставена на погребот на папата од министерката за култура


Русија ќе биде претставена на погребот на папата Франциск во Рим од министерката за култура Олга Љубимова, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – По одлука на претседателот Владимир Путин, Русија ќе биде претставена од министерката за култура Олга Љубимова, изјави Песков, пренесува ТАСС. На церемонијата в сабота се очекува присуство на голем број […]

Песков: Мир е можен доколку Киев се повлече од териториите под руска контрола


Русија е подготвена веднаш да ја заврши војната доколку Киев ја повлече својата војска од Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон — украински територии кои Москва ги смета за составен дел од својата територија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за францускиот венсик „Ле Поинт“. -Сите четири региони се вклучени во нашиот устав како неотуѓиви […]

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија


 Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина. „Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм. Фабриката, според украинските податоци, има капацитет […]

Димитриеска Кочоска: Проектираниот раст од 3,7 проценти реален


Проектираниот раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реален, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која престојува во Вашингтон, каде учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. -Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. […]

Поради боево гаѓање од 8 до 15 часот забрането секакво движење кај Виречка Полјана, Делчевско


Поради боево гаѓање, кај месноста Виречка Полјана, Делчевско, утре од 8:00 до 15:00 часот е забрането секакво движење на жители и добиток, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Делчево.  -На ден 24.04.2025 година (четврток) во периодот од 8.00 часот до 15.00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на […]

Драма во источно Сараево: СИПА се обиде да го приведе Додик, МВР на РС ги спречи


Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска пристигнаа во Административниот центар на Владата на Република Српска во источно Сараево, каде во тоа време беше претседателот на РС Милорад Додик. Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска […]

Вучиќ за студентските протести: Државата „ќе го избере моментот кога насилството ќе заврши“


Студентите и граѓаните кои учествуваат во блокадите „ќе продолжат со насилства“, а државата „ќе го избере моментот кога насилството ќе заврши“, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. „Државата по дефиниција има монопол врз физичката принуда, но мора да биде демократски. Државата мора да го избере моментот и тој момент […]

Индија го суспендира договорот за вода со Пакистан и го затвора главниот граничен премин по терористичкиот напад во Кашмир


Индија денеска го суспендираше договорот за споделување на водите од реката Инд со Пакистан, како сигнал дека го обвинува соседот за вчерашниот смртоносен напад во Кашмир, при кој загинаа 26 лица. Индискиот секретар за надворешни работи Викрам Мисри ја соопшти мерката на прес-конференција во Њу Делхи, откако премиерот Нарендра Моди одржа итен состанок на Советот […]

Контрола на отпадот, А и Б интегрирани дозволи, мерење издувни гасови за чист воздух во грејна сезона


 Во присуство  на министри, заменици министри, ЗЕЛС, градоначалници, директори на управи и претставници на институциите, денеска под раководство на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се одржа координативен состанок за напредокот и постигнувањата во делот на спроведувањето на Акцискиот План за подобрување на квалитетот на воздухот и на животната […]

Киев Индипендент: Признавањето на рускиот суверенитет над Крим би било кршење на меѓународното право


Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го прифати неговиот мировен план – кој вклучува признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим, аналитичарите предупредуваат дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право, пишува украинскиот весник Киев Индипендент.  Русија го окупираше и анектираше Крим во 2014 година, но […]

Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи […]

Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од инсталацијата


Денеска избувна пожар во градинка на улицата „Супилова“ во Загреб. Пожарот избувнал 10-тина минути откако наставничката им го предала и последното дете внатре на нивните родители. Подрачјето зафатено од пожарот е целосно опожарено. Фотографиите покажуваат остатоци од мебел и играчки. „Опожарена беше просторија од 60 квадратни метри, беше целосно изгорена, со мебел и детски играчки. […]

Креативноста ни е потребна повеќе од кога било досега: УНЕСКО по повод светскиот ден на книгата


Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска  го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година. На настанот беше прочитана светската порака за книгата од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, како и македонската порака која годинава ја напиша проф. д-р Славица Велева. Настанот и оваа […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април


 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни […]

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла


Директорот на Тесла, Илон Маск, сигнализира дека „значително“ ќе ја намали својата улога во американската влада, откако компанијата за електрични автомобили објави огромен пад на профитот и продажбата на почетокот од оваа година, пренесува Би-Би-Си. Маск ја води новоформираната советодавна институција – Одделот за ефикасност во владата (DOGE) – од минатата година, ставајќи го најбогатиот човек […]

ЕК ги казни „Мета“ и „Епл“ за непочитување на Законот за дигитални пазари на ЕУ


Брисел – Европската комисија утврди дека компанијата „Мета“ ја прекршила обврската од Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА) со тоа што на потрошувачите не им нуди избор на услуга што користи помалку нивни лични податоци, како и дека „Епл“ не се усогласила со ДМА во врска со понудата на нејзините управни услуги.  Како што […]

Светскиот економски форум ги истражува наводите против основачот Клаус Шваб


Женева – Светскиот економски форум (СЕФ) ги истражува наводите за финансиско и етичко недолично однесување во кое се вклучени неговиот основач и долгогодишен претседавач, Клаус Шваб, како и неговата сопруга, потврди организацијата. Потегот уследи по извештајот вчера на Волстрит журнал, во кој се детализирани обвинувањата за потенцијален конфликт на интереси и лошо управување. СЕФ денеска изјави […]