Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во посета на земјава


Во официјална посета на земјава ќе престојува потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. Домаќин на Ибрахимовиќ ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, според агендата ќе се одржи официјален пречек […]

Концерт на Националниот џез оркестар и Пјер Миле & Бети Жардан


Во Филхармонија вечер од 20 часот Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе ги има француските уметници Пјер Миле (труба) и Бети Жардан (вокал). Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин. Роден во средината на 1970-тите, Пјер Миле се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува […]

Три дена Моден викенд во Скопје: Стилот е твој, приказната е заедничка


Модата отсекогаш била повеќе од крој и текстура. Таа е културна изјава, средство за комуникација, рефлексија на времето. На јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank, модата не е само изложена – таа се живее. Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е […]

Променливо облачно со дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 25 април 2025 година, 115-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 250 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Димитриевски: Во политиката не може да се седи на две столчиња


Во политиката не може да се седи на две столчиња. Или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција, порача вечерва во „Само интервју“ на Канал 5, лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Ставот на ЗНАМ, […]

За што се сомничи Димитровска од Антикорупциска во случајот „Адитив“: Оддавала службени тајни


  Веста дека претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е осомничена за вмешаност во случајот за набавката на адитиви за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ беше на нивото на шокантен политички настан ова попладне. Никој не можеше да разбере каква може да биде поврзаноста на жената која е на чело на комисијата чија задача е […]

Украина: Одложен договорот за минерали со САД


 Украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко денеска изјави дека договорот за соработка во развојот на минерални ресурси меѓу Украина и САД нема да биде финализиран оваа недела, иако двете страни постигнале одреден напредок во преговорите. Изјавата доаѓа една недела по потпишувањето на меморандумот за разбирање, кој требаше да послужи како основа за конечниот договор. Во […]

Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер


 Со гол во последната секунда ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Битола над Еурофарм Пелистер со 35-34 (17-16) во рамки на 5 коло во плејофот и го презедоа од актуелниот шампион водството на табелата во македонската Супер лига. Во исклучително квалитетен и драматичен натпревар, Вардар 1961 водеше од самиот почеток, но до победата дојде […]

Без размислување влегле во запалена куќа: Две момчиња од Дебарско херои во Италија, спасиле неколку лица


Две момчиња по потекло од дебарскиот крај се херои во Италија откако не двоумејќи се влегле во куќа која горела во Виа Паролини, Басано дел Грапа и спасиле четири животи. Според италијанските медиуми „Македонците – херои се Алмир Иљази и Орхан Емро кои спасиле две постари жени кои се гушеле во чад, уште една жена […]

Инвеститорите на Тесла недоверливи и покрај најавата на Маск за повлекување од политиката


По најавата на Илон Маск дека во мај ќе го прекине својот политички ангажман во Одделот за ефикасност на Владата на САД (ДОГЕ) се зголеми вредноста на акциите на неговата фирма Тесла, но голем број онлајн трговци истакнаа дека компанијата веќе претрпела штета. Одлуката на Маск да се повлече од политиката уследи по неколкумесечните критики […]

Затворен базенот во „Борис Трајковски“ – паднал дел од таванот


Од спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека пливачкиот базен привремено да нема да работи. – Поради изведба на технички зафати од поголеми размери, пливачкиот базен нема да работи од 22.04.2025. За повторно отпочнување со работа, навремено ќе бидете известени на веб страната, како и на фејсбук страната. Интензивно работиме на отстранување на дефектот и на […]

МЕРМС: Состојбата со електричната енергија под постојан надзор, мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок за време на празниците


Ресорската група за енергетика, при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), информира дека денеска на состанок биле разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот, при што е заклучено дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок (за време на празниците), без поголеми нарушувања, а сите […]

Одземен пасошот на актуелната претседателка на ДКСК за предметот “Адитив“


Судот го прифати предлогот на обвинителството и определи мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена во рамки на истрагата за предметот „Адитив“. -Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во […]

Крстевски: Собранието покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани


Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски упати реакција во која како скандалозна ја оценува изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта кон настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан. – Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во […]

Со европски пари ќе се направат 87 пречистителни станици


За Република Северна Македонија, најголемите предизвици за Поглавјето 27 остануваат во областа на управувањето со води и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивите за отпадни води и вода за пиење предвидува вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година. Со овие средства е предвидена изградба на 87 пречистителни […]

Битолчани ќе добијат бесплатни WiFi зони


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за […]

Реформи, а не датуми – амбасадорите за придобивките од зачленувањето во ЕУ


Амбасадорите на Финска, Шведска и Австрија, Никлас Линдквист, Ами Ларсон Џаин и Мартин Памер денеска порачаа дека најважно за Северна Македонија е да ги направи сите неопходни реформи и да остане на евроинтегративниот пат. Во однос на билатералното прашање со Бугарија, шведската амбасадорка смета дека тоа е одлука која што треба да се донесе од […]

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав


Белград – Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката […]

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската ЗОО


Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна добросостојба. „Она што го видов не беше само разочарувачко – беше вознемирувачко“, пишува Мокошеин. Таа додава дека смета оти „условите во кои се чуваат […]