ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили


Повеќе од 480 цивили се убиени во изминатите две недели во северниот дел на Дарфур во Судан, соопштија денеска Обединети нации, истакнувајќи оти најверојатно бројот на загинати е многу поголем. Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека е потврдено оти од 10 април загинале најмалку 481 човек во северниот дел на Дарфур. Помеѓу загинатите […]

Француски Алстом ќе испорача 35 електрични возови на Бугарија за 600 милиони евра


 Францускиот производител на железнички возила „Алстом“ објави дека потпишал договор со бугарското Министерство за транспорт и комуникации за испорака на 35 електрични меѓурегионални возови од типот Coradia Stream, заедно со 15-годишно одржување. Проектот ќе го реализираат „Алстом“ и бугарската компанија RVP Invest, која ќе обезбеди објект за одржување на возовите. Вкупната вредност на договорот изнесува […]

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. – Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина. Според Уставот на Украина сите привремено окупирани територии … ѝ припаѓаат […]

Администрацијата на Трамп ја повлече одлуката за поништување на визите за илјадници странски студенти


Администрација на претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано ја повлече одлуката за поништување на над 1.500 студентски визи, изјави денеска претставникот на Министерството за правда за време на судско рочиште во Вашингтон, Џозеф Карили. Тој додаде дека имиграциските служби работат на нов систем за преглед и евентуално укинување на визи, и дека додека не заврши […]

Стеванче Јорданоски е нов претседател на Националната федерација на фармери


 Стеванче Јорданоски е избран за нов претседател на Националната федерација на фармери на денешната конститутивна седница на новиот Управен одбор на НФФ и изборната седница на Генералното собрание на здружението, која се одржала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.  НФФ соопшти дека Јорданоски е долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското […]

Власта на Трамп почна да апси и судии кои не се послушни


  Федералното истражно биро уапси судијка од округот Милвоки, Висконсин, во петокот, изјави директорот на ФБИ, Каш Пател, на социјалните мрежи, обвинувајќи ја дека му помогнала на недокументиран имигрантк да избегне апсење. Судијката Хана Дуган се соочува со две обвиненија за попречување и прикривање на лицето од апсење. „Веруваме дека судијката Дуган намерно ги заведувала […]

Поранешниот конгресмен Џорџ Сантос осуден на седум години затвор за измамничка кампања


  Џорџ Сантос, поранешниот посрамотен конгресмен на САД, беше осуден на повеќе од седум години затвор во петокот, со што се стави крај на една извонредна контроверзност што започна со измамничка конгресна кампања. 36-годишниот Сантос беше осуден рано наутро во петокот во Њујорк. Тој не одговараше на прашањата додека влегуваше во судницата во предградието на […]

Општина Центар аплицира со 8 проекти за унгарските пари – за општинска зграда не стигна


Општина Центар ќе аплицира со осум проекти за парите од унгарскиот кредит што Владата преку ресорните министерства ги распределува низ општините, но меѓу нив не е новата општинска зграда. – Ќе аплицираме со осу проекти. Имаме подготвени апликации за изградба на 4 пјацети, две реконструкции на фекална и атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување на […]

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Измислиле цела општинска лига, правеле записници од натпревари што не се одиграле…


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука ОФС Охрид поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица […]

ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2


Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3.  Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Последната, […]

Почина лицето рането во престрелката меѓу две групи на Бит пазар


Едно лице беше рането , а попладнево им подлегна на повредите во пукотница која се случи попладнево во близина на Бит пазар во Скопје. Едно лице загина во вооружена престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на полициската станица. Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на  улицата „Војдан Чернодрински“. […]

Зеленски: Повеќето компоненти од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓаат од САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја. „Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. […]

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ вети дисциплинирана фискална политика


Владата цврсто е определена за спроведување на фискаланата политика дефинирана со Законот за буџети и Фискалната стратегија, а насочена кон зацврстување на макроекономската стабилност. Целта е постепена фискална консолидација и заштеди во Буџетот и поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-генералниот директор […]

Регионална конференција во Охрид: Одржливиот транспорт е заедничка одговорност


Воспоставување повеќеслојна структура на управување што ќе овозможи координација во активностите на сите нивоа на власт и ефикасна меѓуресорска соработка помеѓу клучните сектори – транспорт, просторно планирање и животна средина, се предуслови за изградба на функционални и квалитетни системи на мобилност, што ќе бидат во полза на граѓаните – а не обратно. Одржливиот транспорт претставува […]

Србија бара од САД продолжување на лиценцата и одлагање на санкциите против НИС


Владата на Србија денес испрати писмо до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, во кое бара продолжување на посебната лиценца што би го одложила целосното спроведување на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) по 28 април, соопшти српското Министерство за рударство и енергетика. Шефицата на тоа министерство, […]

„Епл“ ќе го префрли производство на „ајфони“ од Кина во Индија


  Според извештаите, „Епл“ планира да го префрли склопувањето на сите „ајфони“ за американскиот пазар во Индија, бидејќи компанијата се стреми да ја намали својата зависност од кинеската производствена база поради трговската војна на Доналд Трамп. Технолошката компанија вредна 3 билиони долари има за цел да го направи овој пресврт уште следната година, објави „Фајненшел […]

Сообраќајка го парализираше центарот на Скопје


Тешка сообраќајна несреќа со учество на повеќе возила попладнево се случи на раскрсницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Несреќата предизвика голема гужва и долги колони возила, поради што се апелира до возачите да го избегнуваат овој дел од градот додека трае увидот и расчистувањето на патот. Повеќе информации се […]

 Ценометар.мк повторно со ажурирани цени – проверете каде ќе заштедите најмногу


По подолг временски период, платформата www.cenometar.mk повторно располага со ажурирани податоци за цените на најкористените прехранбени производи во македонските маркети. Сите поголеми синџири на маркети доставија актуелни информации за цените на производите кои секојдневно се купуваат од страна на граѓаните.   Со помош на табелите за споредба на Ценометар.мк, потрошувачите сега можат лесно и транспарентно да направат […]

Карпош ќе му помогне на Кочани за инспекцискиот надзор


  Општина Карпош ќе ѝ помогне на Општина Кочани во делот на инспекцискиот надзор, со совети за прибирање приходи, во делот на урбанизмот, комуналната инфраструктура и во обидите да се привлечат инвеститори, да се отворат работни места и покрај трагедијата да не се дозволи раселување на жителите. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Карпош […]

Кривична протиив тројца полицајци од Кочани за пожарот во дискотеката „Пулс“


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.Б.,  Г.Л. и А.Т. поради постоење основи […]