„Волт“ официјално стартува во Македонија, услугите за испорака достапни во Скопје


„Волт“ (Wolt), глобално призната технолошка компанија позната по услугите за испорака, официјално стартува во Северна Македонија, носејќи брза, сигурна и висококвалитетна испорака до клиентите во Скопје. Со неколку стотици партнерски ресторани и трговци на мало и мрежа од неколку десетици курирски партнери, „Волт“ треба да ја редефинира удобноста во земјата, соопштија од компанијата. Во соопштението […]

Едногласна поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор


Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.  Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во […]

Подготвен Закон за едношалтерска околина, ќе обедини услуги на 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока


Денеска на седница на Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем бил усвоен предлог на Законот за едношалтерска околина, нов закон со кој ќе се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока. Со Комитетот претседавал заменик претседателот на Владата и министер за транспорт […]

Се расипа најновиот трамвај во Загреб, вчера го пуштија во употреба


Утрово во 8.20 часот, имаше технички потешкотии со погонскиот систем на трамвајот 2402 на улицата „Град Вуковар“. Станува збор за нов трамвај „Кончар“ кој вчера беше пуштен во употреба на линијата број 13, која сообраќа од Житњак до плоштадот Кватерников. Расипаниот трамвај, до депото го влечеше камион. Се очекуваат повремени потешкотии со новата серија трамваи, […]

Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!


Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот за синдикати на Македонија, кажа дека утре ќе одржат марш со кој ќе бараат подобрен животен стандард за работниците, преку покачување на платите. Упати порака до ВМРО-ДПМНЕ дека истите барања ќе ги има и да зема 60.000 плата, но и ако зема 300.000 денари плата. Маршот ќе започне во 12:05 […]

Таравари прави простор да ја напушти Вреди?


Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими се оградија од Арбен Таравари дека имаат канали за комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Демократско движење, Беса и Алтернатива се децидни дека немаат никаква соработка со ДУИ и со Ахмети. Со ова трите партнери дополнително се дистанцираа од Таравари, откако со него се разидоа за тоа […]

Сарамаков доби 30 дена притвор


Вкупно 30-дена притвор му е одреден на Ангел Сарамаков, членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера беше приведен за кривичното дело „оддавање службена тајна“. Казните за ова дело се од една до 20 години. Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени […]

Општина Аеродром доделува признанија за особени постигнувања во различни области


Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром. Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и […]

На денешен ден 1976 година основан е Apple – погледнете го првото лого


Денес Apple Inc. важи за една од највредните и највлијателните технолошки компании во светот. Но, нејзиното патување до врвот започна скромно, на 1 април 1976 година, во малото гратче Купертино, Калифорнија. На тој ден, тројца ентузијасти – Стив Џобс, Стив Возниак и Роналд Вејн – ја основаа Компјутерската компанија Епл, со визија за создавање револуционерни […]

Таравари: Мицкоски со право ги условува уставните промени


Премиерот Христијан Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат Уставните промени и мислам дека сосема е во право за тоа. Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат Уставни промени, истакна министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање. -Треба да видиме кои се можни опции […]

Додик во Москва и покрај налогот за апсење


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого Судот на БиХ издаде налог за апсење, пристигна синоќа во Москва, од каде преку видео порака на социјалната мрежа икс се обрати до јавноста, јави регионалната телевизија „Н1“. „Пристигнав во Москва. Секогаш го започнувам мојот престој тука со посета на Споменикот на непознатиот војник, оддавајќи почит на […]

Македонските православни цркви во Торонто во заедничка хуманитарна акција за настраданите во Кочани


Со благослов на митрополитот Американско-канадски на МПЦ -ОА г.Методиј, во македонскиот православен епархиски храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, во организација на сите македонски православни цркви во Канада, изминатиотв викенд се одржа голем хуманитарен настан за собирање финансиски средства за настраданите во трагичниот пожар во Кочани. На настанот присуствуваа архиерејскиот заменик и намесник на Американско-канадска […]

Две рачни бомби фрлени врз поштата на северот на Косово, една експлодирала


 Во зградата на Поштата на Косово во Звечане, на северот од земјата, вечерва по полноќ биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала предизвикувајќи материјална штета, јавува Anadolu. Косовската полиција соопшти дека е активирана една рачна бомба, но нема повредени. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ. „Надлежните полициски единици по пристигнувањето на местото […]

За четири дена фатени 234 возачи кои возеле без возачка дозвола


Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд – 28, 29, 30 и 31 март во рамки на редовните сообраќајни контроли на територија на цела држава полицијата издала 2.508 платни налози за сторени прекршоци, како по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така и по основ на […]

Првата од петте фази на штрајкот во училиштата во Хрватска почнува денеска во Далмација


Првата од петте планирани фази на штрајкот во хрватските училишта, организирана од три синдикати, започнува денеска во четири далматински окрузи, пренесе ХРТ. Далмација е првиот регион што штрајкува, бидејќи таму беше најголем одѕив на предупредувачкиот штрајк на 19 март. Министерството за образование на Хрватска повтори дека нема причини за штрајк. Наставниците бараат зголемување на основната […]

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди


Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати, но од следната недела ќе почнат да се враќаат и оние со потешки повреди за кои ќе треба рехабилитација. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека разгледуваат повеќе можности за продолжување на нивното лекување по […]

Го разбраа ли доволно поетот Раде Силјан?


„Лажно време“ е насловот на книгата со избор од поезијата на Раде Силјан што деновиве се појави во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Овој репрезентативен зборник на творештвото на еден од најзначајните современи македонски поети, е во избор и со предговор на д-р Весна Мојсова – Чепишевска, а се објавува […]

Во Малезија пукна гасовод, голем пожар зафати неколку згради


Истекување од гасовод предизвика голем пожар денеска во предградијата на Куала Лумпур, главниот град на Малезија, што доведе до евакуација на околните згради. Пожарот во близина на бензински пумпи во централната држава Селангор е видлив од неколку километри. Пожарникарите во сојузната држава Селангор соопштија дека истекувањето на гасоводот се протега на околу 500 метри, а […]

Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари


Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само девет месеци мандат од оваа Влада, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.  

(Видео) „Спејс Икс“ лансираше невидена мисија со екипаж – летаат во обратен правец


Американската приватна вселенска компанија SpaceX, во сопственост на милијардерот Илон Маск, лансираше невидена мисија со екипаж – четворица патници отпатуваа во вселената на повеќедневниот лет, а ниту еден не успеал директно да го надмине северниот лет. This is the first time humans have been in orbit around the poles of Earth! https://t.co/mbmKkADED2 — Elon Musk […]