Мицкоски потврди дека полицискиот „крт“ Сарамаков бил негов избор


Премиерот Христијан Мицкоски  денес потврди дека членот на обезбедување, Ангел Сарамаков, кој во моментов е во притвор поради основи за сомневање дека издавал државни тајни,  бил назначен за обезбедување откако тој бил избран за премиер. – Мора да признаете дека ова не било случај во минатото. Се сеќаваме на многу такви „јунаци“ кои беа во […]

(Во живо) Јавна седница на ССМ пред Собрание


Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред законодавниот дом одржува јавна седница на највисоките тела на Синдикатот по што ќе се упати кон Стопанската комора на Македонија и кон Владата. Со ваквиот чекор, синдикатот изразува незадоволство од одлуката минималната плата да се зголеми 1.800 денари без таа да помине на Економско-социјалниот совет што, според синдикатот, […]

Затворен мостот кај Башино село поради висок водостој на Вардар


Од Македонија пат известуваат дека сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 на мостот на река Вардар кај Башино село ќе биде времено затворен за сообраќај за сите видови на возила поради висок водостој на Вардар. ЦУК информира и дека според последните информации од Општина Студеничани добиено е известување дека мостот кај Љубош е пуштен за […]

Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“


Во насока на поддршка на малите претприемачи и создавање можности за нивна поголема видливост и пласирање на производите, Дајмонд мол со гордост гo најавува „Цветниот фестивал“, кој ќе ја збогати програмата на пролетни настани во Скопје. Од 3 до 6 април, Дајмонд мол ќе биде домаќин на „Цветен фестивал“, каде ќе се слави убавината на […]

Стефковски донираше инвертер клима уреди на Брза помош


Градоначалникот на општина Гази Баба ја посети Единицата за итна медицинска помош. – Имав задоволство да ја посетам единицата за итна медицинска помош. Ја изразив мојата благодарност до целиот медицински персонал за пожртвуваноста при справувањето со последиците од несреќата во Кочани. Овие луѓе заедно со докторите и целиот персонал во болниците се нашите херои – […]

„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра и над 600 работни места


Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од 18.200 метри квадратни изнесува 40 милиони евра и треба да отвори над 600 работни места до 2027 година. Новиот капацитет е втора фабрика на Магна во државава.  Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста во присуство на […]

Филипче ќе побара средба со Мицкоски, целта е државата да се ослободи од „канџите“ на политиката


 Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги образложи денес на прес конференција темите кои според него треба да бидат на маса на евентуална лидерската средба, па и повеќе од тоа – да бидат тема за општествен договор. Мотив за лидерската средба, како што рече Филипче, е алармот на граѓаните дека е потребен политички и општествен дијалог […]

Двеста гости, венчаница на Оскар де ла Рента: Ова се деталите за свадбата на Безос и Санчез


Веста за големата венчавка на поранешната телевизиска водителка и новинарка Лорен Санчез (55) и основачот на Амазон Џеф Безос (61) во Венеција сега е и официјално потврдена, откако градоначалникот Луиџи Бруњаро објави дека таа ќе се одржи во неговиот град и дека се е договорено за церемонијата на која ќе се соберат двесте гости, пренесува […]

Наредната недела нацрт верзија на измените на Законот за угостителска дејност


 Во текот на наредната недела пред членовите на Владата ќе биде претставена нацрт верзијата на измените за Законот за угостителска дејност, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“. Прашан зошто во овие девет месеци откако […]

Преку дебата до одлука дали ќе се прават измени или ќе се оди со нов закон за работни односи


Трудовото законодавство е од витално значење за економијата и за постигнување економска ефикасност и добросостојба на населението како целина, а Законот за работни односи има значајна улога во обезбедувањето легислативна рамка за правични и ефикасни работни односи што треба да промовираат продуктивно пристојно вработување и социјален мир, порача денеска министерот за економија и труд Бесар […]

Тарифите на Трамп ќе ги погодат фармацевтските производи, храната и модата, изјави шефот на италијанската индустрија


Тарифите од САД ќе го погодат италијанскиот фармацевтски сектор, извозот на храна и многу важната модна индустрија во земјата, изјави Емануеле Орсини, шеф на главната индустриска организација во Италија, јави Би-Би-Си. Тој повикува на намалување на каматните стапки за да се неутрализираат овие ефекти, но на подолг рок, тој вели дека трговијата во Европа треба […]

Филков го плаќа цехот за хаотичната политика околу правосудството


Само што стивна Кочани, почна да врие во политичките кругови,  каде што почнуваат подготовки за локалните избори. Покрај првите политички пукнатини во коалицијата Вреди, што навестуваат нејзин можен распад, „пукна“ и на релација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, преку кавгата на пратеникот Антонио Милошоски со министерот за правда Игор Филков. Откако Милошоски го нарече Филков „слаб“ […]

Лоша е состојбата со хидрантските мрежи во колективните згради во Битола


БИТОЛА – Трагедијата во Кочани од 16 март отвори многу прашања околу безбедноста на граѓаните од пожари и поплави особено во колективните згради. По апелот на битолчани во каква состојба е хидрантската мрежа во колективните згради и дали има ПП апарати и дали функционираат противпожарните скали, се разоткрија низа пропусти и аномалии. Известувањето со констатираната […]

Речиси половина од судовите лани биле неажурни – нерешени 135.000 предмети


Речиси половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови, ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година. Според известителот Павлина […]

Тројца од Кривопаланечко убиле старец – го закопале близу неговата куќа


Вчера,  во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44)  од село Луке, Кривопаланечко.   Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.   Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на […]

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции


Масовни отпуштања почнаа денеска во големите американски здравствени агенции, додека администрацијата на Доналд Трамп тргнува во сеопфатно и научно оспорувано реструктуирање кое ќе укине 10.000 работни места. Американскиот министер за здравство Роберт Ф.Кенеди рече дека отпуштањата се дел од големата реформа на неговиот оддел, со цел пренасочување на напорите за превенција на хроничните болести. Нарекувајќи […]

Татковците ќе се разочараат: Децата ги наследуваат овие четири особини од нивните мајки


Од нашите родители наследуваме се, од однесување до интелигенција. Иако генетиката е сложена работа, истражувањата покажаа дека некои специфични особини ги наследуваме само од нашата мајка. Интелигенција Големото истражување на Универзитетот во Глазгов, во кое беа анкетирани повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, покажа кои фактори влијаат на интелигенцијата, […]

Ако минималната плата не се објавеше до 31 март, ќе се блокираше целата држава, вели Дурмиши


 Живееме во демократија и секој има право да излезе на улица и да протестира и да го каже својот револт, но на синдикатите веќе им истече мандатот и веќе не се репрезентативни, порача денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. -Како Влада ја формиравме комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите и […]

Над 300 вработени ја напуштија ХРТ


До 31 март, Хрватската радио-телевизија (ХРТ) ја напуштија 333 вработени кои потпишаа меѓусебен раскин на договорите за вработување врз основа на Одлуката за условите и висината на отпремнината, која во јануари ја донесе генералниот директор Роберт Швеб, а се применуваше до последниот ден од март. Програмската деловна единица ја напуштиле најголемиот број вработени во ХРТ […]

Советот на јавни обвинители донесе негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски


Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот […]