Уште 101 возач фатени без возачка дозвола


Во првите два дена (01/02.04) од овој месец продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 1.296 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани беа […]

Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западниот Балкан


 НАТО е посветен на обезбедување на стабилноста на Западниот Балкан, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте при пристигнувањето на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Пактот во Брисел, на која учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.   – Заедно со нашите пет сојузници – Црна […]

Секој што злоупотребил патни трошоци ќе одговара, тврди Тошковски


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека секој што сторил злоупотреба со патни трошоци ќе одговара. Ова следува по кривичната пријава која што МВР ја поднесе против десет полициски службеници за незаконито наплатување средства од државниот Буџет. Тошковски ги охрабри истражувачките новинари да откриваат злоупотреби во однос на патните трошоци и кај пратениците и […]

Семејствата на жртвите од Модуларната болница бараат обнова на истрагата


Претставници на семејствата на жртвите од трагедијата во Модуларната болница во Тетово пред тетовскиот Основен суд одржаа прес-конференција, на која истакнаа дека се приклучуваат кон јавното писмо од Иницијатива Нула до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Според претставниците на семејствата, постојат сериозни докази за кои сметаат дека Обвинителството ги има отфрлено во досегашната постапка пред […]

Кралска елеганција без тијара во Париз: Се сретнаа францускиот и скандинавскиот шик


Кога станува збор за нашата перцепција за националните сарториски идентитети, не можете да најдете два повеќе дијаметрално спротивни од кул минимализмот и авангардните силуети на Скандинавија, и елегантната префинетост на Франција и придржувањето кон безвременските стилски правила. Сепак, и покрај оваа потенцијална пречка, данската кралица Марија одржа мастерклас во комбинирање на двата стила за време […]

Обвинение за таткото на Васил, повеќе од две години му давал да го вози возилото без возачка


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со […]

(Видео) Градоначалникот Митовски: Водата во Крива Река е неупотреблива за било што


Крива Река се соочува со сериозно загадување, резултати од анализите покажуваат дека водата е неупотреблива за каква било намена. Овие анализи, спроведени од Институтот за јавно здравје и акредитирана лабораторија на барање на риболовното друштво „Мрена“ и Општина Крива Паланка, откриваат шокантни информации, соопшти денес градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски на прес конференција. Тој […]

Герасимовски: Комунална хигиена и Град Скопје повторно потфрлија, ние ги исчистивме контејнерите во Дебар маало


Град Скопје и ЈП Комунална хигиена повторно потфрлија со одржувањето на хигиената на територија на Центар. Утрово, дебармаалци се соочија со идентична глетка како од пред два месеци – преполни контејнери со смет и лоша миризба кои не само што се закана по здравјето на центарци, туку, исто така и го нагрдува изгледот на централното […]

Турската полиција приведе 11 лица во врска со повиците за бојкот


Турската полиција приведе 11 лица во рамки на истрагата за повиците за бојкот што се шират на социјалните мрежи, пренесе ДПА. Главниот обвинител на Истанбул започна истрага по обвиненијата за дискриминација и поттикнување општество кон омраза и непријателство, јавува турската приватна телевизија НТВ. Во рамки на истрагата издадени се 16 потерници за апсење. По апсењето […]

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството


Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил одредено дејствие врз основа на кое што ќе може да се извади причинско последична врска со предметниот кривично-правен настан, посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обраќањето на Јавната дебата по повод Неделата […]

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река


По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, […]

Агенцијата за управување со одземен имот несоодветно го чувала, утврдила ревизијата


 Несоодветно чување на одземените предмети со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот и немање транспаретност во продажбата на недвижниот имот, одземените предмети и конфискуваниот имот, утврдиле ревизорите при контролата во оваа Агенција.  Анализите на ревизорите покажува дека чувањето и складирањето на одземените предмети и моторните возила не овозможуваат заштита на истите од уништување […]

Метју Витакер e новиот амбасадор на САД во НАТО


Брисел – Новиот постојан претставник на САД во НАТО, амбасадорот Метју Витакер, ја потврди целосната посветеност на неговата земја кон НАТО и членот 5 од Вашингтонскиот договор. Ова се наведува во соопштението на американската делегација во НАТО по повод денешното инаугурирање на амбасадорот. „Подготвен сум веднаш да почнам со работа и со нетрпение очекувам да и […]

 Нема тарифи на Трамп за Русија, казнета е Украина иако води војна за преживување


Претставникот за инвестиции на Владимир Путин, Кирил Дмитриев, се состана вчера со американски официјални претставници во Вашингтон,  додека администрацијата на Трамп ги разгледува деловните зделки со Москва, иако Русија продолжува да води војна против Украина и одбива прекин на огнот. Поради војната, Дмитриев е под санкции кои САД мораа да ги суспендираат за да може […]

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна […]

Владината коалиција во криза: Место Мицкоски да ги смени обвинителите, тие ги апсат неговите


Владината коалиција во Македонија сè повеќе изгледа како разнишан брод кој едвај плови во политичките бури што секојдневно се засилуваат, пишува порталот „Рацин“. Од ден на ден, несогласувањата, конфликтите и разединувањата меѓу нејзините членови стануваат сè поочигледни, поткопувајќи ја стабилноста на владејачката структура.Последниот во низата судири е оној меѓу пратеникот Антонио Милошоски и министерот за […]

Трамп воведе царини на фоките и пингвините, единствените „жители“ на австралиски острови


Критичарите ги исмеваат Белата куќа и американскиот претседател Доналд Трамп затоа што ги вклучиле Островите Херд и Мекдоналд на листата на меѓусебни царини. Имено, воведена е тарифа од 10 отсто за овие субантарктички острови во Индискиот Океан кои се населени само со фоки, птици и пингвини! Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои ја сочинуваат најоддалечената […]

ДУИ: Мицкоски и Филипче ќе разговараат како да се отстранат Албанците од власта


Средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на СДСМ, Венко Филипче, ја зголеми нервозата во ДУИ кои подолг период се гледаат себе како жртва на партиски дилови.Во реакцијата денес ДУИ тврдат дека на лидерската средба ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во […]

Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства


Букурешт – Белгискиот глумец Жан-Клод ван Дам е обвинет за вмешаност во сексуални злосторства. Според наводите на обвинението, ѕвездата од боречко-акционите филмови имал сексуални односи со пет жени од Романија, а се тврди дека му биле испратени од криминална организација којашто се занимава со трговија со луѓе. Ван Дам (65), се наведува, знаел за потеклото […]

Еве колку ќе го чинат едно семејство новите царини на Трамп – цените растат од утре


Предложените американски тарифи, објавени на Денот на независноста, би можеле да го чинат секое американско домаќинство илјадници долари годишно, нанесувајќи им значителен финансиски удар на работничките и семејствата од средната класа, изјави еден економист за Си-ен-ен. Тарифите на Трамп би можеле да ги чинат американските домаќинства 5.000 долари годишно, предупредува економистот на Крис Лау од […]