Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег


 Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Како што најавуваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места […]

Промоција на тритомното издание за Кочо Рацин во МАНУ


Во амфитератарот на МАНУ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на тритомното издание Кочо Рацин (поезија, проза и публицистика и животописот на Рацин). Свое обраќање ќе имаат претседателот на МАНУ, Живко Попов и академик Катица Ќулавкова. Промотори на изданието ќе бидат Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на том 1, Искра […]

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити


Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март. Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД,  во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, […]

Националните паркови и годинава ќе добијат пари од буџетот, ќе градат пристаништа и инфо центри


Четирите национални паркови во земјата и оваа година ќе добијат средства од државниот буџет. Во годишната програма за природа на Министерството за животна средина се обезбедени 20 милиони денари, или околу 325.000 евра кои ќе треба да се наменат за активности со кои ќе се унапреди нивната работата и ќе се обезбеди потребната инфраструктура за […]

Полицијата одзеде десет возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје


Одземени се десет автомобили поради основано сомнение за нивна техничка неисправност, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму велат дека денес во СВР Скопје било пријавено оти на булеварот „Трета македонска бригада“ се одвиваат таканаречени „диви трки“ со автомобили кои предизвикуваат голема бучава. По пријавата, полицијата ги запрела возилата и привремено ги одзела. „На […]

МНТ на регионална турнеја


Во рамките од одбележувањето на 80. јубилеј, од градењето и создавањето на МНТ, продолжуваме и понатаму да патуваме. Турнејата на МНТ ќе започне со најактуелните претстави од големата и малата сцена, а тоа се претставите: „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од […]

Без струја повеќе скопски општини, без вода корисници од улицата „Ванчо Мицков“


Без електрична енергија денес ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел, Аеродром и Сопиште. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, денес од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 7 април  2025 година, 97-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 268 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 19 часот и 6 минути. Денов трае 12 часа и 59 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Максим Димитриевски демантира дека ќе биде министер за одбрана


Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Максим Димитриевски ќе има свој кандидат за градоначалник во Куманово. Од партијата соопштуваат исто така дека владиното мнозинство е стабилно и дека нема преговори за размена на ресори со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, откако се појавија информации дека Максим Димитриевски може да биде идниот министер за одбрана. „ЗНАМ за […]

(Фото) Од снегот паднаа дрвја и оштетија автомобили во Битола


БИТОЛА – Од тежината на снегот дрвја паднаа врз паркирани автомобили во Битола на ул, Димче Лахчански” и во центарот на градот кај Зелениот пазар. Паднатите дрвја направиле штета врз паркираните автомобили. На лице место екипи на ЈКП Комуналец Битола ги отстрануваат паднатите дрвја.   Од денеска попладнето врне снег во Битола, а снегот е значително […]

Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут, ендокринолог, за нов мандатар на српската влада


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва предложи мандатар за новата српска влада. Изборот е Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог. Дипломорал, магистирал и докторирал во Белград, каде е и професор. Според Н1, најтесните специјалности на Мацут се: репродуктивна ендокринологија: особено полицистични јајници и нивната улога на плодноста и метаболизмот, неуроендокринолоија и метаболички болести ( дијабет и ендокрини основи […]

Филипче добил 18.001 глас за претседател на СДСМ, никој не гласал против


Вкупно 18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче, од запишаните 23.712.  Од нив Филипче добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште, по што ова беше поздравено со долг аплауз. „Му честитам претседателот Венко […]

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ е силна, спремна и консолидирана, се враќаме на победничите патеки


Откако беше избран без ниту еден глас против, старо-новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, се заблагодари на членовите и посочи дека се подготвуваат за локалните избори, како и за борба со Владата. Тој посочи дека Владата е неспособна, а за локалните избори најави лица кои ќе имаат кредибилитет. „Ова не е само моја победа, туку […]

Таравари добил најмногу, но сака уште од изборниот „плен“ на ВЛЕН на локалните избори


„Од следната недела ќе организираме состанок со ограноците со нашата партија за да ја чуеме нивната порака, што мисли избирачот, не само членот, затоа што од членовите добиваме рефлексија тука, но ни е важно и мислењето на избирачите. Без разлика како ќе одлучиме, каква и да е поделбата што ќе ја направиме, на крајот гласачот […]

Мицкоски разговарал со Филипче и за „кабелот“


Откако по трагедијата во Кочани, претседателот на Владата Христијан Мицкоски најави дека ќе се отворат и претходни случаи за да се најде одговор за тоа како се изгубиле човечки животи, денес од Тетово сподели дека за тоа зборувал и со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање дали двајцата зборувале „за вистинска одговорност […]

Настрадан од Кочани се враќа од Љубљана, во странство остануваат 68 лица


Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани. – Најавени се неколку исписи за […]

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори


Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција денеска побара одржување на предвремени претседателски избори „најдоцна во ноември“, по десетдневни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул. „Ќе се соочите со нашиот кандидат најдоцна во ноември. Ова е предизвик за вас“, рече лидерот на опозициската Републиканска народна партија, Озгур Озел, обраќајќи му се на претседателот на […]

Во САД најавени нови протести против „Тесла“


Десетици протести пред продавници на Teесла ширум САД се најавени за денеска како дел од кампањата на масовен отпор кон нејзиниот извршен директор Илон Маск поради улогата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, поради обемната реформа на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На масовни протести повикаа од продемократски движења, организации […]

Уште еден полицаец ќе одговара за „поршето“ на Керим


Министерството за внатешни работи (МВР) поведе дисциплинска постапка и за полицаецот кој прво одби, а потоа нареди пајакот да го крене „поршето“ на ексминистерот Срѓан Керим паркирано на велосипедска патека пред ресторан во скопско Дебар Маало на 22 март, потврди МВР за телевизија Телма. На 4 април, МВР поведе дисциплинска постапка за двајца полициски службеници […]

Абазовиќ: Нема да дозволиме никој да ни го земе Улцињ


Поранешниот премиер на Црна Гора и лидер на Движењето УРА(МОСТ), Дритан Абазовиќ, за албанска А2 Си-Ен-Ен, по протестот организиран од општина Улцињ, која се противи на одлуката на црногорската влада да даде дел од брегот на арапски инвеститори, изјави дека “оние кои се за овој проект сакаат да го искоренат Улцињ и Албанците”. Додава дека […]