Скокна индексот на страв на Волстрит


VIX, познат и како „индекс на страв“ на Волстрит, утринава надмина 60, што е највисоко ниво од август минатата година. Овој индекс ги претставува очекувањата на инвеститорите во однос на нестабилноста на американската берза во следните 30 дена. Зголемувањето над 30 обично се поврзува со екстремно нестабилните пазарни услови и е забележан само во неколку […]

Советник од Центар иницира воведување општинска чуварска служба


Поради зачестените кршења и оштетувања на урбаната опрема, детските и спортски игралишта, дрворедите и урбаното зеленило, советникот во Општина Центар, Ненад Матевски, до Советот на општината достави иницијатива за воведување на тн. „Чуварска служба“, чија главна цел ќе биде заштитата на јавното добро во општината. „Оваа предлог-иницијатива произлегува од континуираната потреба за подобрување на квалитетот […]

Таткото на Вања: Немам врска со овие луѓе, сакам да зборувам и заради Мина


Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар, денеска сведочи на рочиштето за убиствата на неговата ќерка и велешанецот Панче Жежовски, а најмногу тоа го прави заради неговата втора ќерка Мина, за да ѝ каже дека „тато е истиот човек кој последен пат го виде, на 4 декември 2023 година“. Тој, со емоции и плачење, одговараше на […]

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се […]

Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“


Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави денеса портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп за Кина како навредливи. Царините се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовна прес-конференција. Тој додаде дека американските царини во име […]

Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво


Општина Кисела Вода денес распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за своите жители. Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува […]

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски


Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски. На прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот кусо одговори: „Не“. Премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено. […]

Општина Демир Хисар на врвот на ранг листата на ДКСК во системот за интегритет


Општина Демир Хисар, втора година по ред е на врвот на ранг листата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која успешно го практикува системот на интегритет, како клучна алатка за градење силни институции и создавање на доверба на граѓаните. Според извештај на ДКСК од спроведено следење на примената на системот за интегритет во […]

За Мицкоски царините од САД се резултат на „некаква грешка“


Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече одлуката на САД за воведување висока царинска стапка од 33 отсто за увоз на македонски производи и услуги е резултат на „некаква грешка“, посочувајќи дека се водат разговори за излегување од ваквата состојба. Одговарајќи на прашања на новинарите на прес конференција во Владата, посветена за зголемување на капитацијата за матичните […]

Берлин: Американската царинска политика е „глупост“


Германскиот министер за економија во заминување Роберт Хабек денеска изјави дека размислувањето зад царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп е „глупост“. Претпоставката дека трговскиот суфицит или дефицит е проблем е „погрешна“, рече Хабек при пристигнувањето на итниот состанок на министрите за трговија на Европската унија во Луксембург. Увозот од земјите на ЕУ во САД […]

Се прават напори за спас на Преспанското Езеро


Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната мисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на Езерото, истакнувајќи ги […]

Филипче во работна посета на Брисел


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Брисел ќе учествува на конференција на социјалистите и демократите на тема Започнување на Програмата ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ. Во рамки на конференцијата, претседателот Филипче  ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ”, која што ќе ја води […]

САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација


 Воздухопловните сили на САД ги унапредуваат своите воздушни борбени спецификации и човекови вештини за следната генерација воени авиони. Со усвојувањето на програмата „ВЕНОМ-АФТ“, ќе им се овозможи на пилотите на „Ф-16“ да летаат со беспилотни летала, во двојки, и да собираат податоци со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Целта на проектот е да се развијат […]

Кешишев слушнал истрел во Велешко кај дупката, додека ги чекал Палчо и другите


На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, судијата Ивица Стефановски го испрашуваше четвртообвинетиот Влатко Кешишев, кој рече дека не памти датуми, но знае каде бил ден претходно. На прашање на судијата дали настанот со Панче Жежовски бил на 22.11.2023, Жежовски рече дека датуми не помнни, но да, а ден пред […]

Хорор на градските улици: „Стаорците се поголеми од мачките! По земја лазат црви“


Градот кој некогаш ја поттикна индустриската револуција денес изгледа речиси апокалиптично. Дури 17.000 тони ѓубре натрупани на улиците на вториот по големина британски град. „Мирисот е апсолутно неверојатен. Имате гнила храна, имате отрепки на подот кои лазат од торбите”, опишал Вил Тимс, ловец на штетници кој ги поминува деновите во обиколка на градот за да […]

Тинејџер од Штип возел 114 км/ч на улица каде е дозволено 50 км/ч


Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип. При контрола на патниот сообраќај […]

Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ од Прилеп се националните шампиони на Европскиот квиз за пари 2025


Под водство на нивниот ментор, наставничката Соња Јорданоска, Марин Христоски и Алексеј Мицкоски обезбедија победа на годинешниот национален натпревар за Европскиот квиз за пари, организиран од Македонската банкарска асоцијација (МБА) со поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Учениците со менторката, придружувани од одговорното лице на одделението за едукација при МБА – […]

Во сообраќајка во Скопско почина малолетничка


Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со […]

Азески: Спречување на одливот на мозоци и поддршка на извозот се двата проекта на кои ќе работи Комората


Од 2005 г. до денес, кога работиме во услови на коморски плурализам, сме издале 201.667 документи од Бизнис-канцеларијата (сертификати за потеклото, АТА-карнети, потврди, препораки и мислења); сме организирале 6.732 настани, бизнис-форуми, конференции и презентации, на кои учествувале 198.302 претставници од компаниите; сме имале 1.552 меѓународни активности и сме издале 952 електронски брошури и публикации, а […]

Меџити: Само Таравари размислува за соработка со ДУИ


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е претседател на партијата Демократско движење, која е дел од Вреди рече дека само Арбен Таравари размислува за соработка со ДУИ, но не и останатите коалициони партнери. „Односите се добри, комуницираме. Сите треба да имаат во предвид дека Вреди е коалиција која […]