Акциите на водечките компании на Македонска берза во „црвено“ – пад и на индексот МБИ10


Индексот на Македонската берза МБИ10 денеска забележа пад од 3,8 отсто, како индиректна реакција на воведувањето на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и падот на светските берзи што следуваше во деновите потоа. Фото: принтскрин од Македонска берза Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, која […]

Битолскиот музеј блесна во нова жолта фасада


БИТОЛА – Во ново руво е зградата на битолскиот Завод и Музеј и ги привлекува сите погледи на минувачите, особено навечер со амбиенталното осветлување. Предниот дел од некогашното воено училиште во Битола каде се школувал и творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк во изминатиот период имаше бледа крем нијанса, а сега е во впечатлива жолта […]

Ен-Би-Си: Неточен цитат на социјалните мрежи накратко ги крена берзите во САД


Американските берзи забележаа ненадеен пораст, предизвикан од дезинформација што се прошири на социјалните мрежи. Според Ен-Би-Си Њуз, сè започнало со неточна објава во која се тврдело дека директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Кевин Хасет, наводно изјавил дека претседателот Доналд Трамп размислува за 90-дневно замрзнување на царините за сите земји освен за Кина. […]

Шефовите на најголемите банки во светот одржале таен разговор


Извршните директори на некои од најголемите банки во светот одржаа доверливи разговори за продлабочувањето на кризата на финансиските пазари и можните последици за глобалната економија која беше потресена од трговската офанзива на претседателот Доналд Трамп. Како што дознава Скај Њуз, вчера лидерите на големите финансиски институции како Bank of America, Barclays, Citi и HSBC Holdings […]

Американските компании сметаат дека царинската војна на Трамп е штетна


Американските компании не го одобруваат воведувањето на царините објавени од претседателот Доналд Трамп и се загрижени од нивното влијание врз економијата, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на изјави од топ менаџери. Некои укажале дека не сакаат јавно да ја критикуваат политиката на Трамп поради страв од одмазда. -Не сакаш да бидеш едно од многуте кучиња […]

Лајен: ЕУ предлага нула царини за индустриските артикли


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека американските царини ќе имаат огромно влијание како врз европските бизниси и потрошувачи, така и врз глобалната економија. Таа најави дека ЕК подготвува список со можни активности како одговор на американските царини. – ЕУ веќе подолго време предлага нула царини за индустриски стоки, но досега […]

МАНУ го собра богатиот и разновиден книжевен опус на Кочо Рацин во три тома


Кочо Рацин ги постави темелите на современата македонска книжевност. Бил и сѐ уште е еден од најчитаните и најпопуларни македонски поети. Тој е бард на македонската поезија затоа што најинтимно ја допрел душата на народот, ја искажал болката на работниот народ и ја поттикнал неговата надеж и верба во поубава и поправедна иднина, истакна претседателот […]

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке – во притвор две лица


 СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Како што соопшти МВР, на 24 март 2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при […]

Oпштина Велес распиша јавен повик за купување инвертар клима, сончев термален колектор и велосипед


Жителите на Општина Велес, физички лица носители на домаќинства кои ќе купат и монтираат инвертар клима за затоплување на своето домаќинство од 4 април до 6 мај годинава до локалната самоуправа можат да поднесат барање за надоместување на трошоците во висина од 30 проценти од вредноста на уредот, но не повеќе од 15 илјади денари […]

„Еутелсат“: Не можеме да го замениме „Старлинк“ на Маск во Украина


Украина нема одржлива алтернатива за сателитската мрежа „Старлинк“ која е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, соопшти денеска извршната директорка на компанијата „Еутелсат“, Ева Бернеке. „Еутелсат“, француски сателитски оператор кој обезбедува ограничени услуги за Украина преку дистрибутер финансиран од германската Влада, и покрај сегашните напори за зголемување на капацитетот, сè уште не може да […]

Новиот српски мандатар е визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје


Повеќе од два месеци по оставката на Милош Вучевиќ, на чело на српската влада доаѓа нов premier. Всушност, ништо друго не може да се заклучи од она што го знаеме за Ѓурo Мацут, иако во воздухот виси прашањето поставено од српската здравствена заедница – зошто му требаше ова на еден од најценетите ендокринолози во регионот? […]

Во Синеплекс пристига нераскажаната приказна за Шабан Бајрамовиќ – од Ниш до Њу Орлеанс


Тој е Шабан Бајрамовиќ, или Шале, цар и крал на ромската музика, чие што музичко патување низ животните тешкотии до меѓународно признавање е инспиративно. Од циганското мало во Ниш, до своја поставка во најпознатиот светски џез музеј во Њу Орлеанс, САД. Сега и на филм, во режија и по сценарио на д-р Жељко Мирковиќ, режисер, […]

Намален бројот на основци и средношколци во Македонија


На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180.627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година. На […]

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство


ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.  Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија […]

Александар Карадакоски ќе биде погребан утре во 14 часот на Градските гробишта во Кочани


Погребот на Александар Карадакоски, кој е 60-та жртва во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани. Семејството веќе ги извести роднините и пријателите дека неговото тело од 12 часот ќе биде изложено во капелата пред гробиштата, а погребната церемонија ќе се одржи во 14 часот. Претходно од Министерството за […]

Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа


На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години. Менсур Пајазити, роден 1973 година беше огласен за виновен за кривично делото „Тешки дела […]

Гази Баба субвенционира стерилизација на домашни миленици


Општина Гази Баба годинава субвенционира стерилизација на  домашни миленици. Општина Гази Баба, 100% ги надоместува трошоците на граѓаните, но не повеќе од 6000 денари.  -Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се […]

Маж и жена од Антверпен избегнале царина на скопскиот аеродром за злато од 500.000 евра


Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување […]

Љутков: Културното богатство на Гостивар е привлечна дестинација за туристите


Денес, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со заменик-министерот, Седат Сулејмани, ја реализираа работната посета на Гостивар, каде што ги посетија културните институции и значајните културни објекти. По пристигнувањето во Гостивар, тие беа пречекани од директорите на локалните културни установи кои ги претставија тековните активности и идните проекти кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, но, и со проблемите […]

Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ


Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции. Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и […]