Највисокото тело на ДУИ во понеделник ќе расправа за седницата на Уставниот суд


Најтесното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција вчеравечер на вонреден состанок одлучило в понеделник да го свика највисокото партиско тело во пресрет на закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември за Законот за употреба на јазиците, како што соопшти партијата, „за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни […]

Координаторка на ОН: На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително


Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба да им се даде можност да бидат активни и да работат, но доколку се здрави и доколку така одлучат, а не задолжително, вели постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, во врска со […]

Во Маврови Анови и Попова Шапка- 40 сантиметри снег


Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево  од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,… седум […]

Во Драмски театар претставата „Кафез кај кокони“


 На сцената на Драмскиот театар Скопје вечера, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Кафез кај кокони“, на текст на францускиот автор Жан Пуаре и во режија на Димче Николовски. Улогите во претставата ги толкуваат Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Стефан Вујисиќ, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, […]

Перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“ во Скопје


Перформативната шетачка тура „Не зјапајте толку романтично“, како дел од проектот „Градот е јавност дел #1“ ќе се одржи денеска во Скопје. Турата ќе трае од 12 до 18 часот и ќе започне од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овој театарски перформанс во четири чина е предводен од уметникот и архитект Филип Јовановски. Перформативната шетачка тура […]

Повеќе од 15 артисти на главната вечер на Таксират


Повеќе од 15 музички артисти ќе бидат дел од главната вечер на најголемиот музички фестивал во Македонија – ТАКСИРАТ што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.  Како што соопштуваат организаторите, на затворањето на 26-то издание на фестивалот Таксират публиката за прв пат ќе има прилика да […]

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе и се обрати на нацијата пред гласањето за импичмент


Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол изутринава ќе и се обрати на нацијата, соопшти неговиот тим. Тоа ќе се случи пред планираното парламентарно гласање за негово отповикување поради неговиот обид оваа недела да воведе воена состојба во земјата. Говорот ќе биде прв за претседателот откако, под зголемен притисок од Парламентот, тој ја повлече воената состојба на 4 […]

Калас го смени Санино, тоа предизвика гнев во Брисел


БРИСЕЛ – Новата шефица за надворешни работи на Европската унија ги налути владите и официјалните лица поради нејзината одлука да го отпушти главниот државен службеник во нејзиниот оддел. Како што прво објави ПОЛИТИКО, италијанскиот ветеран од ЕУ, Стефано Санино, ја напушта функцијата генерален секретар на Службата за надворешни активности на блокот и се префрла на […]

Сите патишта во земјата влажни, но проодни


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. Намалена видливост поради појава на магла има до 80 метри на планинскиoт премин Ѓавато. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, […]

Германско-иранската драма „Празни мрежи“ и овој викенд во Кино Милениум и Кинотека


Германско – иранската драма „Празни мрежи“, филмското деби на режисерот Бехруз Карамизаде и овој викенд (7 и 8 ми декември) повторно на репертоар во Кино Милениум, со почеток од 16:00 часот. На 7 и 10 декември, филмот ќе се прикажува и во Кинотека на Македонија во терминот од 18:00 часот. – Оваа моќна реалистична драма […]

Земјотрес од 5,7 степени според Рихтер ја погоди Индонезија


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 40 километри. Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени.

(Галерија) Отворена патувачката изложба „Толеранција“ на Мирко Илиќ


На Архитектонскиот факултет во Скопје вечерва беше отворена патувачката изложба „Толеранција“ на светски познатиот илустратор Мирко Илиќ.  До сега изложбата била претставена во 40 земји, вклучувајќи ги САД, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Хрватска и Португалија. Пред македонската публика претставени се повеќе дела на кои на разни јазици е напишан […]

Произведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабриката


Фабриката Mirabel-Werk во Грудиг, во близина на Салцбург, каде што ги произведуваше познатите Моцарт топчиња (Моцарткугел) повеќе од еден век, се затвора. На 5-ти декември е произведена последната чоколадна бонбона Мирабел Моцарт, завиткана во златна фолија, спакувана во кутија и на тој начин ова чоколадно топче од 17,1 грама со јадро од фстаци-марципан-нугат од Салцбург […]

Проблематичниот ученик од ООУ „Лазо Ангеловски“ онлајн – останатите во училишните клупи


Проблематичниот ученик од трето одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската Општина Аеродром ќе следи онлајн настава до крајот на првото полугодие. Во меѓувреме надлежните образовни и социјални органи ќе извршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ е прекинат и децата од вторник […]

Потпишана декларација за регионална координација на операторите на електропреносните системи од Западен Балкан


Операторите на електропреносните системи од Западен Балкан потпишаа заедничка декларација за регионална координација по повод одбележувањето на 15-годишнината од ENTSO-E. Оваа заедничка декларација, како што велат од АД МЕПСО, овозможува реален и заеднички пат за иднината на Југоисточна Европа во рамките на европскиот енергетски систем. Декларацијата предвидува зајакнување на енергетската безбедност и интеграција на пазарот […]

Реалните плати во Германија се зголемија за прв пат од 2020 година


Платите од колективниот договор годинава силно пораснаа, но се уште не ја вратија куповната моќ што ја загубија во бранот инфлација. Реалната заработка всушност ја врати само половина од куповната моќ што ја збриша инфлацискиот бран 2021-2023 година. Фондацијата Ханс Боклер (Фондацијата Ханс-Боклер), која е блиска до синдикатите, во извештајот во петокот рече дека околу […]

Макрон утре ќе ги прими Трамп и Зеленски пред церемонијата во „Нотр Дам“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува утре на церемонијата за отворање на обновената катедрала „Нотр Дам“ во Париз, на која се очекува да присуствуваат и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, како и други државни и владини лидери. Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими Зеленски пред […]

Руска амбасада во Сараево: Акциите на САД може да доведат до распаѓање на Босна и Херцеговина


 Руската амбасада во Босна и Херцеговина одговори на неодамнешните изјави на американската амбасада, кои ја обвинија Русија за „злонамерно влијание“ и закани за територијалниот интегритет на БиХ. „Русија не се плаши дека ќе го загуби гасниот монопол во БиХ. Повеќепати нагласивме дека ја поддржуваме енергетската диверзификација во БиХ во интерес на граѓаните, а не на […]

Продажбата на најстариот неделен весник „Обсервер“ е договорена и покрај штрајкот на новинарите


Одборот на директори на „Гардијан“ и неговиот сопственик „Скот траст“ се согласија да го продадат најстариот неделен весник „Обсервер“ на „Тортоаз медиа“, соопшти денеска британската медиумска компанија. Вториот одлучи да продаде и покрај 48-часовниот штрајк на новинарите на „Гардијан“ и „Обсервер“, јавуваат странските новински агенции. „Одборите на ‘Гардијан медија груп’ и неговиот сопственик, ‘Скот траст’ […]

Живееме боемски, а романтичари сме во душа: Интервју со Дац и Александар


Актер и композитор ги споија професионалните патишта, направија бум со старите и новите песни и спотови во кои сите се препознаваме, а сега се синоним за добра забава во кафулиња и на корпоративни дружења . Драган Спасов – Дац (навидум) откачен, Александар  Митевски (навидум) сериозен, ќе ја испратат 2024 година со титулите „Мажи на годината“ […]