Редефинирање на модата. Што можете вие да направите за да придонесете за промена во 2025?


Завршувајќи ја годината, ТТА-Текстилниот кластер, во соработка со Моден Викенд Скопје, учествуваше на настан за размена на облека, со цел да ги постави клучните прашања за текстилниот отпад во модната индустрија. Погледнете го видеото и откријте како малите чекори можат да направат голема разлика!Линк до видеото:https://youtu.be/o-HSjz3qOjQ?si=U0WqxMOyCC0crJxD Со размената на облека не само што го минимизираме […]

ЕУ предупредува на руската „флота во сенка“, ветува посилни контрамерки


Брисел – Европската унија предупреди на руската таканаречена „флота во сенка“ и вети дека ќе преземе посилни мерки по наводната саботажа на подводниот енергетски кабел во близина на брегот на Финска. ЕУ „ќе преземе посилни чекори за да се спротивстави на ризиците од тие бродови“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас за […]

Општина Центар официјално ќе ја презентира новата градинка во населбата Пролет


Општина Центар денеска во 10 часот официјално ќе го означи завршувањето на градежните работи во новата детска градинка „Пролет“ во истоимената населба. По тој повод, како што информираат од  Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Дедо Мраз и 100 дечиња од градинката „Корчагин“ ќе направат свечена прошетка низ новиот простор.

Претпразнична чајанка во Лајка со поддршка од Амбасадата на САД


Во просториите на ЈП „Лајка“ денеска во 14 часот ќе се одржи претпразнична чајанка, организирана со учество на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Како што соопштуваат од „Лајка“, настанот е создаден за да ги пречека децата од здруженијата Аутизам ААМК, Кохлеарно срце, Equality и Доза Среќа, заедно со нивните родители и […]

Објавена комплетната листа на 100-те најбогати во регионот, еве кои се осумтемина од Македонија


Магазинот „Недељник“ објави листа на 100 најбогати луѓе во регионот, а на неа се и осуммина бизнисмени од Македонија. Листата е реализирана во соработка со повеќе медиуми во регионот. Спој на тешки деловни услови и индивидуални одлуки на сопственици на компании ја создадоа Листата на 100 најбогати бизнисмени во нашиот регион (држави од поранешна Југославија), пишува […]

Студено со магла по одделни котлини, преку ден сончево со мала локална облачност


Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во […]

На 101 година почина поранешниот американски претседател Џими Картер


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 101-годишна возраст во својот дом во јужна Џорџија, соопшти синоќа неговата фондација. Картер, демократ кој се повлече од јавниот живот, беше 39-ти американски претседател, служејќи еден мандат (1977-1981). Тој беше добитник на Нобеловата награда за мир, а од февруари 2023 година добиваше домашна палијативна нега. Неговото […]

Во Хрватска, сепак, втор круг на претседателски избори, Милановиќ победи во сите хрватски жупании, Приморац само во странство


Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Според последните податоци, врз основа на […]

Први излезни анкети: Милановиќ 51,48 отсто, а Приморац 21,3 отсто


Излезните анкети велат дека Милановиќ има 51,5 отсто, додека Приморац освоил на 21.3 отсто од гласовите. Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК). До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години […]

ФИФА го казни Шкупи


Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи нема да може да регистрира нови фудбалери до 2026 година, одлучи Светската фудбалска централа (ФИФА). Одлуката објавена и на интернет страницата на ФИФА. Ваква забрана се изрекува на клубови поради неподмирени финансиски обврски кон поранешни или сегашни членови. 

Aхмети соопшти нови информации за Груби


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него. Сепак тврди дека има информации дека Груби е во добра состојба и дека се наоѓа на албанска територија. Лидерот на интегративците оценува дека Груби […]

Погледнете го раскошното патничко дрво од Мадагаскар


Ravenala madagascariensis е вид растение слично на палмите од островот Мадагаскар. Дрвото на патникот не е дрво, туку зимзелено повеќегодишно растение со многу егзотичен изглед: на едното стебло се формира гребен од лист со долго стебло, во облик на вентилатор, кој се издига нагоре во совршен полукруг. Расте исправено и достигнува просечна висина од 350 […]

Повеќето градови во Италија го забранија огнометот за новогодишната ноќ


Рим – Голем број градови во Италија, вклучувајќи ги Рим, Милано, Фиренца и Венеција, воведоа ограничувања за бројот на луѓе на нивните плоштади, како и забрана за новогодишен огномет. Огнометот ќе биде дозволен на 31 декември во Неапол, градот на југот на земјата, каде вообичаено има и најголем број повредени. Милано постави црвени зони, во […]

На Асма ал Асад не ѝ е дозволено да се врати во Англија за да се лечи од рак


Сопругата на соборениот сириски диктатор Башар ал Асад нема да може да се врати во Британија, каде што е родена и израсната, на лекување од рак, се наведува во извештајот. Владата на Обединетото Кралство рече дека нема да дозволи влез на Асма ал Асад доколку сака да се обиде, откако нејзиниот татко изјави за Дејли […]

Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години


Загреб – Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК). До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години во исто време гласале 38,82 отсто од гласачите или 1.343.000. На претседателските избори во 2010 […]

Балканот во 2024 година


ЈАНУАРИ – Жителите на Косово може да патуваат без визи во земјите на ЕУ и Шенген за престој до три месеци. Косово беше последната од шесте земји од Западен Балкан на чии граѓани им беа потребни визи за патување во ЕУ и Шенген зоната. – Земјоделците и транспортерите започнаа протести во Романија против високите цени […]

Замина во легендите Ристо- Ице Ќорнаков, клавијатуристот на „Зијан“


Во моментот кога полека заминува 2024 година, во 61-та година од животот ненадејно почина Ристо, Ице Ќорнаков, клавијатуристот на легендарната рок група од Гевгелија, „Зијан“. А, само пред еден месец, поточно на 7 ноември, настапи заедно со останатите членови на бендот на концертот, со кој беа одбележани 42 години од настапот на сцената на Младинскиот […]

Нетанјаху на итна операција на простата


Ерусалим – На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му биде извршена операција на простатата во подземна сала во медицинскиот центар Хадаса во Ајн Керем, во близина на Ерусалим, објави денеска израелската телевизија Канал 12. Одлуката да се оперира Нетанјаху во засилена операциска сала е донесена поради загриженост за можен ракетен истрел за време на операцијата. […]

СДСМ и Левица против укинувањето на „недела неработен ден“: Тоа е нов удар врз работниците


СДСМ и Левица денеска се огласија против укинувањето на „недела неработен ден“ кое се повеќе се заговара од страна на актуелната власт по бројните средби со претставниците на стопанските комори. „Шест месеци Влада на ДПМНЕ и Мицкоски беа доволни за да видиме како се уриваат стекнатите права на работниците, како им се погазува достоинството и […]

Ампева: Наместо да се разговара за минимална плата треба да се стремиме кон плата за живот


За подобар живот на работникот во земјава не треба да се разговара за минималната плата, туку политичарите и синдикатите треба да се стремат кон плата за живот. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека пресметките покажуваат дека платата за живот треба да изнесува 96.000 денари. -Платата за живот, е нешто што треба да дозволи нормална […]