Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија


  Доколку „Гаспром експорт“ не најде начин да го плати транзитот на својот гас преку Бугарија до Србија по продолжението на гасоводот „Турски тек“, така што Газпромбанк, која беше санкционирана од САД пред повеќе од две недели, да не учествува во со трансферите, „Булгартрансгаз“ ќе престане да ја носи суровината. Ова во вторникот пред новинарите […]

Промовирана едукативна онлајн-игра за човекови права „Навигатор“


 По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, денеска беше промовирана онлајн-играта „Навигатор“ – интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права. Платформата е креирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус во нашата земја, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации и Министерството за […]

Агелер се надева дека никој нема да работи на дестабилизација на земјата


  Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за […]

Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98


 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 1,00 денари и еден литар ќе чини 70,00 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава за 78,00 денари, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се […]

Битиќи: Предложениот буџет го премолчува реалниот дефицит и форсира селективност во однос на платите и пензиите


 Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста, ниту нуди одржливи политики што ќе овозможат структурни реформи, економски раст и развој. Поттикнува селективност и прави суштинска неправда кога станува збор за пензиите и платите кај вработените во јавниот сектор, не го прикажува реалниот дефицит и демонстрира крајно игнорантски однос кон експертите. Без инклузивен модел кој […]

Зошто претседателката Сиљановска не стаса во Париз?


Има работи кои ни остануваат во сеќавање до крајот на животот, или барем додека не служи здравиот разум. Првпат влегов во Богородичната црква Нотр Дам д` Пари пролетта деведесетитте години на минатиот век. Тоа беше денот „Д“ кога  многумина мислевме дека  е историски датум за спасување на Југославија. За Французите позначајно беше отворањето на тенискиот […]

Дамјан Сорел е нов шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан на Европската инвестициска банка


Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобал) го именува Дамјан Сорел за шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан, соопшти преставништвото на банката во С. Македонија. Како што велат оттаму, Сорел ја презеде должноста од Алесандро Брагонци, кој ќе ја продолжи својата кариера во седиштето на банката. „Преку ова ново раководство, а заедно со своите партнери, банката […]

Македонија заедно со Бугарија и Албанија на дното по квалитетот на патишта


Според истражување спроведено на популарната страница DiscoverCars, туристите го оценуваа квалитетот на патиштата во 11.003 земји кои ги посетиле. На основа на тие рецензии, објавен е список на земји со најдобри и најлоши патишта. Најдобри патишта според оценките на туристите: Нови Зеланд – 8.71 Полска – 8.70 Канарските острови – 8.61 Германија – 8.45 Балеарските острови – 8.44 Франција – 8.40 Хрватска – […]

СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар


По претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, вчера се лишени од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. МВР денеска соопшти дека кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички […]

Сиљановска-Давкова има полна доверба во Армијата


Горда сум на Армијата не случајно ужива најголема доверба, што е доказ за нејзиниот кредибилитет и дигнитет не само дома, туку и надвор, истакна претседателката и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова по брифинг за борбената готовност на Армијата. Посочи дека извештајот бил темелен, полн со податоци и факти. -Заснован на […]

Падот на Куќата на Асад


Брзиот колапс, по 54 години, на сириската династија Ал Асад штотуку го трансформираше геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток. Молневитата офанзива на исламистичката милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) ги изненади сите соседи на Сирија – и сите други. Веста дека претседателот Башар ал-Асад побегнал во Русија ја потврдува единствената обврзувачка вистина за војните: несаканите последици можат […]

Италија ги укина казните за лицата кои одбија да се вакцинираат против Ковид-19


Италијанската влада ги укина казните за луѓето кои одбиваат да земаат задолжителни вакцини против Ковид-19, објави синоќа еден весник. Казните беа воведени за да се поттикне вакцинацијата во земја која се бореше да ја задржи пандемијата. Италија беше меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата, која беше откриена на почетокот на 2020 година, и има регистрирано […]

Трамп вели дека принц Вилијам е многу згоден


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вели дека имал получасовен  разговор со принцот Вилијам за кралот Чарлс и Кејт Мидлтон по тешката година во која на кралот и на Кејт им бил дијагностициран рак.  78-годишниот Трамп зборуваше за неговата средба со принцот од Велс (42) во резиденцијата на британскиот амбасадор во Париз. Трамп, Вилијам, светските лидери и […]

Агелер за Груби и Беџети на црната листа: Се разгледуваат и дополнителни санкции


  Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а […]

Ѓорѓиевски: Подобро финансирање на општините за силна локална самоуправа


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, Истакна дека Систематизираните ставови на ЗЕЛС, ревидирани секоја година, претставуваат основа за лобирање пред централната власт. Тој изрази задоволство што Владата ја разбира суштината на овие предизвици и активно работи на реформи во […]

Почна собраниската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година


 Собранието во рамки на 22. пленарна седница денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Согласно Деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, […]

Го нема Асад, нема азил


  Никој не е сосема сигурен што да прави со новите лица кои се чини дека ќе владеат во Сирија. Но, европските влади изгледаат сосема сигурни дека сега е моментот да почнат да ги ограничуваат сириските баратели на азил, па дури и да се подготват да ги депортираат. Поминаа помалку од 24 часа по потврдата […]

Швајцарската компанија за модуларни објекти „ДМ Бау“ ќе гради фабрика кај Куманово


  Швајцарската компанија за модуларни објекти „ДМ Бау“ ќе гради фабрика во Македонија и во таа инвестиција ќе вложи седум милиони евра, а во погоните ќе има 200 вработени. Договорот за ова денеска во Владата го потпишаа премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на компанијата. Како што информира Мицкоски по потпишувањето, инвестицискиот план ќе се […]

Цените во ноември рипнале за 4,3 отсто – најмногу храната и пијалоците


  Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто. Зголемувањето на инфлацијата во […]