Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет


 Доналд Трамп рече дека решавањето на украинската криза ќе биде негов главен приоритет откако ќе ја преземе функцијата следниот месец, опишувајќи го Блискиот Исток како „помалку тешка ситуација“. „Мислам дека треба да го решиме проблемот со Украина со Русија“, изјави новоизбраниот американски претседател за францускиот магазин Paris Match во интервју снимено во саботата и објавено […]

Руски медиуми: Не станува збор за прекин на транзитот на гас од Русија преку Бугарија


Не станува збор за прекин на транзитот на природен гас од Руската Федерација преку Бугарија, јавија руски медиуми часови подоцна откако бугарскиот министер за енергетика Владимир Малинов предупреди дека Булгартрансгаз може да го запре трансферот на гас за Србија и за Унгарија доколку не се најде решение како руската страна ќе плати за тоа по […]

ОН: Трговијата со луѓе во пораст поради светските конфликти и глобалните кризи


ОН објавија извештај во кој наведуваат дека трговијата со луѓе е во пораст поради конфликтите во светот, климатските промени и глобалните кризи. Според најновиот извештај на Глобалната комисија за трговија со луѓе, што ја опфаќа 2022 година, бројот на жртви на трговија со луѓе ширум светот се зголемил за 25 отсто во однос на нивото […]

Горчливата вистина за хороскопските знаци: Не си ја признаваат ни самите себе


Како што ги прифаќаме доблестите, треба да прифатиме и дека секој од нас има недостатоци и дека никој не е совршен. Вистина е и дека сите имаме тајни, а во продолжение дознајте кои се горчливите вистини што секој хороскопски знак ги крие за себе. Која е вистината што повеќе би сакале да не ја знаете […]

Голем пожар го зафати Малибу, загрозени се 18.000 луѓе


Лос Анџелес – Голем шумски пожар го зафати Малибу, во јужна Калифорнија, уништувајќи куќи и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат една од најпопуларните области во САД, јавија американските медиуми. Мултимилионските имоти, некои во сопственост на холивудски ѕвезди, се на траекторијата на пожарот, што брзо се прошири во текот на ноќта поради ветерот и сувата вегетација.  […]

Со Буџетот ВМРО-ДПМНЕ ги крати средствата за најранливите граѓани за 25%, велат од СДСМ


Предлог буџетот за 2025 година покажа дека имаме власт, која е суетна, манипулативна,  нема демократски сенс, која покажува невидена ароганција, и власт која смета дека е најдобра и со лажен ПР во изминатите 6 месеци сака да ги увери граѓаните дека е најдобра, власт која секогаш дефокусира, кога во јавноста излегува афера, поврзана со неа, […]

„Лучија од Ламермур“ на сцената на НОБ со Ана Дурловски


На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од италијанскиот композитор Гаетано Доницети. Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстор […]

Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин


Намалена видливост до 50 м. поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и […]

Трамп ја избра свршеницата на својот син за амбасадорка во Грција – и таа е од Фокс Њуз


Вашингтон –  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на Фокс њуз и свршеница на неговиот син Доналд Трамп помладиот, за нов американски амбасадор во Грција. Гилфојл е свршена со Трамп помладиот од декември 2020 година, иако медиуми тврдат дека тие се разделиле и Трамп помладиот има нова девојка. Трамп, пак, на […]

Џејми Фокс проговори за мистериозната болест – имал мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот


  Повеќе од една и пол година откако се појавија информации дека Џејми Фокс имал итна медицинска помош, актерот, пејачот и комичарот конечно откри дека доживеал мозочен удар во април 2023 година. Во неговиот нов стенд-ап специјал за Нетфликс, Џејми Фокс: Што Да се ​​случеше беше…, оскаровецот детално го објаснува своето блиску до смрт искуство […]

„Ројтерс“: Трезорот на Централната банка во Дамаск не е ограбен


Трезорите во Централната банка на Сирија останаа недопрени во немирите што накратко го зафатија главниот град Дамаск по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, објави Ројтерс, повикувајќи се на повеќекратни избори. Базел Хамави, претседател на Стопанската комора во Дамаск, рече дека властите му потврдиле дека разбојниците украле некои пари од зградата на централната банка, […]

Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин


Њујорк  –  Русија го префрлила Башар ал Асад,  соборен од молскавична офанзива на бунтовниците од позицијата претседател на Сирија, на „најбезбеден начин“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на таа држава, Сергеј Рјабков во интервју емитувано за Ен-Би-Си. Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија.  „Тој е […]

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје изутрина ќе има појава […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 11 декември 2024 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Мицкоски: Нема веќе фантом фирми што го празнат буџетот со фиктивни фактури


Премиерот  Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на МТВ рече  дека веќе нема фантом фирми што црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за прв пат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и […]

Донесена одлуката за вториот дел од унгарскиот заем, средствата ќе бидат наменети за еврообврзницата


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека на денешната владина седница е помината и одлуката за вториот дел од унгарскиот заем во износ од 500 милиони евра.  Овие средства, како што изјави Мицкоски, ќе бидат оперативни од следната година и ќе бидат наменети за раздолжување за еврообврзницата земена од претходната влада.  -Овие средства се потребни затоа […]

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја


Судот во Сеул соопшти дека го одобрил налогот за апсење на поранешниот министер за одбрана, Ким Џонг-хјун, под обвинение дека ја имал клучната улога во бунтот и злоупотребата на власта, со што стана првиот уапсен функционер поради декретот за воената состојба, што беше издаден на 3 декември од на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул. Ким, близок […]

САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина што ќе се враќа од запленетите руски активи


САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина, а како дел од програмата за вонредно зголемување на приходите за функционирање на Владата на Украина.   Парите ќе бидат распределени преку УСАИД а во рамките на заложбата на земјите од Г-7 за обезбедување вкупно 50 милијарди долари со цел да се одговори на критичните и […]

Јапонците кои ја добија Нобеловата награда за мир: Младите мораат да се борат против нуклеарното оружје


Младите мораат да почнат да се борат за свет без нуклеарно оружје, што е многукратно помоќно отколку во минатото, порача групата „Нихон Хиданкио“, која годинава ја доби Нобеловата награда за мир. „Нихон Хиданкио“, движење во кое се преживеани од нуклеарното бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки во 1945 година, води кампања за свет без […]

Собранието го донесе Буџетот за 2025 година


Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 […]