На Скопје му се заканува блокада – Арсовска не го поднела предлог-буџетот за 2025 година


На Град Скопје му се заканува финансиска блокада, откако скопската градоначалничка, Данела Арсовска, не го поднела предлог-буџетот за 2025 година во законскиот рок, до Советот на Град Скопје. Како што  на прес-конференција обелодени советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, се остварило сцнариото на кое предупредувале за целосна блокада на Град Скопје. – Сега и се случува […]

Зголемен бројот на странски туристи


 Во земјава во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25.8 % се домашни, а 74.2 % се странски, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 211 611, од кои 32.5 % се од домашните, а 67.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – октомври 2024 година, во […]

Американците ќе го реставрираат и Аквадуктот со грант од 200 илјади долари


Со поддршка од Амбасадорскиот фонд на САД ќе почне реставрацијата и конзервацијата на неколку точки на Скопскиот Аквадукт во Визбегово. Ќе се започне со работа на осум точки на Аквадуктот, а одговорен за проектот е Конзерваторскиот центар Скопје. Амбасадорскиот фонд на САД за овој проект има обезбедено грант од 200 илјади долари. Министерот за култура […]

Редовно законско ажурирање на регистрите на професионални сметководители


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно своите законски надлежности, и оваа година спроведува процес на редовно ажурирање на регистрите на сметководители, овластени сметководители и правни лица кои вршат сметководствени работи. Процесот ќе трае до 20-ти декември, до кога сите физички и правни лица кои вршат сметководствени работи ќе треба да ги достават податоците […]

Молдавија ќе прогласи вонредна состојба


Владата на Молдавија од 16 декември ќе прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена поради загрозената енергетска безбедност и потенцијалните хуманитарни последици. Одлуката за вонредна состојба треба да биде изгласана во Парламентот. Владината одлука е поради неизвесноста дали руската компанија „Газпром“ ќе го снабдува со гас молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје, преку кој и Република […]

Во Скопје се одржa регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија


Изминатите два дена во Скопје, претставници од министерствата за внатрешни работи, царинските управи, пазарните инспекторати и други институции од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора зедоа учество на регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија, нелегалната трговија и нарушувањето на интелектуалната сопственост. Конференцијата беше организирана од Американската стопанска […]

Летови Охрид – Истанбул од 27 март


Туркиш Ерлајнс закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година, откако претходно аплицираше за субвенции од државава, објави порталот „Екс ју авијација“. Летовите ќе започнат на 27 март, четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Авиолинијата за поврзување на Охрид и Истанбул е една од шесте […]

Бомбаш самоубиец во Кабул го уби министерот за бегалци на талибанците


  Министерот за бегалци на талибанците беше убиен во средата во самоубиствен бомбашки напад во авганистанската престолнина Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи. Калил Хакани е вујко на актуелниот талибански министер за внатрешни работи Сираџудин Хакани, кој ја води моќната мрежа Хакани, оддел на пошироката талибанска организација. Во средата, бомбаш-самоубиец се преправил како посетител на […]

Уставниот суд ќе одлучува за Законот за јазиците најдоцна до мај


  Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска рече дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој информираше дека на работен состанок на 23 декември ќе се дефинираат спорните прашања, а по завршувањето на подготвителната […]

Осуммина за „Адитив“ во притвор, меѓу кои и Васко Стефанов, другите со одземен пасош


 Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК).  Судии […]

Кремљ се подготвува да се збогува со воените бази во Сирија


  Брзиот колапс на режимот на Башар ал Асад во Сирија веројатно ќе ја лиши Русија од нејзината единствена прекуморска поморска база, како и од воените средства во кои Кремљ можеше да инвестира милијарди долари во последните девет години. Целосното повлекување на Русија од Сирија, со губење на пристаништето Тартус и воздухопловната база Хмеимим, е […]

Сведокот во случајот за убиствата на Вања и на Панче е во бегство, запалил и кафуле


Гоце Трајковски, лицето кое требаше да се појави како сведок на судењето за убиството на Вања и Панче е недостапен за органите на прогон. Осомничен е од 13 ноември во случај за палење на објект – кафуле во Кисела Вода и од тогаш е во бегство. Двајцата негови соучесници се фатени и против нив е […]

Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети по „црната листа“


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформи предмет за поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети откако завчера беа ставени на „црната листа” на САД поради вмешаност во значителна корупција. Коцевски ова го соопшти денеска на брифинг со новинарите на кој присуствуваат триесетина обвинители од сите обвинителства во државата. Оформениот предмет, како што кажа […]

Пол Кругман се збогува со „Њујорк тајмс“ по 25 години како колумнист


  Пол Кругман, добитник на Нобеловата награда за економија во 2008 година, професор на најпрестижните универзитети во светот, писател и коментатор, се збогува со „Њујорк тајмс“ по речиси 25 години како колумнист во весникот од каде тој ги напаѓаше политиките на штедење („тоа е навистина лоша идеја во депресивна економија“, напиша тој во 2019 година), […]

Инспектори ги проверуваат цените пред почетокот на мерката „новогодишна кошничка“


Екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се на терен и вршат мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“. Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени […]

Русија ѝ даде на Северна Кореја борбени авиони за да испрати војници во Курск


  Русија и Северна Кореја потпишаа договор за испорака на борбени авиони „МиГ-29“ и „Су-27“ на Пјонгјанг во замена за трансфер на севернокорејски војници во регионот Курск. Ова го соопшти шефот на американската Индо-пацифичка команда, адмирал Самуел Папаро, на Форумот за национална одбрана во Калифорнија, пренесува Aviation Week. Според адмиралот, Северна Кореја самостојно понудила да […]

Еден месец по повторното пуштање во употреба запрен е системот за полнење на Дојранското Езеро


За да функционира Хидросистемот „Ѓавато“ и да се постигнат потребите на вода за Дојранското Езеро треба да се изврши обновување, реконструкција и санирање на истиот, согласно изработен ревидиран основен проект за санација и реконструкција на ХС „Ѓавато“ со кој ќе се утврдат точните финансиски средства за негово враќање во употреба, се вели меѓу другото во мислењето […]

Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји


 Руските власти денеска соопштија дека односите со САД се толку конфронтирачки што руските граѓани треба да се воздржат од патување во САД, Канада и некои земји од ЕУ за време на претстојните празници, наведувајќи дека постои ризик од „лов“ на американските власти на руски државјани. Марија Захарова, портпаролка на руското МНР, истакна дека односите со […]

Не Лајен, не Макрон – туку Мелони е најмоќна личност во Европа, според „Политико“


  „Политико“ ја избра премиерката на Италија, Џорџа Мелони, за најмоќна личност во Европ. Таа ја однесе зеде својата партија Браќа на Италија, со нејзините неофашистички корени, од политичките рабови до власта. Малкумина предвидуваа дека таа ќе трае долго, но во текот на изминатите две години Мелони ја консолидираше својата влада како една од најстабилните […]

Во Македонија е тешко да имаш дете со аутизам, велат од Македонското научно здружение


Родителите на деца со аутистичен спектар на нарушување се соочуваат со бројни предизвици. Немањето рана дијагностика, недостигот на стручен медицински кадар и иклузијата ги посочуваат како дел од предизвиците. Нудат предлози и решенија, но, како што велат, нема институционални ефекти.  Според Македонското научно здружение за аутизам, во земјава има околу 20.000 лица со широк спектар […]