УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски


Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници (резервации) и/или ваучери, дека се должни да издадат фискална сметка при продажбата, согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оваа обврска, велат од УЈП, се однесува и на сите останати угостители кои […]

„Ливањското сирење“ доби заштитено географско потекло


Брисел – Европската комисија донесе одлука со која босанското „Ливањско сирење“ е вклучено во Регистарот на ЕУ на производи со заштитено географско потекло.  „Ливањското сирење“ е тврдо полномасно сирење произведено од кравјо или овчо млеко или пак од мешавина од двете во регионот на босанскиот град Ливно. Тоа се карактеризира со слаткаст вкус, но со […]

Неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица


Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува во извештајот на ИЈЗ, во периодот од 6 декември до 12 декември, не се пријавени нови случаи на голема кашлица, за разлика од […]

„Белото циганче“ на Видое Подгорец: Како да се слуша некое далечно ехо на Андерсеновиот стил на (рас)кажување


 Видое Подгорец со приказната за белото Циганче со првообјава во 1966 година е пред времето кое почнува да ги актуализира темите што ја поттикнуваат свеста токму за маргинализираноста на луѓето и посебно на децата. Подгорец преку емотивната слика на малиот Таруно, но и со приказните за слепиот Рапуш и за црвеното ждребе на Белка, го […]

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2025 година. Право на учество имаат романите кои првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по […]

Новогодишен базар од денес до 31 декември во Сити мол


Во пресрет на новогодишните празници, од денеска до 31 декември во Скопје Сити Мол ќе се одржува Новогодишниот базар на кој ќе учествуваат 68 индивидуалци – ракотворци. Новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, детски новогодишен декор, меки текстилни кукли за елка, накит изработен од текстил, уникатни филигрански дизајни, новогодишни украси од глина и […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Како што информира УХМР, […]

Трагично загина сопственикот на модниот бренд „Манго“


Основачот и сопственик на модниот бренд „Манго“, 71-годишниот Исак Андик загина на планинарење во Каталонија. Несреќата се случила денеска во близина на пештерите Салнитра во Колбато, недалеку од Барселона, додека тој бил придружуван од семејството. Според извештаите, тој се лизнал на пешачката патека и паднал во пропаст длабока околу 150 метри. Каталонската полиција добила дојава […]

Александар Николоски – алтернативен шеф на дипломатијата или дури алтернативен премиер?


  Паметиме во долгите години на спорот со Грција владата во Атина секогаш имала министер за надворешни работи и алтернативен шеф на дипломатијата. Нивните улоги беа исти или слични. Главната задача им е да ја конципираат надворешната политика на Грција. Во новата македонска влада се конципира една таква улога, само што министрите се од два […]

Последните часови на Асад во Сирија: измама, очај и бегство


  Башар ал Асад речиси никому не му се доверуваше за неговите планови да избега од Сирија додека неговото владеење пропаѓаше. Наместо тоа, помошниците, службениците, па дури и роднините биле измамени или држени во незнаење, изјавија за Ројтерс повеќе од десетина луѓе со знаење за настаните. Неколку часа пред да побегне во Москва, Асад на […]

На Ненси Пелоси ѝ го заменија колкот со итна операција по падот


  Поранешната претседателка на Претставничкиот дом САД, Ненси Пелоси, имаше операција за замена на колк во саботата во американската воена болница во Германија, откако падна додека беше на настан во Луксембург со други членови на Конгресот. Пелоси (84) „добро се опоравува“, рече во изјавата Иан Крагер, портпарол на калифорниските демократи Пелоси им се заблагодари на […]

„Шестоцифрени лаги“: Фрчкоски за обвинувањата од Муцунски


  Откако денеска министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на прес-конференција изнесе тврдења дека „постојат сериозни индиции за злоупотребна на јавни буџетски средства“ од страна на доскорешниот амбасадор на Македонија во ОН, Љубомир Фрчоски, тој се јави со реакција во која остро ги отфрли ваквите наводи. Муцунски рече дека индициите укажувале дека штетата е со […]

Ќе се вработуваат 600 лица во МВР


  Премиерот Христијан Мицкоски најави нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи. Oгласот ќе биде објавен веќе следната недела, а вработувањата доаѓаат поради тоа што дел природно заминале во пензија, но и да се зајакне МВР кадровски. „Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамките на МВР.. Тоа го согледуваме сега, […]

Амбасадорите ќе имаат поголеми плати и ќе служат подолго


  Министерството за надворешни работи предлага измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи во редовна постапка, со вклученост на јавноста. Министерот Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција рече дека со овие предлог-законски измени се создава законска основа за реализација на два важни приоритети на Министерството и Владата. Првиот приоритет е професионализацијата на дипломатската […]

Уште еден националистички и антизападен удар во Грузија: поранешен фудбалер избран за претседател


  ТБИЛИСИ – Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили стана претседател на Грузија во саботата, со што владејачката партија ја заостри контролата во она што опозицијата го нарекува удар врз аспирациите на земјата за ЕУ ​​и победа за поранешниот империјален владетел Русија. Кавелашвили (53) беше единствениот кандидат на гласачкото ливче и лесно го доби гласот со оглед […]

За Фрчкоски има индиции за злоупотреба на средства од шест цифри, вели Муцунски


  Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била спроведена внатрешна постапка при што биле добиени загрижувачки информации. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, а одговарајќи на прашања околу поранешниот амбасадор во Обединети нации, Љубомир Фрчкоски. „За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за […]

Мицкоски вели дека ЕУ одела по пат каде што не требало да оди


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека како држава ќе продолжиме да промовираме европски вредности. „Ако од Брисел се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот, секогаш сме тука позитивно да одговориме на таквото барање. Во спротивно, можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во фокусот на […]

Црна Гора затвора три кластери, Албанија отвора нов, Македонија и натаму бара гаранции од ЕУ


  Во некакво чувство дека не сме осамени од регионот како држава на која ѝ се случуваат блокади на патот кон ЕУ, вчерашната вест дека Хрватска ставила блокада на Црна Гора при затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика изгледаше како мелем за повредената македонска гордост. Заедно со неуспешноста по втор пат на […]

Црна листа, сиви тенденции


Легендарниот југословeнски новинар од Хрватска, Миљенко Смоје, некоја година пред да почине (во 1995) раскажа една епизода како почнале неговите проблеми со комунистичките власти во првите години по ослободувањето. Како млад новинар на „Слободна Далмација“ во неговиот Сплит тој напишал една кратка белешка за зголемените цени на кафето во рестораните на сплитската рива. Насловот на […]

Претседателот на Јужна Кореја отповикан по неуспешната воена состојба


  Парламентот на Јужна Кореја во саботата гласаше за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол додека властите ги истражуваат наводите за бунт поради неговата контроверзна уредба за воена состојба од 3 декември што предизвика огромни политички превирања во земјата. Националното собрание го усвои предлогот со 204 спрема 85 гласови. Претседателските овластувања и должности на Јун […]