Дудуш се заканува дека ѓубрето ќе го донесе пред Град Скопје – но, што има фрлено околу контејнерите?


Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, остро реагираше на одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја запре акцијата за собирање смет во оваа општина. Според Дудуш, оваа одлука е одмазда поради неодамнешниот протест на жителите на Шуто Оризари пред канцеларијата на Арсовска. – Данела одлучи да ја  казни цела општина заради мирен […]

Кинотека го дигитализира Мис Стон на Жика Митровиќ од 1958 година


Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот Мис Стон по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ што го организира Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes). Кинотеката сооопшти дека по успешните дигитализации на филмовите Мирно лето (1961), Фросина (1952), Мементо (1967) и реставрираните етнолошки филмови […]

„Собраните раскази“ од Франц Кафка првпат на македонски јазик


Намерата да се соединат „собраните раскази“ на Франц Кафка во една книга во Германија се појавила пред педесетина години, но во Македонија тоа се случува првпат по повод одбележувањето на сто години од неговата смрт и како дел од проектот „25 години Антолог е класика“. -Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории […]

До четврток стабилно и релативно топло време


 До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Утре минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до […]

Во Солун на македонски за Рацин, Шопов, Конески, Тодоровски…


  Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат рабoтите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета. И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели […]

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година


До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, […]

„Меѓу срцето и умот“ – концерт со врвната виолинистка Алена Баева во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи врвната виолинистка Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и Симфонијата бр.8 од Дмитри Шостакович. […]

Со европска помош се образуваат и задржуваат медицинските сестри


Проектот за унапредување на образованието за медицинските сестри и на акушерките и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот со кој беше означен почетокот на проектот, што е финансиран од […]

Три хороскопски знаци ќе пливаат во пари оваа зима! Ги очекува неверојатен период


Марк Вилијамс, британски астролог, тврди дека оваа зима ќе им донесе вистинска финансиска благосостојба на некои хороскопски знаци. Некои од нив ќе добијат пари како награда за вложениот труд, кој конечно ќе се исплати, а некои ќе добијат пари преку отворање сопствен бизнис. Аспекти за добри финансии во наредните месеци имаат особено три знаци на […]

Таравари подготвува смени на директори


  Министерот за здравство Арбен Таравари подготвува измени во раковдниот кадар на јавните здравствени институции. Најавува дека е ги смени директорите кои ќе бидат оценете како слаби, а ќе ги пофали перфектните.   „Има перфектни, одлични, многу добри и слаби директори. Секогаш кога ќе направите избор од 150 раководни кадри во јавните здравствени установи некои […]

О2 иницијативата испрати список на мерки за аерозагадувањето до Град Скопје


„О2 иницијативата“ излезе со барања и предлози до властите на Скопје за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето, со носење серија одлуки кои ќе ги опфатат сите субјекти што придонесуваат за него и со зададени рокови.  Тие вакво барање испратиле до советниците и до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кое ги […]

Химната пречка за новиот закон за средно образование


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува пратениците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да го поддржат предлог-законот за средно образование за кој на комисиска расправа во Собранието искажаа забелешки во однос на интонирање на државната химна во училиштата и најавија амандмани на предлогот кој треба да премине во втора фаза од донесувањето. Според […]

Јаневска: Случајот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“ сè уште не е комплетно решен


Случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Англеовски“ сѐ уште не е комплетно решен бидејќи постојат одредени пречки, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, откако во овој случај интервенирале од министерството, состојбите веќе се средуваат. „Социјалната служба проактивно работи“, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на пропуштените часови што […]

За убиството на Вања и Панче сведочеа полицајци кои го вршеле претресот во домот на Палчо


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски. Ибрахими, кој […]

Властите во Белгија следната година почнуваат информативна кампања за да ги подготват граѓаните за дејствување во случај на криза


Властите во Белгија следната година започнуваат информативна кампања за да ги подготват граѓаните за дејствување во случај на криза, објавија локалните медиуми. Целта е општеството да биде поотпорно и луѓето да знаат како да бараат засолниште, да се евакуираат и што да прават во случај на итност. Објаснето е дека кампањата е поврзана со војната […]

На Онкологија од денеска ги има биолошките лекови што недостигаа


Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. -Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински […]

Средношколци во Нови Сад блокираа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата


  Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ -Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми. Учениците, меѓу другото, бараат директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ да ја повлече изјавата од 29 ноември, како и директорот и училишниот одбор јавно да им се извинат на […]

Прегазена 68-годишна скопјанка, возачот избегал од местото на несреќата


Жена е прегазена на една скопска улици, при што се здобила со тешки повреди. Возачот избегал од местото на несреќата. – На 15.12.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во Л.Ј.(68) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во […]

Отворено првото подземно училиште во Украина


Првото подземно училиште во Запорожје започна да работи во тест режим. Редовната настава ќе започне на 1 јануари 2025 година. Училиштето е наменето за 1.000 ученици, а денес го посетуваат повеќе од 600 деца. „Децата овде се чувствуваат безбедно. Тие не се грижат дека же се ограли  предупредување за воздушен напад, не треба да трчаат […]

Полицијата го претресува домот на Артан Груби, тој се јави од Косово


  Медиуми блиски до властите од утрово јавуваат дека полицијата направила претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија. Според нивните информации, претрес бил извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Грби, но Откако вчера проструија информации дека ја напуштил Македонија тој не би пронајден таму. Груби на Фејсбук објави […]