Определен притвор од 30 дена за Артан Груби


На поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој со албански пасош избегал од Македонија кон Косово, Кривичниот суд му определи мерка притвор, по налог на Обвинителството. Од Кривичниот суд,  соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами. „По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за […]

МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени


 Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основото јавно обвинителство против поранешен извршен директор на А.Д. Градски трговски центар – Скопје и тројца вработени во Трговски, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. – На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги […]

Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат


Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Украина открила 12 агенти кои шпионирале за Русија во однос на ловците Ф-16 и воздушната одбрана


Киев – Службата за безбедност на Украина (ССУ) соопшти дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија да лоцираат борбени авиони Ф-16 и системи за противвоздушна одбрана во Украина. Уапсен е наводниот организатор и четворица клучни соучесници под сомнение за предавство и споделување информации за локацијата на украинскиот воен персонал, се вели во соопштението објавено на […]

Објавен нов план за европската Суперлига


 Проектот за европска Суперлига повторно е лансиран, но овој пат под името Обединета лига (анг. Unify League). Според новите информации, изменетата Суперлига би имала четири нивоа на натпреварување, пренесува англискиот новинар Бен Џејкобс. Поминаа три години откако првичната идеја за Суперлигата беше набрзина згасната по само 48 часа и лавина негативни реакции од фудбалските фанови […]

„Должничка листа“ – само пет државни фирми должат над 300 милиони евра


По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан, […]

Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024


 Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е  зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители.  Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на изведени претстави во професионалните театри за деца и млади во 2023/2024 е зголемен за […]

Доделени Годишните награди на Македонска берза за 2024 година


На 16.12.2024 година се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2024 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.  Четврта година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз […]

МВР: Кривичните пријави за Ковачевски и Димовски се за тоа што Лотарија била ставена на точка на дневен ред во владата


  Министерството за внатрешни работи по појаснувањето на Јавното обвинителство попладнево преку соопштение ги наведува деталите од кривичните пријави за осумтемина осомничени во случајот со Државната лотарија. ВМР соопштува зошто се пријавите за поранешниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот генерален секретар Методија Димовски. За нив има кривична пријава затоа што предметот за Државна лотарија го […]

Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок сѐ до санирање на дефектот


По минатонеделното излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Општина Карпош, од ЈП „Водовод и канализација“ за МИА информираат дека, според информациите што ги имаат, најавениот прекин на вода во Скопје ќе биде после 22:00 часот во петок (20 декември) и ќе трае се до санирање на дефектот. Вода во Скопје ќе имаат жителите […]

Сериозно да се размисли за повлекување на измените на Законот за јавни набавки, препорачува Факиќ


Сериозно да се размисли за повлекување на измените на Законот за јавни набавки и да се спроведе широка јавна расправа која треба да донесе поквалитетна контрола на јавните набавки, смета Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации. – Предложените измени во кои се намалува контролата на јавните набавки сметам дека е контрадикторно на она на […]

Рани знаци на деменција


Деменција е состојба на непрекинато опаѓање на функцијата на мозокот. Тоа може да влијае на помнењето, но и вештините за размислување, говор, разбирање и расудување. Затоа, важно е да се препознаат некои од најчестите симптоми. Голем број луѓе се борат со деменција, но свесноста во општеството за тоа сè уште останува ниска. И покрај се […]

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани


Проблемите на скопјани поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани и се решаваат многу едноставно. Нив треба да ги решат 45. лица коишто земаат по 600 евра за присуство на седница во Советот на град Скопје. Тоа е единствениот начин, порача денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.  – Како што постои во […]

Агелер и Рокас не сакаат да ги коментираат истрагите за „Лотарија“


Амбасадорите на Европската Унија и САД во земјава, Михалис Рокас и Анџела Агелер, засега се без коментар во врска со актуелните истраги на МВР и Обвинителството, конкретно, за случајот „Лотарија“ и за предметот што Обвинителството го оформи по ставањето на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД. Одговарајќи […]

Маестрален неуспех на Путин во Украина, сега контролира помалку територија од 2014-та


 Русија претрпе 700.000 жртви, мртви и ранети, ја загуби контролата над Сирија и Ерменија, предизвика проширување на НАТО и ја уништи сопствената  економија, додека ја намали окупацијата на Украина од околу 30% во март 2022 година на приближно 20% сега. Погледнете ги мапите и сведочете за фијаското. Русија, исто така, се соочи со неуспеси на […]

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“. Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирањето нови прописи со кои се уредуваат планирањето и проектирањето велосипедска инфраструктура во населено […]

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара


Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија. Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше […]

Куманово во 2025 ќе има речиси 49 милиони евра буџет, основен речиси 23 милиони


Куманово за 2025 година ќе има буџет од речиси три милијарди денари. Советот на општина Куманово го изгласа буџетот кој изнесува 2.991.022.424 денари, од кои основниот е 1.402.411.427 денари, приходи ос самофинансирачки активности 76. 735. 984 денари, приходи од дотации 1. 483. 468. 354 и приходи од донации 28. 406. 569 милиони денари. -Буџетот е […]

Нуклеарната централа Кршко ќе го надмине планираното производство во 2024 година


Нуклеарната електрана Кршко (НЕК) ќе го надмине планираното производство за оваа година од 5,453 милијарди киловат часови електрична енергија, соопшти НЕК. Во годината кога се одбележува 50-годишнината од поставувањето на камен-темелникот, досега се произведени повеќе од 220 милијарди киловат часови. При редовниот пролетен ремонт и замена на горивото беа извршени сите планирани одржување, мониторинг тестови […]

Обвинителството појаснува: Кривичните пријави против Ковачевски и Димовски се проверуваат


  Републичкото јавно обвинителство денеска појасни дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот генерален секретар на владата, Методија Димовски, не се опфатени во истрагата за случајот „Лотарија“, но и дека кривичната пријава поднесена против нив од МВР не е отфрлена. Забуната во јавноста настана бидејќи МВР поднесе кривични пријави против осум лица за случајот „Лотарија“, […]