Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица


Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се […]

Блерим Беџети го повика Артан Груби да се врати во Македонија


  Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“ и пратеник од ДУИ, Блерим Беџети, во изјава за ТВ21 му порача на Артан Груби да се врати и да се соочи со органите на правдата и со законите. Беџети кажа дека дали е чист или сторил кривично дело, треба да утврдат уставните органи во државата. „Јавно […]

Објавен е нов повик за ископ на јаглен, кој ќе копа наместо „Маркоски компани“?


Во петокот веќе е објавен отворен повик за јавна набавка со скратени рокови од 20 дена, а кој ќе копа јаглен наместо „Маркоски компани “ ќе покаже времето, односно кога ќе заврши целата постапка, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев. Нагласи дека „Маркоски компани“ засега се уште нема пратено никаква жалба, ниту, […]

Трамп испраќа историчарка на уметност за амбасадор во Загреб


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Никол Мекгро, дипломирана историчарка на уметност, ќе биде новиот американски амбасадор во Хрватска. „Никол е филантроп, посебна жена и светски познат колекционер на уметнички дела. Таа ја отвори својата прва уметничка галерија во Палм Бич Гарденс во 2006 година и оттогаш изгради глобална база на клиенти, како и […]

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција


 На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална. Се очекува договорот да биде […]

Ако припаѓате на една од овие групи на луѓе – не се препорачува да јадете белка од јајце


Улогата на јајцата во исхраната често се истакнува поради нивните многубројни придобивки, но има случаи во кои не се препорачува конзумирање на белки. Белките се богати со протеини и ниски калории, што ја прави пожелна храна за многу луѓе, особено за спортистите. Сепак, постојат одредени групи на луѓе кои треба да избегнуваат белка од јајце […]

На сметка за струја од 2.300 денари – зголемувањето е 21 денар


Цената на електричната енергија се зголемува од 0,68 до 2,24 отсто, во зависност од тоа за кој блок се работи. Како што пресмета претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, ако сте имале сметка за струја од 2.300 денари, струјата би поскапела за 21 денар. – Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува 0,92 […]

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 процентни поени


На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

Зеленски: Не ни треба посредник како Орбан


„На Украина не ѝ се потребни посредници како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нема да го пуштам него и луѓето како него“ – порача претседателот на Украина, Володомир Зеленски околу наводните мировни напори на претседателот на Унгарија и актуелчен претседавач со ЕУ. Според зеленски, Орбан нема ни кредибилна армија, ни мож со тоа да го убеди […]

Почесниот конзул на Косово повикан во полициска станица


Почесен конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со истрагата за махинации во Државната лотарија. Во случајот е поврзан и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се бара од полицијата. Тој беше идентификуван како бизнисменот кој со своето возило […]

Претреси во Арачиново, пронајдено оружје и муниција


Ноќеска, околу 1.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки […]

Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег


 Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа […]

Грант од пет милиони евра од ЕБОР за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“


Пет милиони евра грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат вложени во проектите за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, што треба да придонесат за енергетската транзиција на земјава.  Договорот за грантот го потпишаа денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, […]

Зеленски призна дека Донбас и Крим не можат да се вратат на воен начин


  Украинската армија нема сила да ги врати Донбас и Крим кои ги зазеде Русија, но Киев не може да се откаже од овие територии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Украинскиот устав ни забранува да го правиме тоа. Де факто, овие територии сега се контролирани од Русите. Немаме сила да ги вратиме. Можеме да сметаме […]

Пониска е стапката на смртност од Алцхајмерова болест кај возачите на такси и брза помош


Една нова студија посочува дека работните места за кои е потребна просторна обработка на информации, како што е пронаоѓањето најдобра маршрута со такси или најдобриот начин за навигација до болница, може да доведат до пониски стапки на смртност од Алцхајмерова болест, пренесува Факултети.мк. Истражувачите од „Мас џенерал Бригам“ ја истражувале оваа можност користејќи национални податоци […]

Фондот „Еуроимаж“ чекор поблизу за финансирање телевизиски серии во земјава


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го потпиша Договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. „Со задоволство објавувам дека денес го потпишав договорот со ’Еуроимаж‘ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година! […]

Девет од 18-те обвинети криминалци биле уапсени во време на СДСМ


СДСМ ја нарече „китење со туѓи перја“ акцијата на МВР за пресметка со криминалните структури во земјата, тврдејќи дека таа е започната уште во 2023, како што кажал и самиот Панче Тошковски. „Тоа не е никаква акција која тој самиот или оваа Влада ја направиле, туку е акција која е наследена и целосно разработена. Потоа, […]

СДСМ: Дали бегството на Артан Груби е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?


СДСМ бара од Министерството за внатрешни работи  да даде јасен одговор како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно на самиот ден на акцијата. -Според информациите со кои располагаме и ги добивме од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја […]

Две лица приведени за убиството на рускиот шеф за хемиското оружје


  Две лица се приведени под сомнение дека го убиле началникот на трупите за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник, изјавија извори за „Комерсант“ и „Известија“. Според нив, органите на редот ги зеле трагите „од местото на злосторството“, обрнувајќи внимание на два сомнителни автомобили кои биле […]