Бочварски: Нема 100 милиони евра оваа година за општините, ВМРО-ДПМНЕ манипулира


  Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најавувавше реализација на 100 милиони евра оваа 2024 година и 250 милиони евра идната 2025 година за општините.    Првата манипулација беше откриена при ребалансот на буџетот за 2024 година кога констатиравме дека нема 100 милиони евра на располагање, туку има некаде околу […]

Ќе останат ли студентите во Скопје без бесплатен јавен превоз?


Бесплатниот студентски автобуски превоз со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) повторно е доведен во прашање. Обидите на студентите да ги продолжат годишните билети за следната календарска 2025 година завршуваат безуспешно – во центрите за персонализација на ЈСП добиваат одговор дека се чека „амин“ од надлежните. Но, претпријатието и Министерството за образование и наука (МОН) […]

Што му е на Владо Јаневски?: Концертот од декември се одложува напролет


Од здравствени и технички причини се одложува концертот на поп-ѕвездата Владо Јаневски на 27 декември во СЦ Јане Сандански, за напролет. „Ве информираме дека поради вчерашна, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември во СЦ Јане Сандански, како […]

Поради високо ниво на пестициди земји oд ЕУ вратиле назад во Албанија пратки со мандарини


 Европскиот систем за безбедност на храната го вклучи алармот за испораките со  мандарини кои доаѓаат од Албанија, објави „Топ чанел“. Според истиот извор во последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, „земји кои увезуваа овошје од нашата земја, по направените анализи го  отфрлија албанското производство од нивните граници”. -Мандарините содржат остатоци од неколку супстанции […]

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за акцизи


Собранието попладнево, во рамки на 23 седница, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за акцизи и на Законот за културата и ја донесе Одлуката за именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренција. Пратениците го усвоија и Законот за ратификација на Договорот за финансирање на повторното воспоставување заедничка постојана поставка во блокот […]

Балетанот Полунин  кој го истетовира Путин вели дека ја напушта Русија


Поранешната ѕвезда на Кралскиот балет Сергеј Полунин, познат по тетоважите на рускиот претседател Владимир Путин, во средата објави дека планира да ја напушти Русија. Украинско-рускиот балетан беше една од најистакнатите ѕвезди кои ја поддржаа руската анексија на Крим во 2014 година и воената офанзива во Украина. Беше награден со престижни државни функции. Полунин во порака […]

Британскиот весник Обзервер доби нов сопственик


Лондон – Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал „Обзервер“, најстариот неделен весник во светот, на „Тортоиз медиа“. Компанијата Скот Траст, која е сопственик на Гардијан медиумската група, соопшти дека Тортоиз Медиа го купува Обзервер преку комбинација на готовина и акции. Обзервер е основан во 1791 година и стана дел од медиумската […]

18 декември во историјата – Првите британски колонисти со „Мејфлауер“ се истоварија во Америка


  На 18 декември 1620 година, англискиот брод „Мејфлауер“ се закотви на американското копно во денешен Плимут, Масачусетс, а неговите патници се подготвуваа да ја започнат да ја градат својата нова населба, колонијата Плимут. Познатата приказна за „Мејфлауер“ започна во 1606 година, кога група реформски настроени пуританци во Нотингемшир, Англија, основаа своја црква, одвоена од […]

Во Скопје расте бројот на вакцинирани против ХПВ


За периодот јануари – јуни 2024 година со прва доза вакцина против ХПВ во Скопје се вакцинирани 564 лица или 83,7 отсто повеќе од истиот период лани, според Институтот за јавно здравје. Но опфатот на ниво на држава опаднал. Вакцината е задолжителна и за момчињата, но нема податоци колку се вакцинирани. ХПВ-вирусот е главен предизвикувач […]

Струјата најмногу поскапе за потрошувачите од третиот и четвртиот блок, еве ги износите


Беше најавувано дека струјата може да поскапи од еден до три проценти, но Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска објави дека цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари во просек ќе се зголеми за 0,92 отсто. За оние што трошат најмалку, и влегуват во првиот блок, зголемувањето е најмало и изнесува 0,68 проценти, […]

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, присвоиле стотици милиони денари


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице и oбвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица. Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото […]

Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга е во болница


Ноќеска,  во 00:51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71), информираат од МВР. При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на […]

Армијата на ботови на Путин објавила над 30 милиони коментари за четири месеци


По скандалот со изборите во Романија медиумите се фокусираа на протечени документи за  начинот на кој Москва ја користи технологијата и социјалните мрежи за да ја наметнува својата пропаганда надвор. Тие истражувања открија дека руска пропагандна компанија работела на популаризација на екстремно десничарските партии во Европа – и создала барем еден мем споделен од Илон […]

Мицкоски на Калас ѝ ги претставил позициите на владата


  Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со новата висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Средбата се одржа пред најавениот самит ЕУ-Западен Балкан. „На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да […]

Министерката Божиновска најави формирање државен универзален снабдувач со струја


Владата и Министерството за енергетика немаат влијание врз работата на Регулаторната комисија за енергетика затоа што е таа е независно тело, но ќе иницираме предлог за обезбедување државен универзален снабдувач со струја, истакна министерката за енергетика Сања Божиновска, одговарајќи на прашањето од пратеникот Амар Мециновиќ дали ЕСМ, како производител на електрична енергија, може да биде […]

Политички судења, убиства и прогони: 2024-та една од најмрачните години во модерна Русија


Активистите за човекови права во Русија (OVD-Info) објавија годишно резиме на настаните во рускиот правосуден систем. Според нив, главните трендови од  последниве години продолжија и во 2024 година – насочено политичко прогонство, напади врз ранливи групи и усвојување на сè порепресивни закони. Според извештајот, 2.976 лица се соочуваат со политички мотивирани обвиненија во Русија денес, […]

УЈП ги повикува фирмите навреме да поднесат ДДВ-04 пријави


Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави за овој даночен период, навреме да ги достават потребните документи до своите сметководители. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти декември 2024 година (среда), што значи дека остануваат уште пет работни дена за исполнување на […]

Трамп го тужи главниот весник во Ајова поради анкета објавена пред изборите


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го тужеше „Регистарот на Де Моан“ од Ајова и неговиот анкетар за „дрско мешање во изборите“ во објавувањето на истражувањето викендот пред изборите, кое покажа дека демократката Камала Харис има изненадувачко водство од три процентни поени во државата. Компанијата што го поседува весникот во вторникот ја отфрли тужбата како неоснована […]

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“


Халкбанк АД Скопје започнува нова еко-акција „Еден милион садници за пет години“ со која потврдува дека грижата за животната средина останува нејзин врвен приоритет. Со акцијата „Еден милион садници за пет години“ истовремено се одбележува и петгодишнината од „зелената платформа“ ХалкЕко, во рамките на која банката во изминативе години оргнизираше и поддржа бројни еколошки проекти. […]

НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март – место осум дена, останаа девет месеци


НАСА соопшти дека враќањето на астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор од Меѓународната вселенска станица ќе биде одложено до крајот на март, со што нивната мисија, која првично требаше да трае само осум дена, е продолжена на повеќе од девет месеци. НАСА потврди дека Вилијамс и Вилмор, заедно со астронаутот Ник Хејг и рускиот космонаут […]