Даути повторно стави „рампа“ на Законот за бранители, му поминал рокот!


 Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како прва точка на дневниот ред да биде Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства – Законот за бранители. На комисијата требаше да се расправа […]

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите


 Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела […]

Мецола: Ако се „влечкаме“ со проширувањето на ЕУ, други ќе ја пополнат празнината


 Во 2024 година подзабавивме и не можеме да бидеме горди поради тоа, но во 2025 година треба да забрзаме ако сме навистина сериозни во напорите да го потврдиме местото на Европа на светската сцена, бидејќи имаме малку простор за друг избор, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното денешно учество на […]

Кадар на Тошковски го пуштил Груби да избега во Косово, тврди СДСМ


Човекот кој го пропуштил поранешниот вицепремиер Артан Груби е личен избор на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за таа позиција, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, полицијата не си ја завршила работата, бидејќи потфрлила контролата на Блаце поставена кај кружниот тек три дена пред бегството. „Целосно потфрлила контролата на […]

Скопјани ги испразнија рафтовите со вода по најавата за прекин на водоснабдувањето


Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа. -Како што […]

Диверзификација на извозот, независни институции… Што им препорача Светска банка на пратениците за развој на приватниот сектор


Да се создаде бизнис околина што ќе биде предвидлива и ќе ги намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања, формирање на иновативен еко систем којшто ќе ги доближи новите технологии и знаења до македонските фирми, финансиски сектор кој ги опфаќа сите форми и ќе нуди разновидни финансиски услуги со […]

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.  Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во […]

Најпознатата божиќна песна нема врска со Божиќ (ВИДЕО)


Веројатно не сте го знаеле ова. Кога станува збор за песната „Jingle Bells“, веројатно сите во светот помислуваат на Божиќ, но таа првично е напишана за друг празник кој нема никаква врска со раѓањето на Христос. Автор на „Jingle Bells“ е Џејмс Пиерпонт, кој во раните 1850-ти гледал трка со санки во Масачусетс и бил […]

Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата


Постои можност распустот за сите ученици да започне во понеделник на 23 декември, седум дена порано од предвиденото во училишниот календар, дознава „Блиц“. Како што пренесува српскиот портал, предлогот е веќе формулиран и се чека одлуката на Владата на Србија. Според тој предлог, второто полугодие ќе започне според планираното, на 20 јануари 2025 година. Со […]

Каде оди Сирија по Асад?


„Повеќето европски влади едвај чекаат да се ослободат од сириските мигранти“, вели Лина Чаваф, која беше истакната ТВ личност во Дамаск додека не побегна во 2011 година, откако застана на страната на народниот бунт против сега соборениот моќник Башар ел Асад. Навистина, Европејците изгледаат премногу желни да го видат грбот на сириските баратели на азил […]

АД ЕСМ зема кредит од КфВ банка за фотоволтаична централа во Битола и за проширување на ветерниот парк „Богданци“


АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“, соопшти Министерството за финансии. Средствата за овие два значајни проекта, во износ од 55 милиони […]

Дигитализацијата на културното наследство е основа за заштита и промоција на нашата култура и идентитет


Во Управата за заштита на културното наследство пуштен е во употреба Софтвер за водење заштитни евиденции и Националниот регистар на културното наследство во земјава што ќе овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство со примена на иновации. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќањето на прес-конференција по тој повод истакна дека со […]

Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода


Општина Кисела Вода предновогодишно започнува со исплата на субвенции за граѓаните кои аплицираа и ги исполнија критериумите од јавните повици кои беа објавени во изминатиот период. Исплатата, која започнува од понеделник, опфаќа средства за поддршка на граѓаните кои поднеле барања за субвенции за пелети, печки на пелети и огревно дрво. Целта е да се помогне […]

Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година


 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период […]

Влатко Стефановски со јубилеен концерт за паметење во Загреб, ова беа специјалните гости


Eден од најистакнатите гитарски виртуози на овој дел од Европа, легендарниот Влатко Стефановски, со Влатко Стефановски Трио, синоќа во одамна распродадената сала Лисински во Загреб, прослави 50 години од својата голема кариера. На тричасовниот концерт Стефановски ја поведе публиката на патување низ неговиот богат опус, од првите денови во родното Скопје со бендот Леб и […]

Земјотрес од 2,8 степени во близина на Гевгелија


Попладнево нов земјотрес е регистриран во Македонија со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 13.09 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, епицентарот е на 12 километри од Гевгелија, во близина на Миравци. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

Пленковиќ: Никому не е во интерес Србија да остане без нафта


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во Брисел дека треба да се најде одржливо решение за испорака на нафта за Србија преку Јадранскиот гасовод (Јанаф) и дека не е во ничиј интерес земјата да остане без нафта. „Мораме да најдеме одржливо решение што е добро и за Јанаф и за економијата на Србија“, рече Пленковиќ, кој […]

Реконструиран влезот во Кавадарци од правец на Неготино


Влезот во Кавадарци од правец на Неготино, кој е доста фрекфентна сообраќајница е реконструиран. Увид на местото денеска извршија кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.  – Всушност, реконструиран е дел од регионален пат со проширување и ставање во функција на три наместо две ленти за сообраќај, простор […]

Европа пред економска апокалипса


Економските вкрстени ветрови што ја зафаќаат Европа се закануваат да предизвикаат бура во наредната година. Очекувањата се дека новиот претседател на САД,  Доналд Трамп ќе воведе нови тарифи за сè, од Бордо до Бриони и  ќе го зајакне своето барање земјите од НАТО  да собираат повеќе пари за сопствената одбрана или да ја изгубат американската […]

Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година


Над 500 компании во оваа учебна година организираа практична настава за речиси 4000 ученици од дуалните паралелки во 62 средни стручни училишта, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес. Според Јаневска, ова се добри бројки до кои е дојдено со многу труд на Министерството за […]