Мицотакис: Мицкоски на самитот на ЕПП го користеше името Северна Македонија


Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за во некој момент да се отвори европски пат на соседната земја, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш ја истакна потребата да се почитуваат меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина. На новинарско […]

Резултати од пописот во Косово: Двојно повеќе Срби од пред 13 години


Населението на Косово се намалило во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,6 милиони, покажуваат резултатите од вчера објавениот попис на населението. Претходно оваа година беше спроведен вториот попис на населението откако Косово прогласи независност. Агенцијата за статистика објави дека Србите го бојкотирале пописот на населението „во значителна мера“ по повиците на српските политички […]

Американски дипломати отпатуваа во Сирија


Американски дипломати пристигнаа во Сирија за директно да разговараат со новите исламистички владетели, надевајќи се дека ќе поттикнат умерена и инклузивна земја и ќе најдат индиции за исчезнатите Американци, соопшти Стејт департментот. Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и кулминираше […]

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул


Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец […]

Обвинителството се откажа од гонење на Дрин Ахмети


Обвинителството се откажа од кривично гонење на внукот на претседателот на ДУИ, Дрин Ахмети, во врска со пиротехничките средства кои му беа одземени вечерта на 30 декември 2023 година, во неговиот автомобил „Ренџ Ровер“ со албански регистарски таблички, за време на полициска контрола во Скопје. Од Обвинителството  нагласуваат дека според извештајот, огнометот кој е пронајден […]

Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“


По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер од 22 часот во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено. Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата […]

ИЈЗ со препораки за скопјани во периодот кога нема да има вода


Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, Институтот за јавно здравје на Македонија излезе со препораки за да се подготвите и да го минимизирате влијанието: П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице […]

Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, […]

Промоција на редизајнираниот Национален портал – Uslugi.gov.mk


 Во организација на Министерството за дигитална трансформација денеска 11 часот ќе се одржи конференција насловена „Националнен портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе има презентација на најважните нови функционалности на порталот. На конференцијата ќе говорат и првите луѓе на институциите чии што нови услуги се достапни […]

Дурмиши, Ристески и Стојкоски ќе посетат маркети вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“


Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе посетат дел од маркетите вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“. Според најавата, во 11 часот предвидено е да го посетат супермаркетот што се наоѓа во трговскиот центар „Рамстор“. Во 11:30 часот, […]

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ во НOB


Во Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставите e гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а сценограф е Андреј Злобин. Под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина, додека концерт-мајстор е Климент […]

Стапи во сила привремената забрана за дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк


Њујорк – Федералната управа за авијација (ФАА) планира привремено да ги забрани летовите на дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк поради широката загриженост на јавноста, изјави гувернерката на државата.  Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, во изјавата нагласи дека разговарала со секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас, кој и рекол дека „ФАА планира да одобри […]

Што е платежниот европски систем СЕПА и што ќе значи тоа за фирмите и за граѓаните


Црна Гора и Албанија пред неполн месец беа примени во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) како први земји од Западен Балкан, а Македонија очекува наскоро да се приклучи како 39. членка на овој систем на плаќања на Европската унија кој ги поедноставува банкарските трансфери деноминирани во евра. Во едно промотивно видео на Европската […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 20 декември 2024 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 11 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот. Еве како стои македонскиот 


Објавено е најновото рангирање на најмоќните пасоши во светот кое секои три месеци го објавува Henley Passport Index. Индексот е создаден од лондонската компанија за глобално државјанство и престој Henley&Partners користејќи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA). На прво место се Обединетите Арапски Емирати, чии граѓани можат да уживаат безвизен пристап или пристап […]

Кирил Петков е обвинет за апсењето на Бојко Борисов


  Копретседателот на партијата Продолжуваме со промената и поранешен бугарски премиер, Кирил Петков, во четвртокот го доби статусот на обвинет. Обвинението е подигнато поради апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред две години. Заедно со него беа приведени неговата шефица за односи со јавноста Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов. Повод […]

Основани се сомнежите дека Груби избегал во договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, вели Каранфилова-Пановска


  Премногу е случајно тоа што Артан Груби исчезна два дена откако е поднесена кривичната пријава против него, дека слободно ја поминува границата и има премногу сомнежи дека тоа не е случајно, рече заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа рече дека Груби ја поминал границата со Косово, покажувајќи ги своите […]

Адвокатот на Груби поднел жалба на одлуката за притвор


 Адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“ поднел жалба на одлуката за притвор, потврдија од Кривичен суд-Скопје.  Оттаму велат дека одлука ќе се донесе во следните денови. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, […]

Каролина за Нова година ќе пее во Охрид


Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ги објави имињата на изведувачите кои ќе ги забавуваат граѓаните за новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Охрид. Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, Take 5, DJ Gec и DJ Face ќе настапат на 31-ви декември, а пак наредниот ден, на први јануари, ќе следи дневна забава со Сара Мејс и „Балканикос […]

Потребен ни е нов Кривичен законик, базиран на европското искуство, вели премиерот


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е потребен нов Кривичен законик кој ќе биде базиран на европското искуство, затоа што овој Кривичен законик ваков каков што е, ќе значи амнестија за дел од сторениот криминал за кој што постои основано сомнение и докази. -Овој Кривичен законик ваков каков што е сега, условно кажано ќе значи амнестија […]