Руски војник си ја убил ќерката и ги избодел сопругата и синот пред да се самоубие во Рос


Руски војник, на одмор од борбената зона, ја убил својата 14-годишна ќерка и ги избодел сопругата и еден од неговите синови ноќта на 19 декември за време на семеен собир во рускиот Ростов на Дон, според Комсомолскаја Правда. Потоа извршил самоубиство. Изданијата известуваат дека во инцидентот учествувало семејство од Јакутија од далечниот исток на Русија. […]

Илон Маск ја поддржа крајната десница во Германија


  Илон Маск ја поддржува крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД). „Само АфД може да ја спаси Германија“, напиша милијардерот и сопственик на платформата Икс во петокот во најновиот дел од серијата поддржувања на европските екстремно десничарски партии. Маск неодамна ги поддржа европските популистички десничарски политичари со сè појасни термини, вклучително и италијанскатат премиерка Џорџа Мелони […]

Ќе се „забранат“ телефоните на учениците во основните и средните училишта


Министерството за дигитална трансформација ќе им прати на основните и средните училишта препораки во врска со апликации на мобилните уреди кои имаат штетни влијанија врз учениците.  Министерот Стефан Андоновски изјави дека ги подготвуваат препораките, но нагласи дека за овој проблем најодговорни се родителите, особено на децата во основно образование, затоа што треба да ги вклучат […]

Македонија за државна помош издвоила 253 милиони евра, помалку од Србија, а повеќе од Косово и Албанија


Државната помош во земјите од Западен Балкан се движи од под 0,5 отсто од БДП во Косово и Албанија, до 5,9 отсто од БДП во Србија (податоци од 2022), а Северна Македонија доделува државна помош од 1,9 отсто од БДП или 253 милиони евра, покажува анализата што ја направи „Фајнанс тинк“ (Finance Think) заедно со […]

Радев го пречека Орбан како херој, кому Бугарија му е благодарна


  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го опсипа со суперлативи најсилниот проруски глас во Европа, Виктор Орбан, му се заблагодари за влезот на државата во Шенген и му вети дека ќе бидеме „доверлив партнер во енергијата“. Шефот на државата не ја криеше радоста што унгарскиот премиер е првиот што го прими на верскиот празник Игнатден. […]

Мајката на напаѓачот: Го молев докторот да не го пушти да излезе. Тој е нестабилен, има две дијагнози


Мајката на напаѓачот, 19-годишникот од Загреб, кој уби едно првоодделенче, рани седум како и нивната наставничка, во интервју за „24 часа“ изјавила дека го молела докторот да не го пушта од психијатриската болница во Јанкомир. „Има емотивно нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се сече“, вели мајката. „Ми рекоа дека напаѓачот […]

Неработни денови и државни празници во 2025


Од Министерството за труд и социјална политика ја објавија програмата за неработни денови и државни празници за 2025 година. Во 2025-та ќе има вкупно 4 продолжени викенди за сите граѓани, односно 6 за граѓаните од православна вероисповед. 

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит


Новото обележје на градот, „Гранд Скопје“, само оваа празнична сезона нуди единствена можност за нов дом во престижната „Grand View“ зграда. Во моменти кога најмногу размислувате за вашите најблиски и нивната сигурна иднина, обезбедувањето на удобно и квалитетно место за живеење е највредната инвестиција што можете да ја направите. „Grand View“ нуди разновиден избор на […]

Нема концерти на адвентот во Загреб – утре Ден на жалост


Туристичкиот одбор на Град Загреб информираше дека сите локации на Адвентот денеска ќе работат во намалена форма без концерти и придружни програми, поради трагедијата во ОУ „Пречко“, а во сабота, поради Денот на жалост, сите локации ќе го прилагодат режимот. „Поради денешниот трагичен настан во Загреб, сакаме да ве информираме дека сите локации на Адвент […]

Вилијам и Кејт со лична божикна честитка


Принцот Вилијам и принцезата Кејт од Велс објавија лична божиќна честитка оваа година, користејќи фотографија од видео објавено во септември кога принцезата објави крај на нејзиниот третман со хемотерапија. Фотографијата, клип од филмот на режисерот Вил Вор, ги прикажува принцот Вилијам и Кејт и нивните деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Оваа фотографија […]

Потпишан Договорот за заем од Унгарија од 500 милиони евра, парите се за отплата на еврообврзницата во јануари


Петстотини милиони евра се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските коишто доспеваат во јануари 2025 година по основ на издадена Еврообврзница во 2018 година. Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Денеска во Будимпешта потпишавме нов Договор за заем […]

Пазарните инспектори досега не регистрирале поскапување на водата во големите маркети во Скопје


Државниот пазарен инспекторат не регистрирал зголемување на цената на флшираната вода во големите маркети во Скопје во текот на вчерашниот ден, откако имало поплаки за минимално покачување, но не и за недоволни количини, информира директорот на ДПИ Влатко Стојковски. На новинарско прашање за евентуално изигрување од трговците поради најавениот прекин во снабдувањето во поголемиот дел […]

Нема да има пеење химна во училиштата, тврди Вреди


Од коалицијата Вреди информираат дека го суспендирале законот за средно образование кој межу другото предвидуваше изведување на државната химна во училиштата. „По поднесувањето на амандманите од коалицијата ВЛЕН, Владата го повлече законот за средно образование. Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е само ВЛЕН. Постапивме како што ни одговара. […]

Порталот uslugi.gov.mk редизајниран и со нови 100 електронски услуги за граѓаните


Министерството за дигитална трансформација денеска го претстави редизајнираниот национален портал uslugi.gov.mk кој на граѓаните им нуди сто нови електронски услуги.   Министерот Стефан Андоновски на презентација ги соопшти најважните нови функционалности на порталот. Рече дека со неговиот тим во изминатите пет месеци интензивно работеле да ги подобрат перформансите на е-порталот и искуството на оние што […]

Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби


Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон. – Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената […]

Зголемено и штедењето и кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити


Во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 11,0%, а вкупните кредити од 9,7%, соопшти Народна банка. Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити […]

Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на […]

Дурмиши, Ристески и Стојаноски задоволни од новогодишната кошница, производите поевтиниле за 10 отсто


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни […]

Администрацијата на Бајден го најави последниот пакет помош за Украина


Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден наскоро ќе го објави последниот пакет помош за Киев во рамките на Иницијативата за безбедносна помош во Украина (УСАИ), користејќи ги преостанатите средства наменети за набавка на ново оружје, јавуваат странските агенции. Како што е наведено, пакетот вреден околу 1,2 милијарди долари вклучува системи за пресретнување на […]

„Кластерите не се отвораат со тупаници“: Тонино Пицула го осуди нападот на Ѓилас


  Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула го осуди нападот врз лидерите на опозицијата Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ синоќа во Белград. „Најостро го осудувам нападот врз Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ! Јавниот простор не смее да биде полигон за насилство врз политичките противници. Кластерите не се отвораат со тупаници“, напиша Пицула на […]