„Водовод“: Водата во Скопје е безбедна за пиење


  Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење, соопшти надлежното јавно претпријатие откако вчера (21 декември) се изврши сериозен зафат за санација на водоводната мрежа во главниот град.   „Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет […]

Made in Macedonia-Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци


,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е […]

ВМРО-ДПМНЕ се фали со поддршка, СДСМ вели дека анкетата е лажна


Новата Влада на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ужива значителна поддршка од граѓаните – 38,9% од испитаниците се задоволни од работата на Владата во првите пет месеци, додека 31,2% не се задоволни“, покажува истражувањето на агенцијата Маркет вижн, нарачано од МКД.МК и спроведено од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници. Во однос на […]

Палестински функционер: Договорен 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа


Деведесет отсто од договорот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас е договорен, но клучните несогласувања не се надминати, изјави за Би-Би-Си палестински функционер кој учествува во преговорите. -Една од пречките е коридорот Филаделфија долж границата со Египет, рече тој, додавајќи дека на преговорите во Доха се разгледува потенцијалното создавање на […]

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат


Вонредно собрание за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е закажано за денеска во Скопје. Вонредното собрание беше закажано на 17 ноември, откако Муамед Сејдини поднесе оставка на претседателското место во ФФМ. Единствен кандидат за негов наследник е поранешниот фудбалер на Вардар и Слога Југомагнат, Масар Омерагиќ. Комисијата за избори и […]

Божиќ заврши во Магдебург, напаѓачот најавил дека ќе се случи „нешто големо“


Саудискиот државјанин кој го изврши смртоносниот  напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, во кој загинаа пет, а повредени беа повеќе од 200, предупредил на социјалните мрежи дека „ќе се случи нешто големо“. 50-годишниот лекар е во полиција откако со црн теренец БМВ помина со полна брзина 400 метри низ преполниот пазар, возејќи над […]

Трамп сака трошоците за одбрана да се зголемат на 5 отсто во членките на НАТО


Доналд Трамп сака земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на повеќе од двојно од сегашната цел, објавија Фајненшл Тајмс и Телеграф. Според извештаите, тимот на Трамп им рекол на европските претставници дека новоизбраниот претседател на САД очекувал сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од националниот бруто […]

Хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција


Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција! Несреќата се случила во градот Мугла, а на терен се спасувачки екипи. Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија, а до несреќата дошло поради густа магла. Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на […]

Левица за бегството на Груби: Државните институции се лојален сојузник на криминаците


Зад завесите на театарот за бегството на Артан Груби се крие колективен договор на политичките елити, тврди Левица во последната реакција на бегството на вицепремиерот во Косово. „Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив – таа рудиментира. […]

Трамп избра милијардер за амбасадор на Италија


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе го номинира милијардерот сопственик на професионалниот кошаркарски тим „Хјустон Рокетс“, Тилман Фертита за амбасадор на неговата администрација во Италија. Фертита е претседател и сопственик на Landry’s Corporation, која управува со 600 ресторани, хотели и казина во 35 американски држави. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, […]

Коловозите низ земјата претежно влажни,а некои и со остатоци од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. ЈП Македонија пат, […]

Во Сенатот на САД поднесен предлог за санкции против Турција поради Сирија


Американски сенатори поднесoa предлог-закон кој предвидува санкции против Анкара поради нејзините напади врз курдските Сили на демократска Сирија (СДС), поддржани од Вашингтон. -Нападите од страна на силите поддржани од Турција врз нашите партнери од редовите на сириските Курди ја поткопуваат регионалната безбедност и напорите да се спречи оживувањето на „Исламска држава, напиша синоќа на „Х“ […]

Трамп ќе бара бара од Панама да го врати Панамскиот канал на САД


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера ја обвини Панама дека наплатува прекумерни такси за користење на Панамскиот канал и рече дека доколку Панама не управува со каналот на прифатлив начин, може да побара од американскиот сојузник да го врати. Во вечерниот пост на платформата Truth Social, Трамп исто така предупреди дека нема да дозволи каналот да […]

Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море


 Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата, а еден се здобил со полесни повреди во инцидентот. Инцидентот се случил додека американската војска извршила воздушни напади врз јеменските бунтовници Хути. Централната команда на американската армија не прецизираше […]

Напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург обвинет за пет убиства


Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад во петокот на божиќниот пазар во источниот град Магдебург, во кој загинаа пет, а беа повредени 200, соопшти полицијата рано утринава, јави ДПА. Осомничениот, кој е идентификуван како Талеб Ал-Абдулмохсен , е обвинет за пет убиства, повеќекратни обиди за убиства и тешки телесни повреди на повеќе од […]

(Видео) Како изгледа животот во град во кој сите жители живеат во една зграда


До Витиер, Алјаска може да се стигне со траект или со поминување низ подземен тунел долг 4 километри кој минува под глечерот, а она што го прави овој град посебен е фактот што сите жители живеат во една зграда. Зградата во која живеат се вика Бегички кули и е изградена во 1974 година за време […]

Дроновите забранети во делови на Њујорк и Њу Џерси, полицијата може да ги уништи


Американските воздухопловни власти забранија употреба на беспилотни летала на 22 инфраструктурни локации во Њу Џерси и уште 29 во Њујорк во период од 30 дена по нивниот зголемен број во источниот дел на САД. Новите мерки и дозволуваат на владата да употреби „смртоносна сила“ против беспилотните летала доколку тие претставуваат „безбедносна закана“. Луѓето кои користат […]

Во среда, македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада


Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано […]

Дали Илон Маск станува клучна личност во носењето на американскиот буџет?


На патот кон постигнување двопартиски договор за финансирање на американските федерални институции, се случи ситуација, чиј еден од главните актери е мултимилијардерот Илон Маск. Како што објави Би-би-си, републиканците, во чии редови е и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој е поддржан од Маск, го отфрлија предложениот двопартиски договор и тоа го направија под влијание на […]

Бајден го потпиша законот за привремено финансирање на федералните агенции


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го потпиша нацрт-законот за привремено финансирање на федералните агенции, избегнувајќи затворање на владата, откако Конгресот го усвои законот. Пакетот ја финансира владата на сегашното ниво до 14 март и вклучува 100 милијарди долари помош при катастрофи и едногодишна сметка за земјоделството, објави Ен-би-си. Белата куќа во соопштението наведе дека законот […]