Реална цел е трговска размена меѓу Македонија и Турција од две милијарди долари, вели Куртулмуш


Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, во интервју за МИА вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава. -Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји […]

Германската полиција уапси маж, се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на божиќниот пазар во Бремерхавен


Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА. Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени. Информацијата дојде откако 50-годишен […]

Фицо: Путин најави дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас на Западот и за Словачка


Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Западот. „Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата […]

Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток. 

Кандидатот на ХДЗ за претседател на Хрватска добил најмногу пари од донатори


Од осумте кандидати за претседател на Хрватска, Драган Приморац (ХДЗ и партнерите) потрошил најмногу, но добил и најмногу од донатори за својата изборна кампања, додека кандидатот на Мост, Миро Буљ најмалку потрошил и добил најмалку донации, покажуваат нивните финансиски извештаи, јавија хрватските медиуми.  Изборните трошоци на Драган Приморац заклучно со 20 декември достигнале 774.400 евра, […]

Панама ги отфрли заканите на Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал


Панама ги отфрли заканите на Доналд Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал. -Каналот не е контролиран, директно или индиректно, од Кина, ЕУ, САД или која било друга сила. И како Панамец, цврсто ја отфрлам секоја формулација што ја искривува оваа реалност, рече панамскиот претседател, Хозе Раул Мулино во видеото поставенo на […]

Изложба, предавања и работилници на уметникот од Кина, проф. Гао Ши


 Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје денеска и утре ќе биде отворена изложбата на кинескиот уметник, проф. Гао Ши, во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што е најавено, покрај изложбата, утре ќе се одржи и работилница во галеријата на Факултетот за ликовни уметности, каде што посетителите […]

Севернокорејската војска има 1.100 жртви во руско-украинската војна, тврди Сеул


Повеќе од 1.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во војната на Русија со Украина, соопшти  Здружениот штаб на армијата на Јужна Кореја. „Оценуваме дека севернокорејските војници, кои неодамна се вклучија во борба со украинските сили, претрпеа околу 1.100 жртви“, се вели во соопштението на Здружениот штаб. 

Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина


 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се реши конфликтот во Украина. -Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така што тоа го очекуваме тоа. Мораме да ставиме крај на оваа војна, рече Трамп, говорејќи на конференција […]

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на „трансродовиот делириум“ во САД


Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре трансродовиот делириум во САД на првиот ден од неговото претседателствување. Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, Трамп рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со […]

Изложба „Регенерација“ на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска


Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена вечерва во Културно информативен центар на Северна Македонија во Тирана, Албанија. Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат до 27 декември. -Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од […]

„Дедо Мраз дојде со воз“ – Мултимедијален новогодишен настан на Железничката станица во Скопје


„Дедо Мраз дојде со воз“ е насловот на мултимедијалниот новогодишен настан, што ќе се одржи денеска на музејската поставка и перонот бр.1 на Железничката станица во Скопје. Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со јавните претпријатија Македонски железници АД Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура. -Најмладите, но и сите возрасни […]

Амандманска расправа на Предлог законот за учебници на Комисијата за образование


 Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе сеодржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред е  амандманска расправа на Предлог-законот за учебници. На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија […]

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските […]

Тошкоски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“


Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние […]

Новиот лидер на Сирија вели дека целото оружје ќе биде ставено под државна контрола


Новиот сириски лидер Ахмад ал Шарех денеска за време на посетата на Дамаск на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека целото оружје во земјата ќе биде под државна контрола. Шарех, водач на радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам, која доминира во коалицијата што го собори сирискиот претседател Башар ал-Асад на почетокот на […]

Рама не попушта: Или Тик Ток ќе ги заштити децата, или ние ќе ги заштитиме од него


 По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на оваа платформа на една година во Албанија, реагираше премиерот Еди Рама порачувајќи дека „во Албанија одлуки донесуваат Албанците, а не сопствениците на алгоритамот Тик Ток“.    -Нема […]

Муцунски објави со кого се сретнал во САД


Откако медумите пренесоа дека шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски остварил успешна посета на САД, без да се каже со кого се сретнал и што разговарал, уште помалку на чија покана отишол таму и дали престојува официјално или самоиницијативно, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија испратија соопштение.  Во него стои дека во рамки на […]

Нетанјаху сега се заканува на Јемен


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица. „На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите… […]