Панделевски со јавен притисок против обвинителката Стефановска, му правела „рекет“


Сопственикот на „Пелистерка“ и на „Пелагонија“, Цветан Панделевски денес упати писмо до медиумите во кое тврди дека јавната обвинителка Лиле Стефаносвса му пврши „рекет“, бидејќи не се откажува од случајот во кој тој е обвинет. Практично преку медиуми Панделевски врши јавен притисок врз Срефановска да се откаже од преостанатото дело за кое е обвинет, откако […]

Од март изнајмување електрични автомобили за почист воздух – двајца министри го поддржаа словенечки „Авант кар“


Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Се работи за приватна инвестиција на „Авант […]

Оилтек ги надминува националните цели, води на патот во заштитата на животната средина во 2024 година


Оилтек, водечкиот лиценциран колективен постапувач за управување со отпадни масла во Република Северна Македонија, со гордост ги објавува своите рекордни достигнувања за 2024 година. Оваа година претставува клучен момент за еколошката одржливост, благодарение на извонредните напори и резултати што ги постигна во собирањето и рециклирањето на отпадното масло. Преку усогласена стратегија и имплементација на функционален […]

Франција ги засилува безбедносните мерки на божиќните базари


Франција најави примена на засилени безбедносни мерки, слични на оние од Олимписките игри, за време на божиќните базари, кои привлекуваат голем број посетители низ целата земја. Мерките предвидуваат строга контрола врз лица означени како потенцијални закани за безбедноста, вклучувајќи ограничувања за движење. Министерството за внатрешни работи објави дека овие мерки се дел од стратегијата за […]

Меџити: Се враќа правната држава и довербата во институциите


Владата го направи своето и веќе се враќа правната држава и довербата во институциите, порача денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Пораката од Владата е дека никој не е над законот и секој што згрешил треба да одговара. Останува на МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со […]

САД: Нема најава за санкции против НИС во Србија


 Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека нема најава за воведување санкции против српската компанија НИС, и додаде дека конечната одлука нема да има негативно влијание врз српската економија. – Можам да ви кажам дека откако Русите го купија НИС, постои голема загриженост за тоа, бидејќи таа е единствената рафинерија во Србија и од […]

Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник


Главната иницијација е отповик на градоначалник со што сметаме дека ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста во секојдневното работење на локалните самоуправи и втората алатка што сакаме да ја предвидиме во законското решение е воведување на комунален надзор кој ќе биде под ингеренции на локалната самоуправа, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински. На консултативен […]

Амбасадорите на Трамп – сојузници, донатори, роднини и обвинети


Еден месец по враќањето во Белата куќа, Доналд Трамп напорно работи да објави кој ќе ги претставува САД и неговата нова администрација преку Атлантикот. Со околу 200 глобални амбасадорски места што треба да се пополнат, од кои сите треба да бидат потврдени од Сенатот на САД, има уште долг пат да изоди. Но, веќе се […]

Гуматек ги инспирира младите умови со работилница за Upcycling во основно училиште


Гуматек, лиценциран лидер во управувањето со отпадни гуми, презеде креативен пристап кон едукацијата за животната средина преку организирање на upcycling работилница во локално основно училиште. Настанот, одржан со 20 ентузијастички деветгодишници, ги покажа бескрајните можности старите гуми да се претворат во функционални и одржливи креации. Работилницата: Учење преку практична креативност Работилницата беше дизајнирана да ги […]

Либералите во ЕП бараат исклучување на бугарското ДПС од нивната група


Претседателството на либералната група „Да ја обновиме Европа“ во Европскиот парламент донесе едногласна одлука да препорача престанок на членството во нејзините редови на бугарската партијата Движење за права и слободи (ДПС) предводена од контроверзниот бизнисмен Делјан Пеевски.  Како што се наведува во соопштението на РЕ, за оваа иницијатива ќе расправа Бирото на групата на состанокот […]

Бунтот во Србија е сѐ поголем, а рејтингот на Вучиќ не паѓа. Зошто?


  И покрај речиси секојдневните масовни протести, блокади на институции, блокади на сите факултети низ Србија од 1 ноември, односно падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, потоа претепувањето на студентите и опозицијата од платениците на режимот на Александар Вучиќ, истражувањата на јавното мислење кои излегуваат во јавноста покажуваат дека рејтингот на претседателот […]

Австралиец уапсен откако речиси 100 кенгури беа пронајдени мртви


Австралиец е уапсен откако речиси 100 кенгури беа пронајдени мртви, соопшти денеска локалната полиција. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека 98 мртви кенгури биле пронајдени во октомври во регионот Хантер, северно од Сиднеј, заедно со кутија со муниција и два чаури. Еден човек е уапсен и обвинет за прекршоци на суровост кон животните во […]

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември


Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60  квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна […]

Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ доби нова опрема, ќе се користи за врвни научни истражувања


Лабораторијата за радијациона физика (РАД-ЛАБ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии се дополни со нова апаратура за електронска парамагнетна резонанција, единствена во Македонија. Оваа лабораторија, која почна со опремување пред десетина години и чија вредност изнесува околу милион евра, веќе е акредитирана за испитување храна третирана со јонизирачко зрачење и мерење на доза кај […]

Дедомразовска трка в недела во Скопје


Оваа недела, на 29 декември, Скопје ќе блесне во празничен дух со јубилејното 10-то издание на традиционалната трка на Дедо Мразовци што ќе се одржи на Плоштад Македонија. Стотици учесници облечени во дедомразовски костуми ќе трчаат низ главниот град, внесувајќи радост и забава за сите генерации. Трката, освен натпреварувачкиот карактер, нуди и многу забава и […]

Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата


Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени. Маршот, што ќе почне во 18 часот, е во организација на три училишни синдикати, кои ги повикаа граѓаните да им […]

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија


Раскинат е договорот со „Енергоинвест” ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, соопшти денеска АД МЕПСО и најави дека ќе иницира нова постапка за јавна набавка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со реализација на проектот. АД […]

Ердоган повторно повика на нов устав


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повика на усвојување на нов устав, јавуваат турските медиуми. Тој ги повика особено опозициските партии да го поддржат предлогот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) за нов устав. -Иако опозицијата не ги слуша нашите искрени повици, ни треба демократски, инклузивен и либерален устав направен од […]

Ангеловска-Бежоска − Васле: Банкарскиот систем се справи со економските предизвици


Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и имаа клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Ова се дел од пораките што ги упатиле гувернерката на Народната банка, […]