Бајден бара од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари помош за Украина


Претседателот Џо Бајден побара од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари за поддршка на Украина и за надополнување на резервите на оружје на САД, изјавија за Гласот на Америка двајца американски претставници, додека администрацијата во понеделникот продолжи со новите пакети помош од последните средства одобрени од Конгресот за Киев пред Бајден да ја напушти функцијата на […]

На 10 декември протест за чист воздух во Скопје


Независната коалиција Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември организира протестен марш за чист воздух.Како што соопштија од ЗХГ, маршот ќе почне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и завршува пред Владата. -Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои […]

Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека целта на протестите во Србија е насилно соборување на демократски воспоставената власт и дека опозицијата во Србија оди по патот на обоената револуција во Северна Македонија. -Мислите дека е генијално тоа што ги обоивте бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите […]

Руте: Членките на НАТО мора да издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбраната


Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Пактот, на кој учествува […]

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека општината вложува во инклузивни проекти на локално ниво со цел подобрување на животот на лицата со попречености. „Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември е силен потсетник дека сите ние – институции, невладини организации, граѓани мора заеднички да работиме за да овозможиме поквалитетен живот на […]

Без вода дел од Гази Баба


Поради дефект на улична цевка, без вода од 11:00 часот се корисниците од улицата „Иван Наумов Алабакот“ и дел од улица „Жан Жорес“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Во вториот квартал имало 1.919.695 претплатници во мобилната телефонија и 449.868 фиксни линии


Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор. Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк […]

Снегот го натрупа Маврово – спасувани дете со епилепсија, бремена жена, а службите снемуваа гориво


Жена на кислородна поддршка, заглавена е во викендичка над Хотел „Радика“ во Маврово, но имаат агрегат за струја додека чекаат службите денеска да ги извлечат неа и нејзиниот сопруг и да ја префрлат во болница, соопшти ЦУК утрово.  – Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 9.30 часот да […]

Илон Маск нема да добие 56 милијарди долари


Судот во Делавер пресуди дека главниот извршен директор на Tесла, Илон Маск, нема право на финансиски пакет од 56 милијарди долари, иако акционерите на компанијата за електрични возила гласаа за тоа во јуни. Пресудата на судијката Кеталин МекКормик следи по нејзината одлука во јануари, која го нарече пакетот претеран и го поништи, изненадувајќи ги инвеститорите […]

Мицкоски на состанок со новиот претседател на Советот на ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, чиј мандат почна на први декември. Претходно Мицкоски ќе има и одвоена средба со Кошта.   Од прес службата на Кошта претходно за медиуми изјавија дека […]

Глобалната суша носи годишен трошок од 300 милијарди долари


Сушата го чини светот повеќе од 300 милијарди долари секоја година, предупредија Обединетите нации денеска во извештај објавен на вториот ден од меѓународните разговори за дезертификација во Саудиска Арабија. Поттикната од „човечкото уништување на животната средина“, се предвидува дека сушата ќе погоди 75 отсто од светското население до 2050 година, се предупредува во извештајот. Се […]

Милановиќ до хрватската ДИК ја поднесе својата кандидатура за претседател


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го достави својот предлог за кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК). Предлагачи се група партии на чело со Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП). Со тоа Милановиќ е првиот кандидат за „Пантовчак“ кој поднесе своја кандидатура. Од 14 потенцијални претседателски кандидати, досега само тројца го најавија своето доаѓање во ДИК. Покрај Милановиќ, […]

Хрватскиот парламент ќе расправа за доверба на премиерот Пленковиќ


По еднонеделен одмор, парламентарците во Хрватска се враќаат и ги очекува многу работа во следните две недели, од донесувањето на државниот буџет за 2025 година и изборот на уставни судии до потврдувањето на нов министер за здравство и расправа за доверба на премиерот, јавија хрватските медиуми. Прашањето за доверба на премиерот Андреј Пленковиќ го отвори […]

Раде Шербеџија доаѓа на гала златната премиера за 30 години од „Пред дождот“ на Манчевски во Филхармонија


„Пред дождот“, македонскиот светски признат класик на Милчо Манчевски, филмот што го градеше идентитетот и му даде лице на името Македонија ќе ја прослави 30-годишнината со гала златна премиера на реставрирана копија.  Овој настан, на 9 декември, во 20 часот во Филхармонијата одбележува 30 години од најголемиот успех на Македонија – не само во културата, туку и воопшто. Oва е […]

Трамп ќе оди на отворањето на „Нотр Дам“ во Париз, покана има и Сиљановска


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе отпатува во Париз за да присуствува на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожар пред повеќе од пет години, што ќе биде негово прво патување во странство по победата на изборите.  Трамп ја пофали работата на францускиот претседател Емануел Макрон […]

Шекеринска почна со работа во НАТО


Поранешната министерка за одбрана на Македонија и прва Македонка на висока функција во Алијансата, Радмила Шекеринска, од вчера е активно ангажирана во НАТО. Се очекува денес таа да учествува и на министерскиот состанок на кој главна тема ќе биде Украина. На страницата на НАТО веќе јасно стои дека Шекеринска од втори декември е заменик генерален […]

Холивуд во Скопје: Националниот џез оркестар со избрани поп- хитови ја воодушеви публиката (фото)


Скопје викендов едно два часа беше Холивуд, со концертот на Националниот џез оркестар насловен „Rock Swings“ , според истоимениот албум на Пол Енка, кој на голема врата се врати на сцената на Филхармонија, и со честитка за 80-годишниот јубилеј.  „Драго ни е што по подолго време повторно свириме во салата на Македонската филхармонија. Неодамна се […]

Со коцки керозин ги запалил просториите на Адвокатската комора – полицијата не може да го најде


Четириесет и едногодишен скопјанец е осомничен дека подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ и на тој начин предизвикал  значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размер. За него е предложена мерка притвор која ќе почне да се применува кога ќе биде пронајден и лишен од слобода, […]

ВМРО-ДПМНЕ со куп навреди и притисоци против јавниот обвинител


  ВМРО-ДПМНЕ во залетот да инсталира свои кадри во правосудството и во согласност со најавата на лидерот Христијан Мицкоски дека од неделава ќе почне да го расчистува, излезе со досега невидени навреди и закани кон јавниот обвинител Љупчо Коцевски бидејќи според нов ја кочи правдата, што дири и да е точно, не е негова ингеренција […]