МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“


Министерството за внатрешни работи (МВР) се вклучува во кампањата „Помисли двапати“ (Think Twice) на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ. Кампањата, како што информира МВР, е за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. Кампањата вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми […]

Нови рекорди на Волстрит


На Волстрит, S&P 500 вчера достигна ново рекордно високо ниво, исто како и индексот Nasdaq, а тргувањето беше мирно додека инвеститорите чекаат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот. Dow Jones загуби 0,17 отсто, на 44.705 поени, но S&P 500 порасна за 0,05 отсто, на 6.049 поени, а индексот Nasdaq 0,40 отсто, на […]

НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади


НАТО стравува од нови сериозни акти на саботажа и кибер-напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Како што пренесе ДПА, тој рекол дека „особено Русија се чини дека станува сè поподготвена да повредува или загрозува животи преку саботажа во земјите-членки на […]

Филип Рикер: Потрошивме многу време на Балканот, сега има и други предизвици


  Четврт век по конференцијата во Рамбује, Филип Рикер, поранешен заменик-помошник на американскиот државен секретар кој беше во тимот на актуелниот американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, на преговорите во Франција беше гостин на Белградскиот центар за безбедносна политика. Иако по напуштањето на Стејт департментот се сврте кон приватниот бизнис, Рикер сѐ уште со значително […]

Магла на планинскиот превој Буково


Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково.  АМСМ во утринскиот извештај информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Бугарските пратеници во нов – деветти обид – да изберат претседател на Парламентот


Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА. Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом. Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе […]

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери


Пијанистот Дино Имери вечер во Културно-информативниот центар во Скопје, во 20 часот, ќе одржи настап на кој ќе го изведе најпознатото дело на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“. Концертот насловен „Кодот на Бах“ е поддржан од Министерството за култура и туризам, а покрај овој централен настан, маестро Имери во соработка со Германската […]

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот


Полската тенисерка Ига Швјонтек го смени својот ПР менаџер поради допинг скандал. Пола Волицкаја, која со тенисерката соработуваше четири години, ќе си замине од функцијата и на нејзино место ќе дојде Дарија Сулгостовска. – Речиси четири години соработка со Ига станаа незаборавна авантура за љубителите на спортот и, во исто време, навистина уникатен професионален предизвик. […]

Дела на Пикасо и на Абрамовиќ на изложба во галеријата „Остен“


 Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Се за портретот“, која е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“. Изложбата во сличен состав на уметници беше премиерно претставена на меѓународната публика во Институтот за култура на Романија во Венеција од 15 до 20 ноември […]

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“


Во „Јавна соба“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска – „Тони“, во издание на „Три“. Романот ќе биде промовиран со разговор меѓу Бужаровска, писателот Петар Андоновски и поетесата и главна уредничка на „Медуза“, Калиа Димитрова. -„Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално […]

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот


Шест јужнокорејски опозициски партии поднесоа предлог-закон со кој се бара импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, јави новинската агенција Јонхап. Предлог-законот беше поднесен до Националното собрание, законодавниот дом на земјата, во 14:40 часот по локално време. Шесте партии, вклучително и главната опозициска Демократска партија, одлучија заеднички да предложат иницијатива за отповикување на Јун по широката […]

Предавање за годинашните добитници на Нобеловата награда за економија за 2024 година


На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, денеска ќе се одржи настан посветен на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година. Настанот, кој е во организација на Катедрата за Економија, е посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2024 година на тројцата економисти: Дарон […]

Возраста за одење во пензија, засега, останува иста, но како да се пополни дупката во ПИОМ


Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос […]

ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година


 ОН денеска апелираа за повеќе од 47 милијарди американски долари за испорака на витална помош следната година, предупредувајќи дека зголемените конфликти и климатската криза ќе остават стотици милиони луѓе незаштитени. – Светот е во пламен, изјави во Женева новиот шеф за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Том Флечер, признавајќи дека со „страв“ гледа кон 2025 […]

Во францускиот Парламент ќе се гласа за доверба на владата


 Пред денешното парламентарно гласање за (не)доверба на француската влада, премиерот Мишел Барние синоќа ги повика пратениците на одговорност „за да се избегне политички и буџетски хаос“, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да верува во сценариото за соборување на владата. „Ситуацијата е тешка на буџетско ниво, на финансиско ниво и многу тешка […]

Во Скопје почнува конференција за енергетика на Југоисточна Европа


Во Скопје денеска и утре ќе се одржува конференција за енергетика на Југоисточна Европа. Настанот почнува денеска во девет часот на Електротехничкиот факултет во Скопје (ФЕИТ), а организатор е Меѓународната организација за дигитален развој на трафостаници. – Над 2.300 досега регистрирани учесници на овој настан, ќе имаат можност да следат експертски дебати за напредокот во […]

Саем за вработување во организација на Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување. – Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со што се […]

Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од […]

Завршен настан во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“


Во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ кој УНДП го спроведува со финансиска поддршка од Јужна Кореја, денеска во Скопје ќе се одржи завршен настан. Како што соопшти МВР, на настанот ќе се обратат помошник министерот за внатрешни работи Муамет Реџепи, раководителката на сектор за меѓународна правна соработка во […]

Седници на две собраниски комисии, на дневен ред и измените кај вториот пензиски столб


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање денеска е единствена точка на седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.  Во Собранието денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.