Хрватска, од полноќ, останува без Уставен суд


Хрватска, членка на ЕУ, од полноќ останува без Уставен суд. Хрватскиот сабор денеска не успеа да избере десет (од вкупно 13) уставни судии на кои на полноќ им истекува продолжениот шестмесечен мандат. Утре, 7 декември, ќе се обидат да ги изберат, пренесе Index.hr. „Продолжение на седницата ќе свикам во сабота, во 10 часот, верувам дека […]

Државата ќе профитира од растот на минималната плата, но Владата нема да се меша, вели Мицкоски


Владата ќе биде само олеснувач во дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите за растот на минималната плата, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, освнувајќи се на седницата на Економско социјалниот совет која што се одржува во Владата. Според Мицкоски, државата односно Буџетот имаат корист од растот на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување, ќе има и повеќе […]

Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември


Да почекаме да дојде 11 декември, да видиме како сето ова ќе се развива и еволуира, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со денот кога Уставниот суд треба да ја одржи расправата за уставноста на Законот за јазиците. Според Мицкоски, се работи за уставни судии избрани од мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ кои […]

Уставниот суд не коментира ставови за Законот за јазиците


Од Уставниот суд не сакаат да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата на Судот на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември. – По завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе биде одговорено на сите прашања, […]

За колку ќе им се зголеми платата на здравствените работници – од 2.450 до 3.850 денари


Официјализирана е постапката за зголемување на платите на здравствените работници, откако денеска беше  потпишан анекс на Колективниот договор за здравствена дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција информираше дека извршени се корекции на коефициентите во Анексот согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март […]

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно бара ригорозни казни


 На 20 декември, пет дена од стапувањето во сила на новогодишната кошничка, ќе знаеме дали трговците реално ги намалиле цените на производите, а на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични и колку ќе ги поскапат производите по завршувањето на мерката, изјави денеска  претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој очекува дека трговците ќе […]

ЕК го проверува мешањето на „ТикТоК“ во романските избори


По вчера доставеното барање до ТикТок, Европската комисија денеска упати дополнително барање за информации до оваа социјала мрежа во врска со објавувањето на разузнавачки документи кои неодамна беа декласифицирани од страна на романските власти, соопшти денеска портпаролот на ЕК за дигитална економија, истражувања и иновации Томас Рениер.  – Ние сме загрижени поради зголемените индикации за […]

Комисија ќе го следи снабдувањето со електрична енергија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем. На првиот состанок, како што соопштија од МЕРМС, Комисијата ги постави основите за нејзиното работење и го усвои […]

ЛДП ги нарече „празни“ интерпелациите на ДУИ


Либерално-демократската партија апелира на одговорно и совесно однесување од сите политичари и политички партии,  со порака дека сега не е време за нови поделби. „Доколку ДУИ навистина сака да покаже доблест и вистинска грижа за граѓаните и државата, ќе го поддржи предлогот на ЛДП, кој претседателката и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, го достави […]

Коалиција за наводна заштита на децата бара да се преиспита кој добил награда „Мето Јовановски“


Коалицијата за заштита на децата изразува најдлабока разочараност за одлуката овогодинешната државна награда “Мето Јовановски” да биде доделена на ЛГБТИ+ активистот Лила Милиќ и здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“, а воедно изразува и неодобрување на моменталниот состав на одборот кој ја донел оваа одлука. Од она што го објавија впечатокот е дека […]

Ова се 15-те најбрзорастечки европски економии во 2024 година (инфографика)


Европските земји неодамна се соочија со значителни предизвици, вклучително и намалување на деловната активност и пад на еврото на најниско ниво во однос на доларот од 2022 година. Дополнително, заканата од потенцијални царини од претседателството на Доналд Трамп во САД уште повеќе го оптоварува регионот. И покрај овие пречки, некои земји покажаа силен економски раст […]

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши излета кај Ново Село, тројца повредени


Сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца. Неофицијално, д засега непознати приличи возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во незгодата повредени се три лица кои се пренесени во Специјализираната […]

Во Штип марш против насилството врз девојките и жените, се бара насилниците да се гонат по службена должност


Се зголемува свесноста кај девојчињата и жените за пријавување на насилство, но податоците покажуваат дека и се зголемува насилството врз нив од страна на партнерите, посочува Бети Пеева од Здружението „ЕХО“. Членовите на ова здружение, како и на „Гласен Текстилец“  денеска заедно со вработените во  Општина Штип беа дел од маршот низ штипските улици против […]

Во Буџетот има пари за зголемување на платите, вели претседателот на ССМ


Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Како што изјави Трендафилов, согласно буџетските проекции кои ССМ можел да ги види, Владата предвидува средства согласно […]

За десет месеци трговскиот дефицит изнесува 2,62 милијарди евра, извозот намален за 5,5 отсто


 Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6.564,1 милиони евра и бележи пад од 5,5 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.189,4 милиони евра, што е […]

Ракометарите на „Алкалоид“ ќе играат со италијански „Бриксен“ во осминафиналето на Европскиот куп


Ракометниот клуб „Алкалоид“ денеска го доби противникот за осмина финалето на Европскиот куп. Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански „Бриксен“, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза. Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари.

Стапката на невработеност 12,3 отсто


Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на активно население во земјава е 796.733 лица, од кои вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,6, стапката на вработеност 46,1 процент.

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ


Јавноста дискутира за законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водела Демократската унија за интеграција (ДУИ), оцени денес владиниот потпретседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Ова е негов став даден по барање на новинарите на настан во Тетово, а по денешното соопштение на ДУИ […]

Успеаја во 11-то гласање: Бугарија доби претседател на Собрание


Конечно, по 10 неуспешни обиди, бугарскиот парламент успеа да избере спикер. На чело на Националното собрание со 140 гласа „за“ е избрана кандидатката на БСП, Наталија Киселова. Таа е правник, експерт по уставно право и предавач на Универзитетот во Софија.   Киселова беше избрана по уште еден втор круг со кандидатот на ИТН Силви Кирилов […]