Времен режим на сообраќај на автопатот Велес – Неготино, Скопје – Куманово и делница Демир Капија – Смоквица


СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје информира дека од денеска до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација. Времен режим на сообраќај, како што информираа од […]

Изборите во САД ќе чинат неверојатни 15,9 милијарди долари


Истражувачката мрежа OpenSecrets предвидува дека вкупните трошоци за изборите во САД  ќе достигнат 15,9 милијарди долари и се на пат да бидат најскапите досега. Иако се предвидува дека ќе биде номинален рекорд, оваа бројка не се очекува да ја надмине сумата потрошена во 2020 година, доколку се прилагоди со инфлацијата, главно поради значително помалото трошење […]

Трагедија во тетовско Слатино, мајка и бебе пронајдени мртви во нивниот дом


 Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка. Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36). – Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во […]

Поларна светлина ја обои Унгарија


Уште една геомагнетна бура овозможи повторно појавување на поларна светлина во Унгарија. Полека станува вообичаено да свети поларната светлина на небото на оваа земја, а сето тоа се должи на фактот дека активноста на сончевите дамки се приближува до својот максимум. 

АД ЕСМ: Тендерот за кој обвинува ДУИ е спроведен во време кога РЕК Осломеј го раководеа нивни кадри


АД ЕСМ во целост ги отфрла наводите за „криминал“ изнесени на денешната прес – конференција на ДУИ. Во услови кога новото раководство на АД ЕСМ се бори да ја надмине досега најголемата криза од своето постоење, затекната и директно создадена од доскорешните раководства на ДУИ и на СДСМ, се вели во пишаната реакција од компанијата, […]

Новиот лидер на Хезболах веројатно е убиен, вели израелскиот министер за одбрана


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска изјави дека припадникот на Хезболах, кој ја презеде лидерската позиција на либанската милитантна група, веројатно е убиен по смртта на претходниот лидер, Хасан Насрала. Медиумите претходно известија дека Насрала бил заменет од неговиот братучед, Хашем Сафједин, кого САД го означија како терорист во 2017 година. Истовремено, Хезболах соопшти […]

За Бајден Нетанјаху е „кучкин син“, а Путин „олицетворение на злото“


Претстојната книга „Војна“ на Боб Вудворд, новинарот што го откри „Вотергејт“ скандалот, така, открива дека Доналд Трамп одржувал контакт со Владимир Путин по завршувањето на неговото претседателствување. Цитирајќи помошник на поранешниот претседател, Вудворд пишува дека имало „можеби дури седум“ повици меѓу двајцата откако Трамп ја напушти Белата куќа.Вудворд, исто така, открива детали од моментот од […]

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од поплавите во БиХ


Минатата недела, „мајката природа“ уште еднаш нè потсети на нејзината огромна сила. Обилни дождови со невидена разурнувачка моќ предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Босна и Херцеговина и одзедоа многу човечки животи, најголемата загуба за сите. За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, […]

Рекордни екстреми во светот: Иднината на човештвото веќе виси на конец


Многу од „виталните знаци“ на Земјата достигнаа рекордни екстреми, што укажува дека „иднината на човештвото виси на конец“, велат група од највисоките светски експерти за климата. Се повеќе и повеќе научници сега ја разгледуваат можноста од општествен колапс, се вели во извештајот, кој процени 35 витални знаци во 2023 година и откри дека 25 биле […]

Галуп: Изборната кампања во Бугарија заглавена во политички скандали


Во првите десет дена од официјалното започнување на кампањата пред изборите на 27 октомври, Галуп резимира дека е заглавена во тековни политички скандали. Во политичката оценка и анализа за состојбата на изборната кампања објавена денеска од Галуп интернешнал Балкан, тие велат: „Изборната кампања за 51. Народно собрание се одвива во услови на продлабочена внатрешно-политичка криза, […]

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата ако немаат чист воздух


Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови […]

Европскиот парламент одобри над еден милијарда евра помош за пет земји погодени од поплави во 2023 година


Брисел– Европскиот парламент денеска одобри повеќе од еден милијарда евра од Фондот за солидарност на ЕУ за да помогне во напорите за обновување на пет држави членки на ЕУ погодени од тешки поплави во 2023 година. Италија ќе добие 378,8 милиони евра за да ги покрие штетите од поплавите во регионот Емилија-Ромања во мај 2023 […]

Трамп: Газа може да биде подобра од Монако


Газа може да се обнови „подобро од Монако“, медитеранскиот рај за супербогатите, порача  во понеделникот поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Републиканскиот претседателски кандидат ги даде коментарите во интервју со конзервативниот радио водител Хју Хјуит, кој го праша дали крајбрежната енклава, уништена од долгогодишната воена офанзива на Израел, би можела да биде уште еден Монако „ако […]

МИ5 тврди: Русија се обидува да предизвика хаос во Европа


Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) се обидува да предизвика хаос низ Велика Британија и Европа, изјави шефот на британската разузнавачка служба МИ5, Кен МекКалум, додавајќи дека зголемената закана од Ал Каеда и Исламска држава е негова најголема грижа кога станува збор за тероризмот. МекКалум во својот годишен говор рече дека минатата година бројот на истраги […]

Луѓето се уморни од чекање: Сиљановска на Процесот Брдо-Бриони


  Само на два начини се празни чекалната на Европската унија наречена Западен Балкан: со интегрирање на земјите од овој регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочи, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, […]

Симон Трпчески прогласен за почесен граѓанин на Општина Босилово


 Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески од денеска е почесен граѓанин на Општина Босилово. Веста ја соопшти градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, на својот фејсбук-профил, а одлуката за доделување плакета е донесена на 10 април годинава, по повод Денот на Општината. -Честа и задоволството е обострано и големо. Мило ми е што еден голем Македонец, […]

ДУИ очекува Тачи да не ги напушта како опозиција


Арта Биљали-Зендели порача денес дека  парламентарната група на „Европскиот фронт“ ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав и дека е единствена. Ваквите нејзини очекувања таа ги поткрепува со изјавата на Мендуч Тачи, лидерот на ДПА,  дека и покај тоа што илезе од Европскиот фронт, и натаму ќе дејствува опозициски. „Ставовите на Мендух Тачи […]

В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска


Во понеделник, 14 октомври, ќе биде одржана комеморацијата во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска. Комеморација е закажана со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната опера и балет. Кавкалевска е добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена […]

Орбан ја стави Србија на прво место за проширувањето на ЕУ


  Ниту едно проширување на ЕУ кон Западен Балкан нема да успее без Србија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на неговата денешна прес-конференција со Европскиот парламент во Стразбур, која сѐ уште трае. Орбан ја закажа денешната прес-конференција за 14,30 часот и е предвидено да трае два часа. Таа е своевиден увод во неговото утрешно излагање […]

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ снима спот со Влатко Стефановски во Скопје


Миа Димшиќ (Осиек, 1992),  една од најпопуларните млади кантавторки, која ја претставуваше Хрватска на Евросонг во Торино во 2022 година, деновиве е во Скопје. Поводот е снимањето на спотот за песната „Општествени правила“ со Влатко Стефановски, од истоимениот актуелен албум, кој го објави „Кроација рекордс“. Спотот ќе се снима на повеќе градски локации низ Скопје што […]