Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,2%) и монетарното злато (11,9%).

Амбасадорите на ЕУ се договорија за доделување 35 милијарди евра за заемот од Г7 на Украина


 Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се договорија ЕУ да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина. Заемот од Г7 ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка, потврдија дипломати од земјите на ЕУ. Г7 и ЕУ во јуни објавија дека ќе обезбедат заем од 50 милијарди долари за […]

Владин извор тврди дека Хезболах се согласи за прекин на огнот во Либан пред Израел да го убие лидерот Насрала


Хезболах ги известил либанските власти дека прифатил прекин на огнот со Израел на денот кога во израелски напад беше убиен нивниот лидер Хасан Насрала, изјави владин извор за француски медиуми. „На 27 септември Хезболах официјално ја информираше либанската влада, преку претседателот на парламентот Набих Бери, дека ја прифатил меѓународната иницијатива за прекин на огнот“, рече […]

Ристовски џентлеменски се договорил со Пандев, Лазаров и Иџе да не рекламираат обложувалници


Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес на прес-конференција во владата на Република Македонија ја информираше јавноста за повеќе проекти и чекори кои министерството ги презема во изминатите сто денови.  Најголемо внимание предизвика изјавата во врска со спортистите кои рекламираат казина, спортски обложувалници и брзи кредити, а министерот Ристовски рече дека на оваа тема е постигнат џентлменски […]

На блискоисточниот фронт ништо ново


Извртувањето на насловот на познатиот роман на Ерих Марија Ремарк од 1929 година за секојдневниот живот во рововите на Првата светска војна се чини дека одговара за првата годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Додека медиумите го покриваат секој нов и изненадувачки развој – убиството на водачот на Хамас, Исмаил Ханије, […]

Ѓоковиќ, Синер и Алкараз во четвртфиналето во Шангај


На мастерс тенискиот турнир во Шангај денеска дел од главните фаворити без проблеми стигнаа до четвртфиналето, но елиминација дожиевеа вториот носител. Меѓу најдобрите осум се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер и Данил Медведев. Ѓоковиќ до своето 10-то четвртфинале на мастерсот во Шангај дојде откако го реши Роман Сафиулин во два сета со 6-3 и […]

Врховен суд го врати „Талир“ на повторно судење


Врховниот суд денеска го ,,врати во живот” случајот ,,Талир”, за нелегалното финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, откако републичката јавна обвинителка Анита Тополова- Исајловска бараше да запре, односно врховните судии да го укинат решението со кое беше одобрено обвинението. -Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ […]

Британија не ги дава Фокландските Острови и Гибралтар


Лондон– Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека Фокландски Острови и Гибралтар се британска територија и дека тоа нема да се промени во иднина. – Тие (Фокландите) се Британци и ќе останат Британци. Тоа е лично за мене. Сепак, за суверенитетот на Гибралтар не се преговара, истакна Стармер денеска во Вестминстер. Неговата изјава […]

Зеленски се сретна со Пленковиќ во Дубровник


Дубровник – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за да потпише 10-годишен билатерален договор за соработка и поддршка од Хрватска за Украина. Средбата се одржа пред почетокот на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, каде што Зеленски е предвидено да разговара за меѓународните мировни напори, објавија локалните и светските медиуми. „Заедно […]

9 октомври во историјата – Убиен е Че Гевара


  На 9 октомври 1967 година, социјалистичкиот револуционер и герилски водач Че Гевара (39) е убиен од боливиската армија. Боливиските сили поддржани од американската војска го заробија Гевара на 8 октомври додека се бореше со неговата герилска група во Боливија и го погубија следниот ден. Рацете му биле отсечени како доказ за смртта, а телото […]

„Рајанер“ ги укинува хартиените билети за бординг и ги отстранува шалтерите на аеродромите


Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ги објави плановите за елиминирање на хартиените билети за влегување во авион и отстранување на шалтерите за пријавување на аеродромите во следните неколку месеци. Патниците ќе мора да се пријават за лет преку интернет или преку апликација пред да пристигнат на аеродромот, а планот е целосно да се укинат […]

Агент во Кремљ ѝ кажал на ЦИА дека Русија ќе ја нападне Украина


  Во својата нова книга „Војна“, легендарниот новинар Боб Вудворд нуди извонреден поглед зад сцената на грубите, вулгарни оценки и интеракции на претседателот Џо Бајден со светските лидери кои го обликуваа неговото претседателствување, од Бенјамин Нетанјаху до Владимир Путин. „Тој кучкин син, Биби Нетанјаху, тој е лош човек. Тој е лош ебан човек!“ Бајден приватно […]

Се обиделе со тврд предмет да силуваат соученик во Ѓорче Петров


Во вторникот, во 20 часот во СВР Скопје, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него. […]

Владата не сака затворена седница, кога ќе има предлог за ЕУ ќе го информира Собранието


Владата ќе преземе обврска да го извести со писмо Собранието за новите предлози за продолжување на евроинтеграциите кои треба да ги достави во Брисел, откри портпаролката Марија Митева денеска на прес-конференција. – Ги слушнавме изјавите од повикот за информирање на Собранието. Од она што го презентираа премиерот и министерот за европски прашања, секако дека кога […]

„Буки“ – прва дигитална платформа која говорот на македонски го испишува во писмен текст


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма. Платформата овозможува пренос на усно изговорена мисла на македонски јазик во пишан текст […]

ВРЕДИ подготвува предлози како по „балансерот“ да има балансирано етничко вработување


Евиденција или регистар за етничката припадност во јавната администрација, на нотар „запечатена“ етничка припадност при вработувањето на кандидатот, бонус-бодови за кандидатот со етничка припадност кој ѝ потребен на институцијата, се само некои од предлозите на нацрт-законот за правична и соодветна застапеност, кој Вреди ќе ги понуди како решение откако Уставен суд го укина балансерот – […]

Кремљ потврди дека Трамп му испраќал ковид тестови на Путин во врвот на пандемијата


  Кремљ во средата потврди дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп испратил комплети за тестирање на рускиот претседател Владимир Путин за Ковид-19 за време на екот на пандемијата, како што објави американскиот новинар Боб Вудворд во новата книга. „Исто така, испративме опрема на почетокот на пандемијата“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков […]

Денеска е Светски ден на поштата, а ова е најстарата пошта на светот


Денес, можеби повеќе не пишуваме писма, но нарачки и купувања онлајн се прават повеќе од кога било. Имаме услуги за испорака, машини за пратки и улогата на поштата се чини дека е помала од кога било во историјата. А нејзината историја, и нејзината улога во општеството, беше навистина голема. Поштата порано беше врска не само […]

Мицкоски по одлуката на ДКСК: Прости ми сине, ти не си крив!


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук  ја обвини опозициската СДСМ дека ширела лаги за патувањето на неговиот син во рамки на државната делегација во САД, веднаш откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на седница утврди дека тој во јули година не патувал на државен трошок на Самитот на НАТО во Вашингтон, како […]

СДСМ бара Божиновска да поднесе оставка поради конфузните изјави за бугарскиот пасош


  Опозициската СДСМ денеска побара министерката за енергетика Сања Божиновска да поднесе оставка затоа што даваше несоодветни изјави за бугарскиот пасош што го поседува. Особено и поради тоа што според податоците од бугарското министерство за правда бугарски пасоши имало и целото нејзино семејство. Божиновска тврдеше дека бугарски пасош зела поради „економски причини“. „Министерката за енергетика, […]