„Озвучени емоции“ – концерт на Лука Дебарг во Филхармонија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Озвучени емоции“ на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Лука Дебарг од Франција. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Фредерик Шопен, Симфонијата во три става и оркестарската суита од балетот „Жар […]

Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ


Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври  (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.  Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар […]

(ВИДЕО) Мајката на Вања сведочи дека Александар бил убеден дека таа е киднапирана


Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Мајката на Вања рече дека утрото нејзината ќерка излегла сама за в училиште, затоа што помалата ќерка почнувала дента од вториот час. За ова, таа не го известила […]

Орбан прави збрка со помошта за Украина за да му помогне на Трамп


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се подготвува да му даде голем политички подарок за својот најдобар пријател преку Атлантикот, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Тој смисли начин како да му дозволи на Трамп, доколку успешно дојде во Белата куќа за втор мандат во ноември, да се извлече од заемот од 50 милијарди долари […]

Трамп бара да се распореди војска на денот на изборите


Поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека „ако навистина е потребно“ војската треба да се повика за „некои болни луѓе, радикално-левичарски лудаци“, на прашањето дали  очекува хаос на денот на изборите. „Мислам дека поголемиот проблем се луѓето од внатре. Имаме многу лоши луѓе, некои болни луѓе, радикално-левичарски лудаци“, рече Трамп во интервју за „Sunday Morning Futures“ […]

Гимназијалци од Берово во Италија ќе ги продлабочуваат знаењата за здрава исхрана


Вкупно 16 ученици од угостителско – туристичката струка од гимназијата Ацо Русковски од Берово денес заминаа на двонеделна обука во Умбрија, Италија. Во периодот од 14-ти до 28 октомври, како што информираа од учичиштето, беровските гимназијалци ќе бидат дел од реализацијата на Еразмус+ проектот „Здрава исхрана за здрава тежина”.  -Заради таа цел, претходно во просториите […]

Шолц до Западен Балкан: Единствениот пат до ЕУ е исполнување на договорите


Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес. Шолц нагласи дека сите знаат колку […]

Левица: Владата сака да се отараси од ЕСМ, сметката ќе ја платат граѓаните


  „Планот на Владата да се отараси од ЕСМ со тоа што ќе го препушти на милост и немилост на приватните банки е уште еден доказ дека власта предводена од ДПМНЕ воопшто не се грижи за јавниот интерес“, порачаа денес со соопштение од Левица. Според оценката, задолжувањето на ЕСМ со приватен финансиски капитал може да […]

Престолот од хит серијата „Игра на тронови“ е продаден на аукција за 1,3 милиони евра


Железниот трон од хит серијата „Игра на тронови“ е продаден на аукција за повеќе од 1,3 милиони евра. Аукцијата траела три дена, а во понудата имало костими, оружје и други предмети од серијата. Аукцијата ја организираше американската аукциска куќа Hertiage Auctions, со седиште во Далас, Тексас. Познатиот Железен трон се користеше за промотивни тури низ […]

Мицкоски во Берлин, писмото за одложени преговори остана дома


Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Покрај балканските лидери на состанокот […]

НАСА денеска лансира вселенско летало до месечината на Јупитер, на која може да има живот (видео)


НАСА е подготвена да лансира вселенско летало до Јупитеровата месечина Европа, која се смета за една од најперспективните места во нашиот сончев систем во потрагата по живот надвор од Земјата, обидувајќи се да открие дали оваа планета поврзана со мраз со огромен подземен океан е погодна за живеење. . Роботичкото вселенско летало на американската вселенска […]

Албанија не сака договор за азиланти со Германија


За спроведување процедури за азил за бегалци во прифатни кампови, Германија „треба да најде друг партнер“, изјави албанскиот премиер Еди Рама за ТВ Ројтерс. Рама, кој учествува на денешната конференција за Западен Балкан во Берлин, нагласува: „Ако Германија најде друг партнер во регионот, би било убаво да се види дали тоа функционира на ист начин“, […]

Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост


Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка. Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави. […]

Како хоросопските знаци реагираат на изневерувањето: Водолиите ангажираат адвокат, Вагите ги интересира мотивот


Изневерувањето ќе има сериозни последици за Ракот ОВЕН Се лутите, викате и тропате наоколу, а партнерот го „частите“ со порција навреди. Не знаете да простите и не сакате да простите, па веднаш помислувате на развод или конечна разделба. Изневерувањето го доживувате како личен пораз, поради што губите секаков интерес за партнерот. БИК Откако ќе дознаете […]

Скопското Кале ќе биде активна туристичка атракција, најавува Љутков


Долгогодишното запуштање на еден од симболите на градот Скопје, Калето, го направи овој објект неатрактивен за посета, освен за оние кои се качуваат за од таму да ја видат панорамата на Скопје. Патеките едвај се гледаат од нараснатите треви, а друга урбана опрема речиси и да нема. Кантите за отпадоци се искршени, како и клупите […]

Колумбо бил сефардски Евреин од Шпанија


Кристофер Колумбо, морепловец од 15 век, бил сефардски Евреин од Шпанија, а неговите останки се наоѓаат во катедралата во Севиља, објавија шпанските научници. Потеклото на истражувачот кој им го отвори патот на Европејците да ја освојат Северна и Јужна Америка е непознато со векови. Најчеста теорија е дека тој бил од Џенова, пристанишен град во […]

Утре почнува грејната сезона – училиштата во Карпош ќе останат со ладни радијатори за да заштедат!


Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе спремни, Општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури. Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда. Од ЕСМ информираат дека на барање на […]

Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар


По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, Општина Центар во соработка со „Нула Отпад“ успешно ја спроведе еко акцијата „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“. Целта на акцијата беше подигнување на свеста за важноста на правилното управување со електронскиот отпад и заштита на животната средина, особено меѓу најмладите. Низ сите основни училишта […]

Искачување на Титов Врв само за жени – по повод месецот за борба против ракот на дојката


Планинарскиот клуб Х20 од Скопје заедно со повеќе клубови од државата во сабота 19 октомври ги повикува жените да се приклучат на женска планинарска акција и искачување на Титов врв на Шар Планина, а по повод месецот за борба против ракот на дојката. Ова е втора ваква акција на клубот која е предвидена само за […]